Црквата е мафија или навистина религиозна организација?

Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Цитат:
„Да да да......
Теши се ти така! Ако Бог е посилен зошто тогаш дозволува луѓе кои се на власта да му се поклонуваат на сатаната? Зошто дозволува луѓето кои ги бира народот да се слуги на сатаната? Нели Бог е посилен?„
Коментар:
Да, Бог е посилен. Се согласувам.
А кои се тие луѓе кои народот ги бира а му служат на сатаната? А ако ги има, тоа значи дека какви се луѓето-таква е и власта избрана од тие луѓе.
Ти сам си призна!
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Ти викаш да не гледаме пример во луѓето кои водат војни!
Кој наредува да се водат војни?
Претседателите!
Кој ги бира претседателите?
Народот!

Значи луѓето се мазохисти и сакаат да бидат мачени и тие немаат никаква врска со било кој Бог!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не ќе е баш така. Кога повреќето од луѓето би биле верници, тие би знаеле за каква власт би гласале. На пример: русите се православни и го избраа Путин за претседател, кој и самиот е ВЕРНИК. А што прави Путин сега кога е на власт, во однос на неговиот пијан претходник, повеќе е од очигледно. И обратно, луѓето кои не веруваат, гласаат за неверничка власт која отпосле ги мајтапи истите оние кои за неа гласале.. Просто и едноставно (нели)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Не ќе е баш така. Кога повреќето од луѓето би биле верници, тие би знаеле за каква власт би гласале. На пример: русите се православни и го избраа Путин за претседател, кој и самиот е ВЕРНИК. А што прави Путин сега кога е на власт, во однос на неговиот пијан претходник, повеќе е од очигледно. И обратно, луѓето кои не веруваат, гласаат за неверничка власт која отпосле ги мајтапи истите оние кои за неа гласале.. Просто и едноставно (нели)
Па веќе кога зборуваме за Русија, кажи ми кој го изгласа евреинот Елцин за претседател на православна Русија? Од небо сигурно не падна! И немој да ми кажеш дека Господ ја тестирал верата на русите со тоа што им пратил таков претседател!!!

И првиот пат да, Путин беше изгласан од народот, ама додека уште Елцин беше во болница, и се мислеше дека ќе умре, го назначи Путин за свој заменик, што значи дека народот сам не го избра Путин, туку беше поттикнат!
Повторно Сатанаил има вмешано прсти тука изгледа!!!

И само еден пример ли имаш? Ајде, од 200 држави само еден претседател најде?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Разбира се. Имајќи во предвид колку народи се изјаснуват за православни, а колку од тие народи НАВИСТИНА се православни, тогаш тешко дека ќе има и друг пример. Нормално, би било лудост да очекувам дека еден премиер и претседател од САД или Индија или Индонезија или од било која африканска држава може да биде православен верник.
Лично, се сомневам дека Елцин беше евреин. Неговиот лик е руско-азијатски, немаше ни оддалеку еврејски лик. Но ете, и Елцин, таков-таков беше, направи добар избор, одреудувајќи го Путин па така направи барем нешто добро за својот народ идржава.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Колку се сеќавам на раните 90-ти, Елцин не беше избран, туку тој , на некој начин, САМ се наметна за претседател по завземањето на власта од негова страна, по пучот кој го извршија комунистите.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да, можам да се согласам дека Бог ја „тестира„ Русија , со тоа што токму на тој православен народ му допушти комунизам, ленинизам, сталинизам, граѓанска војна, светкса војна на нејзина територија со 20 милиони убиени руси и што уште не. Очигледно е дека сега, во помирни услови и без државен притисок, рускиот народ и се враќа на својата Црква.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Разбира се. Имајќи во предвид колку народи се изјаснуват за православни, а колку од тие народи НАВИСТИНА се православни, тогаш тешко дека ќе има и друг пример. Нормално, би било лудост да очекувам дека еден премиер и претседател од САД или Индија или Индонезија или од било која африканска држава може да биде православен верник.
Лично, се сомневам дека Елцин беше евреин. Неговиот лик е руско-азијатски, немаше ни оддалеку еврејски лик. Но ете, и Елцин, таков-таков беше, направи добар избор, одреудувајќи го Путин па така направи барем нешто добро за својот народ идржава.
Значи според тебе, само православните се вистински верници, сите други се пагани?! Само православните ќе живеат во рајот, другите ќе горат во пеколот?!

Зошто Бог, на своите чеда, кои свртеле по погрешниот пат, не им го покаже правилниот пат? Нели ги сака?


п.с.
Елцин е евреин! Тоа што не личи на таков, не го прави на неевреин.
И црнците не личат на христијани, ама пак има црнци попови!
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Колку се сеќавам на раните 90-ти, Елцин не беше избран, туку тој , на некој начин, САМ се наметна за претседател по завземањето на власта од негова страна, по пучот кој го извршија комунистите.

Тој дојде на чело на Русија после промените на Горбачов, на првите “демократски“ избори во Русија, на кој обичните луѓе првпат имаа можност да гласаат.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Да, можам да се согласам дека Бог ја „тестира„ Русија , со тоа што токму на тој православен народ му допушти комунизам, ленинизам, сталинизам, граѓанска војна, светкса војна на нејзина територија со 20 милиони убиени руси и што уште не. Очигледно е дека сега, во помирни услови и без државен притисок, рускиот народ и се враќа на својата Црква.
Зошто Бог, на своите најдоследни следбеници (Русите) им приредил такви злосторства, а на паганите (еве Англчаните на пример) не? Зошто Бог е толку суров со своите чеда?

Мое мислење: не постои никаков Бог!

п.с.
Жртвите само од сталинизмот се 30 милиони, а заедно со ленинизмот (кој исто така бил евреин) достигнувааат некаде до 60 милиони! А колку само деца не се родиле поради -измиве, тоа е друга работа!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Добро де, ај, Елцин бил евреин, иако со тоа не се согласувам, што би рекол Волтер.
НИКАДЕ не е запишано дека само православните ќе живеат во Рајот само затоа што се православни. Православието не е гаранција за влез во Рајот, туку да се биде православен верник значи да се биде член во Црквата Христова и да се практикува православниот пат во живеењето а не идолопоклоничкиот.
Да, Бог ги сака СИТЕ луѓе (независно од нивната „географија„) па затоа и Го испари Својот Единороден Син, пред 2 000 години. Синот Божји ги повика евреите на покајание и псасение, а преку Апостолите ги повика СИТЕ тогашни народи да Му се обратат токму Нему а не на идолите. Во денешно време, Црквата, која е тело Христово (а Он е нејзина глава) ги повикува луѓето да бидат нејзин дел, да бидат нејзини членови, зашто само со членување во Црквата, голема е веројатноста да се заработи свое место во Рајот. Затоа и велеиме дека „надвор од Врквата можеме да имаме се, освен спасение„.
За тоа што ќе се случи со народите кои никогаш нема да слушнат за Синот Божји, веќе имам пишувано по темите од форумов.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Во денешно време, Црквата, која е тело Христово (а Он е нејзина глава) ги повикува луѓето да бидат нејзин дел, да бидат нејзини членови, зашто само со членување во Црквата, голема е веројатноста да се заработи свое место во Рајот. Затоа и велеиме дека „надвор од Врквата можеме да имаме се, освен спасение„.
Сигурен си?!?

Ако Исус е глава на некоја организација која или е мафија, или е во тесни врски со мафијата, тогаш каков е рајот!?

Ако ти си во право, ако постои Бог, и задгробен живот, и Исус е глава на црквата (каква што јас ја познавам), тогаш НЕ благодарам, поубаво ќе си горам во ПЕКОЛОТ, отколку да дружам оправдани УБИЈЦИ во РАЈОТ!
 
Член од
1 февруари 2008
Мислења
12
Поени од реакции
1
epa vaka... ne sum mnogu zainteresirana so temata religija, ama sepak smetam deka treba da go ostavam svoeto mislenje i da go iskoristam svoeto pravo na glas...vaka: smetam deka dokolku veruvas vo Gospod,toj bi trebalo da bide sekade okolu tebe, toj bi trebalo da bide vozduhot sto go disete,vodata sto ja piete,prirodata sto ja gledate...za da se osekjate blisku do Boga,ne bi trebalo da imate edno mesto na koe ke se osekjate blisku do nego... a za popovite,se soglasuvam so onie koi se protiv niv... bidejkitie bi trebalo da ziveat kako prenositeli na glasot na bog, ili nesto slicno,togas zosto zemaat pari za toa?! zarem mislite deka Bog svoite soveti ili pak za ispolnuvanje na vasite molitvi saka pari?! hah ne bi trebalo, togas zosto plakjame za svekjite,za prosvetluvanje,za krstevanje,pa duri i za pogreb...sramota!!! Isus ne go pravel toa,taka?... neznam,iskreno sum protiv popovite,dodeka za crkvata sum vozdrzana:toe:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Бог не е суров, туку ги „казнува„ оние кои ги САКА. Затоа, Бог на секој народ, како и на секој поединец, му ДОПУШТА поголемо или помало зло, за да може Он да ја „провери„ верноста на оние кои Него го исповедаат за свој Бог. Од друга страна пак, кога колоективот.народот или поеднинецот ќе ги „стрефи„ бељата, тогаш и на народот и на поединецот му станува јасно колку е НЕСПОСОБЕН да се бори со злото па поради тоа зло, поеднинецот се обраќа до Севишниот за помош. Тоа е логиката. Христос вели: „во немоќта (неспособноста човекова) се гледа Славата Божја„.
Нема теорија дека на паганите ама БАШ ништо не им се случува. Еве ти примери кои се случија пред некоја година:
- цунамито во Индонезија,
- масовните поплави во Хаити (каде водтата носеше тела од удавени луѓе, и каде, патем кажано, „цвета „ Вуду сатанската религијата,
- поплавата во Њу Орлеанс, каде „цветаат„ сатанистичките секти и оргии,
- тајфуни, урагани и невидени снегови во САД, кај народ кој онака „лагодно„ фрла бомби по цел свет,
Ти текнува?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Цитат:
„Ако ти си во право, ако постои Бог, и задгробен живот, и Исус е глава на црквата (каква што јас ја познавам), тогаш НЕ благодарам, поубаво ќе си горам во ПЕКОЛОТ, отколку да дружам оправдани УБИЈЦИ во РАЈОТ!„
Коментар:
Самите се осудуваме! Христос на Судот ќе ги бара од нас само добрите дела.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom