Црквата е мафија или навистина религиозна организација?

Член од
18 февруари 2009
Мислења
56
Поени од реакции
2
После толку години од креирањето на филмот кодот на да винчи , кој е базиран на книга- го гледав скоро пред некое време и можам да кажам е доста интересен.

Вистината е дека околу целото христијанство постои голема загатка и многу тајни...
Ако воопшто е вера на сите зошто во Ватикан постои цела библиотека на документи од почетокот на самото христијанство и тоа е информација скриена само за одреден круг на луѓе??

Како што видов и прочитав погоре вистина е дека Самиот Господ и Исус како негов пратеник на земјата,не барале да се слави божјата слава во некакви храмови и цркви.
Самото градење на цркви е од поинаква конотација.
Светиот грал-Саинт грал (на француски во превод на старо француски-англиски = кралска крв)
Во историјата на христијанството е напишано дека марија магдалена е мајка на исус а не негова жена,па доколку се заклучи дека за да постои света кралска крв мора да постои негово потомство што не би било можно доколку немал жена.
Сепак ако се заклучи дека и самите римјани го славеле односот помеѓу мажот и жената тоа за новата религија би било неприфатливо,и затоа со цел да се зачува единството за верување во еден бог (маж) ,тој однос е можно да бил прикриен од самата црква.

По смрта на Исус ,марија магдалена пребегнала и се криела во ``странство`` ...??

Според некои извори наследниците на Исус се првите од кралската лоза на Француската империја од почетокот на 5ти век до самиот почеток на крстоносните војни.

Единствено не ми е јасно зошто самата црква на почетокот на крстоносните војни најмногу ги подржувала темпларите и членовите на витешкиот ред,за подоцна нешто по завршувањето на крстоносните војни,тие истите да бидам прогонувани и прогласувани за еретици и ерес од самата црква.

Што била причината за тоа?? Дали темпларите криеле некоја древна тајна ??
Богаството сигурно не била причина бидејќи и онака тие имале многу пари и земја во светото кралство Ерусалим и биле многу почитувани.

Според мене ,самата религија била воведена за да се воведе ред меѓу народот и да постои идеал кон нешто свето.
Самото тоа овозможило контрола на поголемиот дел од народот да биде во рацете на некои луѓе.

Истото тоа е и кај исламот,по самото тоа се повикувале многу исламски владетели за време на крстоносните војни,како и подоцна во османлискиот период.
И на ден денешен во 21 век, постојат терористи кој според христијаните убиваат невини и се закана за нивното општество,но спротивно на тоа кај самите муслимани некои луѓе го користат тоа со цел да го наведат народот на света војна.
Тоа наликува на модерна крстоносна војна.
Во филмот небесно кралство последната порака е... Ерусалим бил почеток за војна,причина за војна како и последица...Се уште 1000 години подоцна се уште е причина за немир и борба помеѓу христијанството и исламот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom