Циркус во Друштвото на писателите на Македонија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.939
Поени од реакции
37.164
...to be continued, веројатно. :D
И би!

Пак хронолошки:
1. На 25.05.2024, на по кој знае кој пат закажаното изборно собрание, за претседател на ДПМ беше избран Живко Гроздановски.

2. Одржана е Конститутивната седница на УО на ДПМ на 04.06.2024, во присуство на:
Претседател на ДПМ: Живко Грозданоски
Потпретседател на ДПМ: Зоран Анчевски
Други членови на УО на ДПМ: Бранко Цветкоски, Виолета Танчева-Златева, Сузана В. Спасовска, Марина Мијаковска. Отсутен е членот на УО - Димитар Пандев.

3. Друштвото почна да работи, се мрдна од мртвата точка во која стоеше подолго време, не знам дали пред или потоа беа доделени дури и наградите на ДПМ за 2023, со големо задоцнување. Но...

4. Без зборови, 12.09.2024:
1734553976897.png
1734554039346.png

4. ...и реакциите:
1734554185298.png
1734554221865.png
1734554254196.png
1734554285018.png
1734554316205.png
1734554345774.png
1734554378183.png
1734554422476.png
1734554459849.png
1734554498024.png
1734554543700.png
1734554591101.png
1734554626001.png

Продолжува подолу!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.939
Поени од реакции
37.164
Морам тука да посочам дека top notch е коментарот на Тихомир Јанчовски, кој морам да го подвлечам за да го доловам она што ќе следи подолу:
1734555128614.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.939
Поени од реакции
37.164
Е сега - денес, 18.12.2024, ДПМ објавува:

1734555366039.png

Честитки до новите членови, некои од нив (барем за мене) познати имиња, но други, искрено, морав да ги гуглам за да дознаам кои се и што имаат напишано (не многу, да бидеме искрени, но ќе се обидам да направам каква-таква анализа на нивното творештво подолу).

Е сега - имам информации дека повторно дел од апликантите за членови на ДПМ се одбиени, без никакво образложение. Не знаеме кои се критериумите на Друштвото, дали се исти како првиот пат и дали навистина Друштвото во кое како членови се појавуваат и имиња кои ако ги напишеш во search bar-от на cobiss.mk за нив се појавуваат само наслови на објавени книги на бугарски јазик (!!!), други кои имаат само едно единствено објавено дело и трети за кои веројатно и од дома не ги знаат дека се писатели, се стреми кон елитизам.

Ете, на форумов имаме и неколкумина писатели, па навистина би сакал да слушнам и нивно мислење за целава ситуација: @џимеј , @Анде Јанков , @Setsuko , @jokoc , @DaedaIus
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
16
Поени од реакции
19
Јас можам да зборувам само од мое име, ама со jokoc сме на иста фреквенција. Пробавме еднаш во септември и не одбија. Од моја страна немаше никаква реакција во јавност, но лично му пишав на Живко дека воопшто не читаат дела и не следат критериуми штом одбиваат така од ракав. Мислев дека е завршена таа приказна со нив, кога почнаа некои членови да ме бараат да пробам пак, дека сум заслужувал и слично. Исто и Живко вели дека не поддржува јавно. Што се случува? Ајде си викам ќе им подадам рака во добра волја ги викам во емисија на поткаст него и Сузана Спасовска член на УО. Живко трет пат ми гостува и секогаш ми го загорчува животот (анализира прашања 1 минута пред емисија, човекот јадеше овесни снегулки во студио на Радио моф забогу). Нејсе, поминува снимање на емисија, кажува дека ќе имаат седмица за гласање нови членови, и вчера ми се јавува на телефон без срам и перде да ми каже дека за еден глас не сум поминал. Ај за тоа што не му беше срам, па си спровнал неколку другарчиња внатре што како што кажува Златко, ниту имаат голема продажба, ниту се позајмуваат во библиотеки како некои од овие што не се примија. И човекот имаше храброст после се да ми замери оти сум ставил смајли на објавата денешна со примени нови членови. Која маленкост треба да си да си играш така со луѓе, проценете си сами. Инаку побратимот е многу паметен, па гласа ЗА, ама преку Сузана која рекла Не, си контролира кој влегува а кој не. Тоа е тоа, за овој пат барем. Јас со нив завршив штом работат на овој начин.
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
13
Поени од реакции
28
Здраво на сите, ќе одговорам во стилот на @Zlatikevichius . Прво, ме одбија за член во октомври по само три работни дена на разгледување на апликацијата. Еве го мојот ФБ статус со скрин шот на мејлот кој го добив:

IMG_20241218_224637.jpg

Продолжуваме со коментарите на некои од луѓето чии коментари ги има и погоре во објавата:
IMG_20241218_224855.jpg IMG_20241218_224936.jpg IMG_20241218_225029.jpg

Продолжуваме со најважниот дел, а тоа е одговорот на а претседателот на ДПМ, кој напиша реферат (ова е скратена верзија) во кој ги дискредитира оние кои ме поддржаа, а образложува за мене во еден мизерен параграф:

IMG_20241218_225102.jpg
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.939
Поени од реакции
37.164
Ова се новите членови на ДПМ:

1. ХАНА КОРНЕТИ (1992, Скопје) е писателка, копирајтер, уредник на контент и пишувач на хибридни (новинарски-контент) содржини. Завршила историја и филозофија паралелно при универзитетот METU во Анкара и магистрирала на културолошки студии при Сабанџи во Истанбул. Tаа е автор на збирката раскази „Млечни заби“ (2021, Или-или), неколку раскази објавени на англиски во странски онлајн списанија и две детски пиеси. Нејзиниот расказ „Исчезнувањето на дамата“ е награден на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ и ја доби наградата на „Конкурсот за драмски текст“, распишан од Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија и Драмски театар – Скопје со драмскиот текст „Патот на Баба Јага“.

Според COBISS има објавено само 2 книги:
*Млечни заби : раскази (Или Или, 2021)
*Илина и шумските тролови, роман за деца (Или Или, 2023)

1734557174913.png

2. МИТКО ГОГОВ - роден 1983-та година во Скопје, Македонија. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter. Најновата форма со која експериментира е просторот на неговиот “статус” на социјалната мрежа facebook. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, USA, Русија, Шпанија, Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија… Актуелен со неговата е-стихозбирка Ледена вода издадена во Србија и во Македонија, во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа Антолог. Младински работник и активист, концептуален уметник со неколку изложби, инсталации, перформанси, сценографии и мултимедијални проекти реализирани во Норвешка, Франција, Италија, Србија, Македонија, Бугарија… Организира културни и арт-настани, соработува со младински, арт, филмски и театарски фестивали. Блогер, секогаш отворен за комуникација.

Негови дела:
*Ледена вода - поезија (Антолог, 2014)
*Скриено писмо - поезија (Антолог, 2019)
*Линијар [бројки] : хаику циклус (Макавеј, 2021)
*Бог на ба(к)терии - поезија (Макавеј, 2024)

1734558370699.png

3. ИСКРА ДОНЕВА е родена на 20 јули 1983 во Скопје, каде завршила основно образование и природно-математичка гимназија. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а на истиот факултет се запишала и на постдипломски студии. Таа е член на поетскиот кружок „Мугри“, како и на клубот „Унеско: Живите јазици - прозорец кон светот“. Искра Донева започнала да пишува и да објавува поезија на седумгодишна возраст. Во 2000 година излегла нејзината прва збирка поезија „Говорот на срцето“. Исто така, таа објавувала поезија и во списанијата: „Огледало“, „Феникс“, „Мравка“, „Спектар“, „Наше писмо“, како и во електронските списанија „Мираж“ (www.mirage.com.mk) и „Литернет“. Во 2006 година ја објавила првата збирка со хаику-поезија „Кој ќе ги згрее птиците“, а во 2009 година излегла и втората збирка со хаику-поезија „Небеска раскрсница“. Нејзини песни се преведени на англиски, полски, бугарски и француски јазик, а таа се занимава и со превод од англиски и француски јазик.

Објавени дела:
*Говорот на срцето - поезија (Примак-ко, 2000)
*Кој ќе ги згрее птиците - поезија (Македонска Реч, 2006)
*Небеска раскрсница = Sky's crossroad - поезија (Магор, 2009)
*Лазарополски хаикуа - хаику поезија (И.Донева, 2013)
*Скакулче игра плочка - поезија (И.Донева, 2013)
*Татко - поезија (И.Донева, 2013)
*Јас, принцеза од бајки - поезија (И.Донева, 2014)
*Калеидоскоп : хаику (И.Донева, 2015)
*Љубовни далги : хаику (И.Донева, 2015)
*Конфликтот на интерпретациите и разбирањето на наративните текстови - магестерски труд (И.Донева, 2016)

1734558560823.png

4. СИМОНА ЈОВАНОСКА е родена во Гостивар, во 1985 година. Таа е мајка на две деца. Во 2010 година, Јованоска го освоила третото место на конкурсот за краток расказ, објавен од интернет-порталот „Окно“ за расказот „Фотографија". Во 2015 година ја објавила првата своја книга, збирката раскази „Ги најдов во длабокото“ во издание на Или-Или. Некои од нејзините раскази се обработувани на ОКК, по наставниот предмет Метафикција. Во меѓувреме пишувала колумни за B2B списанието „InBar". Во 2019 година, со расказот „Последниот кат“ го освоила второто место на конкурсот објавен од весникот „Нова Македонија“. Во 2021 година го објавила романот „Денот на црвот“ кој ја добил наградата „Роман на годината“ за 2021 г. Романот, во 2024 година, доби превод на бугарски и на српски јазик. Во 2022 г. го освојува првото место на конкурсот објавен од весникот „Нова Македонија" со расказот „Кажи му на кучето". Истата година во декември ја промовира нејзината трета книга, а воедно прва книга за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави" во издание на Чудна шума. [2] Три нејзини раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3] Во 2024 година, во издание на Или-Или излезе вториот роман на Јованоска, насловен како „Леска Брезоска“.

Објавени дела:
*Градот Вабу и потрагата на Нави - сликовница (ИД-Концепт консалтинг и дизајн, 2022)
*Ги најдов во длабокото - раскази (Или Или, 2015)
*Денот на црвот - роман (Или-Или, 2021) - Добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021
*Леска Брезоска - роман (Или Или, 2024)

1734559527567.png

5. МИЛЧО МИСОСКИ е роден во Струга 1972 г. Република Северна Македонија Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист микробиолог, примариус, магистер на медицински науки. Автор на неколку поетски збирки: „Чекајќи го ангелот“ (1992), „Чекајќи го ангелот / Waiting for the angel“ (2019) второ издание со превод на англиски јазик, „Записки“ (2013), „Изневерено време“ (2016), „Песочни капки“ (2017), „Стаклени сенки“ (2020), „Ефемиди“ (2022). Негова поезија е застапена во антологиите: “Поетите од Струга” (2001г.) во издание на СВП, “Дај две љубовни” (2015) и “Нема стих нема мир” (2017) Антолог. Објавува поезија во повеќе книжевни списанија („Мостови“, „Одзиви“ и др.) на просторите од поранешна СФРЈ, како и во „Современост“, „Стожер“, „Раст“. Учествува на Меѓународната поетска манифестација “100 Thousand Poets for Change”– Струмица (2018 – 2023). Неговата поезија е преведена на српско – хрватски, бугарски и англиски јазик.

Добитник на повеќе награди за поезија:
‣ Ратковиќеви вечери на поезија Бјело Поље (Црна Гора) 1989 г. награда за збирка поезија од млад автор.
‣ Неговата прва збирка поезија „Чекајќи го ангелот“ 1992 г. е прогласена за најдобра збирка поезија на Конкурсот на Книжевна Младина на Македонија.
‣ Плакета Поетијада – 2019, Белград, Република Србија.
‣ Mili Dueli Online Balkan Poetry Contest 2019 и (2020 – 2022) Jajce, Bosnia and Hercegovina,
‣ Плакета – најдобар автор од Република Северна Македонија и Плакета за интернационален допринос во развој на поезијата како гранка од книжевноста.
‣ Сина повелба МПФ Панонски галеб – 2020 Суботица Република Србија,
‣ Reader choice BOOK AWARDS 2020 Стаклени сенки – 3 Место, Антолог, Скопје
‣ МПФ Литературни искри – 2020 (VII издание) Прва награда и Гран При – 2022 (IX издание).
‣ Книжевна награда – Караманов 2022 г. – Радовиш, Република Северна Македонија.
‣ Охридски поетски бисер 2023 г. – Осма меѓународна поетска манифестација – Прва награда

1734559846113.png
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
13
Поени од реакции
28
Уште една работа, овие пет члена не се примени денес, туку откако е новото претседателство до вчера, со тоа што вчера се примени 3 члена.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.939
Поени од реакции
37.164
Уште една работа, овие пет члена не се примени денес, туку откако е новото претседателство до вчера, со тоа што вчера се примени 3 члена.
Не те разбрав баш - дополнително, освен овие петмина има уште тројца нови членови примени?
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
417
Поени од реакции
2.212
Е сега - денес, 18.12.2024, ДПМ објавува:

Прегледај го приврзокот 438710

Честитки до новите членови, некои од нив (барем за мене) познати имиња, но други, искрено, морав да ги гуглам за да дознаам кои се и што имаат напишано (не многу, да бидеме искрени, но ќе се обидам да направам каква-таква анализа на нивното творештво подолу).

Е сега - имам информации дека повторно дел од апликантите за членови на ДПМ се одбиени, без никакво образложение. Не знаеме кои се критериумите на Друштвото, дали се исти како првиот пат и дали навистина Друштвото во кое како членови се појавуваат и имиња кои ако ги напишеш во search bar-от на cobiss.mk за нив се појавуваат само наслови на објавени книги на бугарски јазик (!!!), други кои имаат само едно единствено објавено дело и трети за кои веројатно и од дома не ги знаат дека се писатели, се стреми кон елитизам.

Ете, на форумов имаме и неколкумина писатели, па навистина би сакал да слушнам и нивно мислење за целава ситуација: @џимеј , @Анде Јанков , @Setsuko , @jokoc , @DaedaIus
Митко Гогов го знам само како поет, мислам и дека само поезија пишува. За квалитетот на неговата поезија не би можел многу да кажам, имам една-две негови книги дома и ми се ок.

Искра Донева пишува главно хаику и во најголем дел е одлична. Ѝ ја знам личната приказна, има многу тежок живот и главно црпи инспирација оттаму, и мислам дека е заслужено примена.

Милчо Мисоски не го знам како автор. Го проверив на интернет, поет, не сум читал ништо од него, гледам добитник на неколку поетски награди.

Хана Корнети ја знам како авторка на раскази и проза за деца, мене ми се допаднаа нејзините раскази, ми се допаѓа стилот, мислам дека пишува многу зрело за својата возраст.

Симона Јовановска е авторка на раскази и романи и добитничка на Роман на годината, мене ми е солидна раскажувачка, со оглед на успехот што го постигна последниве неколку години, веројатно сосем заслужено е примена.

Во суштина, ДПМ не е од најголема важност за еден автор да се пробие на книжевната сцена. Поважно е зад авторот да застане етаблирана издавачка куќа, која може да си дозволи добар и засилен маркетинг, и книгите ќе се продаваат како алва. Плус, ако станува збор за квалитетен автор, успехот е неминовен.
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
13
Поени од реакции
28
Не те разбрав баш - дополнително, освен овие петмина има уште тројца нови членови примени?
Не туку од овие пет члена објавено дека се примени вчера, на седницата во понеделникот се примени тројца, Корнети, Симона и Гогов, а другите двајца се примени на некоја од претходните седници.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.939
Поени од реакции
37.164
Митко Гогов го знам само како поет, мислам и дека само поезија пишува. За квалитетот на неговата поезија не би можел многу да кажам, имам една-две негови книги дома и ми се ок.

Искра Донева пишува главно хаику и во најголем дел е одлична. Ѝ ја знам личната приказна, има многу тежок живот и главно црпи инспирација оттаму, и мислам дека е заслужено примена.

Милчо Мисоски не го знам како автор. Го проверив на интернет, поет, не сум читал ништо од него, гледам добитник на неколку поетски награди.

Хана Корнети ја знам како авторка на раскази и проза за деца, мене ми се допаднаа нејзините раскази, ми се допаѓа стилот, мислам дека пишува многу зрело за својата возраст.

Симона Јовановска е авторка на раскази и романи и добитничка на Роман на годината, мене ми е солидна раскажувачка, со оглед на успехот што го постигна последниве неколку години, веројатно сосем заслужено е примена.

Во суштина, ДПМ не е од најголема важност за еден автор да се пробие на книжевната сцена. Поважно е зад авторот да застане етаблирана издавачка куќа, која може да си дозволи добар и засилен маркетинг, и книгите ќе се продаваат како алва. Плус, ако станува збор за квалитетен автор, успехот е неминовен.
Никој не го негира квалитетот или успесите на петтемина нови членови на ДПМ, иако пишав дека за мене лично двајца од нив не беа познати имиња: Митко Гогов и Милчо Мисоски, но секако тоа не значи дека не заслужиле да бидат дел од ДПМ. Друг е муабетот - зошто во организација во која низ годините е изнапримено и шуто и рогато (да, јас ќе бидам груб и ќе се изразам така) на автори еве како Анде и Јордан тука, а верувам и многумина други им се продаваат приказни дека „за еден глас не поминале“ и дека не заслужиле, дека нивните дела не биле „во духот со времето“ и дека „не забележале јавен успех“, што е во најмала рака смешно? Да не речам, а ќе речам - ноторна глупост и млатење празна слама. Глумење елитизам.

Патем, ете, погоре ги објавив нивните биографии.
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
417
Поени од реакции
2.212
Тоа не можам да го коментирам зашто не сум дел од ДПМ ниту знам како размислуваат таму. Исто така, се вртам во книжевните кругови и знам дека добар дел од нашите автори не ни сакаат да се дел од ДПМ.
 
Член од
3 декември 2018
Мислења
16
Поени од реакции
19
Нас м
Митко Гогов го знам само како поет, мислам и дека само поезија пишува. За квалитетот на неговата поезија не би можел многу да кажам, имам една-две негови книги дома и ми се ок.

Искра Донева пишува главно хаику и во најголем дел е одлична. Ѝ ја знам личната приказна, има многу тежок живот и главно црпи инспирација оттаму, и мислам дека е заслужено примена.

Милчо Мисоски не го знам како автор. Го проверив на интернет, поет, не сум читал ништо од него, гледам добитник на неколку поетски награди.

Хана Корнети ја знам како авторка на раскази и проза за деца, мене ми се допаднаа нејзините раскази, ми се допаѓа стилот, мислам дека пишува многу зрело за својата возраст.

Симона Јовановска е авторка на раскази и романи и добитничка на Роман на годината, мене ми е солидна раскажувачка, со оглед на успехот што го постигна последниве неколку години, веројатно сосем заслужено е примена.

Во суштина, ДПМ не е од најголема важност за еден автор да се пробие на книжевната сцена. Поважно е зад авторот да застане етаблирана издавачка куќа, која може да си дозволи добар и засилен маркетинг, и книгите ќе се продаваат како алва. Плус, ако станува збор за квалитетен автор, успехот е неминовен.
За осуда е потегот на охрабрување да се пријавиш за потоа да ти речат дека не си доволно добар за да бидеш дел од друштвото. Свесно се прави тоа бидејќи работат на принцип на примање на неколку од дузина пријави или колку и да се примаат на седница. Фактички те манипулира за да има бројка на одбиени човек што нема доживеано второ издание во животот, а ти си стигнал до 11 изданија. Нема врска, ова ни е за памет за понатаму со какви луѓе си имаме работа. Немаме ништо против другите членови, имам проблем со нетранспарентно работење и лаги.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.322
Поени од реакции
8.822
На списоков со членови, гледам дека добар дел од попознатите имиња не се присутни, пр. Гоце Смилевски, Венко Андоновски, Димитар Башевски, претпоставувам и други има, овие први на памет ми паднаа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom