Цитати

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.651
Поени од реакции
7.300
Успехот понекогаш е резултат од цела серија на неуспеси. - Ван Гог
 
P

Patience

Гостин
Јас не знам да страдам, никогаш не страдам доволно. Она што е најболно во страдањето, оти тоа е едно сениште, човек губи време трчајќи по него, секогаш мисли дека ќе го стаса и ќе се нурне во него и добро ќе отстрада, стегајќи ги забите, но во моментот кога ќе западне во него, тоа бега, човек наоѓа уште само остатоци од зборови и безброј луди мисли што врволат како мравки. Ми вреви во главата, не престанува да ми вреви, би дал не знам што да можам да го заглушам тоа.

Жан-Пол Сартр - Зрела возраст
 
P

Patience

Гостин
Се чувствував смирен, но тоа беше апатичен и инертен мир: едно несигурно зло предизвикува немир бидејќи во суштина се надеваме до последниот миг дека не е вистина; но пак едно сигурно зло се меша некое време со бедниот спокој. Се чувствував мирен, но знаев дека набрзо нема да бидам повеќе: првата фаза, онаа на сомнежот, беше завршена, барем така ми се чинеше, брзо ќе почнеше онаа на болката, пресвртот и каењето. Го знаев сето ова, но знаев дури и дека меѓу овие две фази имаше период на смртен спокој, сосема сличен на лажната и задушлива смиреност која му претходи на вториот и полош момент на една бура.

Алберто Моравија - Презир

*Топла препорака за книгава инаку, одлична е.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.627
Поени од реакции
31.829
15 април: Денеска се сретнавме лице в лице на улицата Графтон. Топлината не' понесе еден кон друг. Двајцата застанавме. Ме праша зошто повеќе не ја посетувам, слушнала секакви приказни за мене. Тоа беше само за да добие во време. Ме праша дали пишувам песни. За кого, ја прашав.
Ова уште повеќе ја збуни и ми стана жал што бев груб. Веднаш го затворив тој вентил и го отворив духовно-херојскиот апарат за разладување, изумен и патентиран од Данте Алигиери. Зборував како навиен за себе и за своите планови. За несреќа, среде говорот мавнав ненадејно со раката како револуционер. Сигурно изгледав како да фрлам грст грашок нагоре во воздухот. Луѓето почнаа да не' погледнуваат. Во следниот миг таа ми ја протресе раката и на заминување ми рече дека се надева дека ќе го остварам тоа што го планирав.
Јас тоа би го нарекол пријателско однесување, а вие?
Да денеска ми се допадна. Малку или многу? Не знам. Ми се допадна и тоа е ново чувство за мене. Тогаш во тој случај, се' друго, се' што мислев дека мислам и се' што чувствував дека чувствувам, се' пред ова, всушност....Ах доста стари мој! Поарно преспиј!

Џејмс Џојс, Портрет на уметникот во младоста.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.118
Поени од реакции
16.257
Radoje Domanović - Predlog za srpski Ustav

Čl. 1

Niko ništa ne radi.

Čl. 2

Svaki punoletan Srbin ima početnu platu od 5.000 dinara.

Čl. 3

Posle pet godina svaki Srbin (u kojoj kući nema Srbina može i Srpkinja) ima prava na punu penziju.

Čl. 4

Penzija ima periodske povišice od 1.000 dinara godišnje.

Čl. 5

Mora se doneti odluka Narodne skupštine (a tu će se po izuzetku, iz patriotskih pobuda, sa Skupštinom složiti i sam Senat), i to će se smatrati kao naročita tačka ustava, prema kojoj: voće, korisno bilje uopšte, pšenica i svi drugi usevi moraju uspevati basnoslovno dobro, i to dva puta preko godine, a ako se ukaže deficit u budžetu državnom, onda i tri, pa razume se, po potrebi i više puta, kako to već finansijski odbor za shodno nađe.

Čl. 6

Stoka, svaka moguća, bez razlike pola i uzrasta, napreduje, takođe, po zakonskom naređenju, to jest po odobrenju oba doma, veoma dobro, i množi se vrlo brzo.

Čl. 7

Stoka ne može ni u kom slučaju primati platu iz državne kase, izuzimajući vanredne državne potrebe.

Čl. 8

Kazni se svaki onaj koji misli o državnim poslovima.

Čl. 9

Ni o čemu se, naposletku, ne sme misliti bez naročitog dopuštanja policijskog, jer mišljenje narušava sreću.

Čl. 10

Na prvom mestu, policija ne sme apsolutno ništa misliti.

Čl. 11

Ko bi se hteo, tek vica radi, baviti trgovinom, mora zaraditi vrlo mnogo: na dinar hiljadu.

Čl. 12

Ženske haljine, ogrlice, naravno i žiponi, kao i druge potrebe, seju se i uspevaju vrlo brzo pod svakom klimom i na svakom zemljištu, svakog meseca, u raznim bojama i po najnovijoj francuskoj modi. Šeširi, rukavice i ostale sitnije stvari mogu se s uspehom gajiti i u saksijama (odnosno sve se po zakonskom naređenju samo gaji).

Čl. 13

Deca se ne rađaju. Ako ih odnekud bude, da se odgajaju i vaspitavaju naročitim mašinama. Ako otadžbini treba što više građana, podići će se fabrika dece.

Čl. 14

Porez ne plaća niko.

Čl. 15

Plaćanje dugova i poreza strogo je kažnjivo a to vredi za svakog, sem ako se utvrdi da je taj prestup učinila umno obolela individua.

Čl. 16

Ukidaju se sve nepotrebne stvari, kao što su: tašte, svekrve, glavna kontrola i sporedna, leteći državni i privatni dugovi, cvekle, pasulj, grčki i latinski jezik, truli krastavci, padeži svi mogući, s predlogom i bez predloga, žandarmi, svinjsko pitanje, pamet zajedno s logikom.

Čl. 17

Ko ujedini Srpstvo da se smesta, u znak narodnog priznanja i ljubavi, uhapsi!
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
„Fiction is a solution, the best solution, to the problem of existential solitude."

Jonathan Franzen, The Corrections
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.954
...Сѐ во киното беше направено од овој мрак и еден сноп светлина. Со него доаѓаше коњаникот без глава, високите Карпести планини, Гранд кањонот, по него коњи и Индијанци креваа прашина, вриштечките племиња на Сијуксите, геометриските римски легии, раштрканите цигански табори кои летаат до небо, со тој сноп се симнуваа Лолобриџида, Лорен, Бардо, Ален Делон и неговиот вековен соперник Белмондо, ииии, колку е грд... Се сетив како кога филмот е досаден - малку тепање, повеќе раскажување - се вртам со грб накај екранот и го набљудувам снопот светлина како се пробива низ прозорчето на дното. Врие од прашинки во хаотичен танц. Но тие не се од обична прашина што ја бришеа од мебелот во секоја куќа. Од таа волшебна прашина биле направени лицата и телата на најубавите мажи и жени, коњите, мечевите, лаковите и стрелите, бакнежите, љубовта, сѐ, сѐ... Ги гледав прашинките и се обидував да погодувам која од нив ќе се претвори во уста, око, коњско копито или градите на Лолобриџида, коишто за момент се појавија на една сцена...
Поминувам со раката низ зракот во собата, ги размрдувам прашинките, ги склопувам прстите, како да се обидувам да ги дофатам, тоа го правев во детството... Се размавтував со рацете, се борев со нив... Од денешна гледна точка таа битка беше изгубена, тие победуваат. Мала утеха е што и јас наскоро ќе бидам кај нив. Прав на правот...

Георги Господинов - „Физика на тагата“​
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
“The Americans, they never understood the way things were in Japan. Not for one moment have they understood. Their ways may be fine for Americans, but in Japan things are different, very different.” Ogata-San sighed again. “Discipline, loyalty, such things held Japan together once. That may sound fanciful, but it’s true. People were bound by a sense of duly. Towards one’s family, towards superiors, towards the country. But now instead there’s all this talk of democracy. You hear it whenever people want to be selfish, whenever they want to forget obligations.”
― Kazuo Ishiguro, A Pale View of Hills
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
„Секогаш зборуваш или пишуваш поради немирот што доаѓа длабоко во тебе. Мирот е совршена смрт, додека немирот е оној што те прави жив, присутен, повредлив, кој те движи напред, и само тој е важен. И пишувањето е тоа, самотерапија. Па кој нормален би седнал и би пишувал доколку совршено се вклопува во светот што го опкружува?“

----

„Не знаеше зошто, но тој се сети на една ситуација кога беа момче и девојка. Тазе. Тогаш често запаѓаше во депресија. Во една таква ситуација, отидоа кај неа дома, во нејзината соба, таа го остави и излезе да донесе нешто за пиење, за да се освежат. Тој си ја зафати вообичаената положба на креветот и насети дека некој се шмугнува покрај подотворената врата. Го слушна и краткиот разговор меѓу двата женски гласа:
- Што му е сега?
- Ништо!
- Оф, пак ли?
- Остави го, не е твоја работа.
Во тој момент, таа комплетно го освои. Засекогаш, а никогаш не ѝ го кажал ова. Можеби таа знаеше. “
„Шрапнел“ - Игор Анѓелков
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
61
Поени од реакции
85
На зајдицсонце градот страда од губење рамнотежа,се наведнува по малку секоја улица.Сенки од смола и стакло врз плоштадите лежат и децата прку нив играат прескакулица.
Мушички во воздухот,воздухот е пегав.
Пожар во оранжериите.Стакларницата гори.
Еден пајтон залу дно бега.
Велосипедистите се само сјајни метеори.
Заоѓа сонцето и градот страда од главоболие.
Прозорците ги фаќа маларична треска.
Збива во оган паркот штотуку полиен.
Лековите в аптека како предуредување блескаат.
"Залез во градот" Влада Урошевиќ за Скопје
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
“Davno sam sve to zakopao u zemlju, bez nadgrobne ploče, bez sanduka, bez sveća, bez posmrtnog govora, bez povorke, zakopao i, ne osvrćući se, otišao daleko, ubeđen da taj zaboravljeni svet više nikad neće oživeti. A sada je, komadić po komadić, neokrnjen ustajao iz dubina sećanja, i paralizovao me u mojoj garaži.”
― Goran Vojnović, Jugoslavija, moja dežela
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
"Потоа, има кавги и лоша крв, и колку повеќе мажот се оддалечува од сопругата, толку повеќе се приближува до алкохолот. Секоја сабота тој се опива. Сега, неговата сопруга мора да се бори за неколкуте пари што може да ги грабне од него во обид да се самоодржи себе и децата. Она што таа може да го добие е само она што останало од неговото патување меѓу фабриката и барот. Кога конечно ќе се врати дома во недела или понеделник навечер - пијан, брутален и без пари - веројатно ќе има сцени што ќе истурат солзи од камен"


"Мојата Борба" - Адолф Хитлер за бракот на работничката класа во првите декади на 20-тиот век
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.650
Поени од реакции
5.562
До кога ќа спијеш Ти сон непробудни,
До кога ќа чекаш, “Времето да дојет”.
Поминаје више Пет стотини години,
Како народ трпит И тебе те чекат.
Власта на Турците, Падната је веќе,
Но наместо неја тројна тиранија. Крвније ни браќа И едни по вера,
Со логи, измена, Турије ни јарем
Сè шчо ни је мило Нам ни го зедоје: Мајки, сестри, деца В питачи пушчије. Наши отци, браќа, Невино згубије
И земјата на три ни ја разделије. Но радост је рана
У наши врагови - Македонец трпит,
Но не заборават.
Љубов за слобода В’ срцето му горит И готов је д’удрит В заветни свој час. Разбуди се Марко, од вековни сон
И повикај в помош Стојна самовила. Качи се на твоја Коња Шарцанога
И в роци си земи Тешка топузина.
Ти поведи народ За единство мило
И душману кажи
Да је Марко жив.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.627
Поени од реакции
31.829
Зошто не постои безусловна среќа, мислеше. Ни се дава во бегли и кревки моменти, а уметноста е еден начин да се овековечат (да се сака да се овековечат) тие мигови на љубов и екстаза; и зошто сите наши надежи се претвораат порано или подоцна во несмасни реалности; зошто сите сме неостварени на некој начин, а ако триумфираме во нешто, не успеваме во друго нешто; зошто фрустрацијата е неизбежна судбина на секој човек што се родил за да умре, и зошто сите сме сами или завршуваме сами еден ден; љубовниците без љубениот, родителот без свoите деца или децата без своите родители, а чистиот револуционер пред тажната материјализација на оние идеали кои со години ги бранел со своето страдање среде сурови мачења, и зошто секој живот е постојано разминување, и зошто ништо од тoа што било не се враќа а нештата и луѓето и децата не се тоа што биле некогаш, а нашата куќа од детството веќе не е таа која што ги криела нашите богатства и тајни, и таткото умира без да ни ги каже можеби најважните зборови, а кога ќе го сфатиме тоа веќе не е меѓу нас и не можеме да ги лекуваме неговите стари таги и старите разминувања: и зошто селото се сменило, а школото каде што сме научиле да читаме веќе ги нема тие сликички што нѐ терале да сонуваме, а циркусите беа заменети со телевизијата и нема улични свирачи, а плоштадот од детството е смешно мал кога повторно ќе го видиме.

Абадон Уништувачот, Ернесто Сабато
 

Kajgana Shop

На врв Bottom