- Член од
- 1 март 2010
- Мислења
- 7.888
- Поени од реакции
- 14.441
"Човек го запознава светот, го запознава јазикот за опис на светот, но не се запознава себеси. Повеќето луѓе - речиси сите, како што сметам - до смртта нема да го научат јазикот на којшто би можеле да се опишат себеси.
Кога за некого велам дека е кукавица, тоа значи оти сметам дека тој се однесува кукавички - тоа не значи ништо повеќе, бидејќи секако нема да му ѕирнам во длабочината на душата и нема да дознаам дали е кукавица. Сепак, тој јазик не можам да го употребам да се опишам самиот себеси: во опсегот на моето искуство јас останувам единствената личност за која нејзините зборови, чинови и отстапки, претставуваат едвај блед и всушност случаен одраз на она што се крие под нив, што ја претставува нивната причина и извор. Постоењето на овој извор непосредно го доживувам во времето кога за дел од моите постапки воопшто не сум свесен, а сите ги восприемам на нецелосен, искривен начин. Самите секогаш последни дознаваме каков идиот во друштвото сме направиле од себеси. Подобро ја знаеме намерата на нашите чинови, отколку овие чинови. Знаеме кој сакаме да бидеме - не знаеме кој сме.
Јазикот за опис на нашите постапки постои, бидејќи таа реалност ја искусуваат мноштво луѓе и можат меѓу себеда продискутираат за нечија демонстративна љубезност или нечија faux pas. Јазик за опис на мене самиот не постои, бидејќи таа реалност не ја доживува никој друг освен јас.
Тоа би бил јазик за употреба на една особа, неискажлив, незапислив. Секој мора самиот да го создаде. Повеќето луѓе - речиси сите, убеден сум - до смртта на тоа не се одлучуваат. Единствено во себеси си ги повторуваат туѓите описи на сопствената личност, искажани на овој деривиран јазик - на јазикот од втор вид - или си замислуваат што на тој јазик за себеси би кажале, доколку би им било овозможено одвнатре да се видат себеси.
За било што за себе да кажат, мораат самите за себе да се сторат туѓинци."
-Јацек Дукај, Мраз