Црвен кармин користев одамна, и тоа темно црвен,
боја на зрела вишна.
1. На која девојка/жена и одговара црвен кармин?
На секоја.
И на црни, и на бринети и на руси и на црвенокоси.
Како ќе изгледа девојка/жена со црвен кармин, зависи од самиот лик. И
Илинка Митрева и
Скарлет Јохансон користат црвен кармин, па може да видите дека драматично се разликува на која како и стои и каков ефект се постигнува.
2. Во шминкањето има правило: се нагласуваат или очите или устата. Никогаш двете. Значи ако ставате црвен кармин, сенките за очи треба да бидат многу светли, може да се користи бело моливче, црн туш, црна маскара, црн креон за очи. Никако не смеат очите да бидат без ништо, но не смее ни да се стави светкава зелена сенка, сина маскара, лила креон за да ен изгледате како кловн.
3. Како се става црвен кармин?
Прво се става течна пудра на усните. Ама малку. МНООГУ МАЛКУ! Најдобро е со четкичка да црпнете од капачето на течната пудра. Малку е засушена, ама таква треба.
Доколку сакате мат боја, може со црвено моливче да ја уоквирите и да ја нацрвите устата. Ќе ви трае цела вечер, а и нема да оставате траги на чашите.
Ако не сакате мат, уоквирете ја устата со моливче и ставете кармин. Земете салфетка и бакнете ја. После ставете уште еден слој.
4. Кому му се допаѓа црвен кармин?
Обично, само на оној што го става.
За машките, црвениот кармин е привлечен само ако го има некоја девојка/ жена на насловна страна. Во живо, ги одбива.
За жените, црвенито кармин виден на друга личност од женски пол, особено, ако и стои убаво, е курвински.