- Драга, денеска си направила одлична вечера. Зошто не правиш вакво јадење секој ден?
- Епа драги, тоа е затоа што овие печурки се јадат само еднаш во животот.
Седи дете покрај кејот кај камениот мост и плаче, поминува полицаец и го прашува детето зошто плаче.
- Ми падна бурекот во Вардар, затоа плачам.
Полицаецот за да го расположи му вика:
- Со што беше бурекот, јас ќе ти купам, со месо?
- Не беше со месо!
- Со сирење ли беше?
- Не беше ни со сирење!
- Аааа знам со спанаќ беше а?
- Не беше ни со спанаќ!
- Па со што беше бе!
- Со брат ми!
Учителката ги носи децата од нејзиното одделение во лабораторија за експерименти. Трпе гледа кофа полна со зелена течност на која пишувало "Киселина" и ја пикнал раката внатре, се зачудил и им викнал на другарите:
- Дечки кофава нема крај! Кој го допре дното му давам 100 денари.
Господине, дали вашиот син може да игра фудбал со нас?
- Но син ми нема една рака и нога.
- Баш затоа, господине, ни треба статива
- Не можеш ни да замислиш колку е слатка жена ми! - рече човекојадецот и почна да јаде.