Цртежи од детството

Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.697
Јас сум бил цртоманиак, попрво сум знаел да цртам отколку да завршувам реченица, за секоја неисполнета желба ме корумпираа со парче хартија скинато од џак шеќер и молив.
Ќе се обидувам со време да најдам цртежи, кој знае каде се по таван.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.306
Поени од реакции
3.043
Еееее со цртежи го почнав својот прв бизнис .... цртав глупости и на крај кога ќе го " завршев " цртежот му давав име во зависност од тоа на што личи...и после идев по цел комшилук и ги шиткав...мораа да ми ги купат пошо дете као дете не му го купи и ќе се наљути :)
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Цртав до 5то одд, потоа кога ќе дојдеше време за оценување секогаш истите ги покажував, од 6то до 1ва средно.:pos:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Ова Сунгерот да не те инспирира да ја отвориш темава? :pos:

Иначе секогаш сум цртал катастрофално, ама битно имав цртежи некои ретардирани и професорките ми викаа а добро е битно се трудиш, нема секој талент и така си проаѓав
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Кога бев дете, едвај го дочекував крајот на месецот. Без разлика дали надвор развиваа или паѓаа листовите од дрвјата, дома тогаш се кинеа листовите од календарите. А мене ништо не ме радуваше повеќе од голем чисто бел празен простор за цртање каков што пружеа позадините. Толку сум сакал да цртам што тогаш ја чувстував најмногу таа детска радост.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Јас сум бил цртоманиак, попрво сум знаел да цртам отколку да завршувам реченица, за секоја неисполнета желба ме корумпираа со парче хартија скинато од џак шеќер и молив.
Ќе се обидувам со време да најдам цртежи, кој знае каде се по таван.
Задржа ли бар дел од талентот ? :P:D
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.648
Верувале или не, стварно сум бил добар цртач... како мал се сум знаел добро да прецртам, ќе земев од куќава некој предмет, потежок за цртање, и прилично добро ги цртав. Потоа почнав онака со ликови од цртани филмови, и тоа ми беше лесно. А за свое најголемо дело го сметам мојот личен портрет... штета што го изгубив, а прилично добро бев испаднат :LOL:. Го нацртвав одприлика нешто во ваков стил , а огромна помош имав и од наставникот по ликовно што ми беше во првите школски денови, што ми објасни се детално како да почнам да изработувам портрети... изгледа видел некој потенцијал во мене :icon_mrgr:

Не сум насликал нешто веќе 6-7 години, ама осеќам дека сеуште го имам она уметничкото во себе :pipi:. Чувам во фиоката молив, па би можел повторно да се испробам...
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.697
Задржа ли бар дел од талентот ? :P:D
Талентот не се губи, тоа е како возење велосипед, не можеш да заборавиш, паѓаш од форма малце, но со мало вежбање го враќаш тоа.
Во основно наставникот секогаш отворено зборуваше дека само јас заслужувам петка, и секогаш на некој начин се натпреваруваше со мене со цртање, кога имавме да цртаме портрет и тој секогаш црташе паралелно со нас, после ги споредуваше цртежите. Се разбира тој беше подобар. Убавезно во секој час ме тераше да цртам нешто поинаку од другите, де рацете, де некое движење. Инсистираше да студирам за академијата на уметностите.
Во Средно имав тотална стагнација, хормони, училиштето беше хаос, затоа и цртев се по тетратки. На факс малку ми се врати магијата, и таму професорката ми предложи да се презапишам кај академијата ан уметностите.
Малку и околностите имаа влијание, ајде не цртај не си дете веќе ми викаа, а татко викаше пари нема од цртањето...
Сега останав да се замарам со политика наместо за уметноста....
--- надополнето: 29 јануари 2014 во 17:19 ---
Ова Сунгерот да не те инспирира да ја отвориш темава? :pos:
Да, но повеќе би викал ме охрабри....
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Јас не чувам цртежи од детството, бидејќи јас моите дела ги изработував на ѕидовите по дома, па молерот после тоа ги средуваше. :нинџ: Ама, во секој случај главен потпис на моите дела беа луѓето чие тело го цртав во форма на квадратче. И маж ли беше, жена ли беше, сите имаа шишки. :D
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Дали едно дете ќе биде идниот Пикасо или Дали или Фрида Кало, многу зависи од тоа каков талент ќе развие во првите години....на факултет може да добие насоки, но ако нема изградено талент од мали нозе, факултетот е залуден...Инаку најдобрите и најбарани илустратори денес, имаат детски стил на цртање или childlike lines...
http://thebrightagency.com/artists/view/355

За жал не чувам ништо од моите детски цртежи, а да чував ќе си ги урамев, тоа е најсовршена уметност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom