Мојата професорка по ликовна уметност често знаеше да рече дека јас немам талент за цртање, ама знам да цртам. Во школо имам обесено многу мои дела, ама дома немам ништо на жалост
во основно многу цртав, и тоа поради наставникот, цел време ме фалеше и ме праќаше на натпревари и тоа највеќе за пејсажи, сеа си шкратам по тетратки демек графити, а кога ми е досадно цртам креации или ликови од цртани филмови.
Па и јас си црткам онака аматерски, портрети, мртва природа, пејсажи и што уште не, што ќе ми дојде у глава тоа, најчесто цртам со молив a а некогаш и со сув пастел. Обично портретите што сум ги нацртала им ги подарувам на луѓето што сум ги цртала, а баш ќе нацртам нешто деновиве и ќе постирам да ми дадете коментари и критики и помош примам од поискусни(да знам каде грешам пошто ептен аматер сум).:smir:
У основно сум цртал ка ненормален. Све многу убави цртежи. Сите пофалби. Ама кој почнав средно економско и тоа престанав некако а планирав да се запишам на средно уметничко ама бидна а сеа за цртање сум незнам како да кажем.:salut:
Дечки и девојки добродејдени сте на новиот македонски стрип форум.
Ќе се потрудиме да споделиме некое искуство од областа на стрипот,илустрацијата а богами и анимацијата.Добредојдени сте сите
Поздрав!
Имаше една продавница близу беверли во Капиштец, атеље се викаше мислам, нешто така. Таму даваа курсеви и те учеа на пример да црташ на стакло, на текстил нешто со салфети свашта имаше.. Јас земав на стакло и подоцна сите стеклени предмети што ги имав дома ги нацртав и сеуште си ги сметам како најубави хоум мејд ствари што ги имам дома. Само незнам што се случи со продавницата, најверојатно се преселени но незнам каде? Ако случајно некој знае плс нека пише, сакам пак да му се вратам на моето дамнешно хоби.:back: Тејнкс.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.