Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Па веќе има еден мост, мостот Близнак. Кога патував до Петровец секој ден работно пред едно 5 години и таму хаос, нервози и пцуења беше. Овој веќе три години го прават и ќе стигнат само мостот да го направат за пред избори, а за улица понатаму, може уште 3 ќе им требаат. Сега што е актуелно е што ја рушат Кафана Фирма и ќе ги спојуваат Трета Македонска и Јане Сандански преку Васко Карангелевски.
Близнак исто е крш, многу гужва, затоа со новиот мост се очекува да се растерети, ама пак постојат тесни грла, ама не на таа страна.
Кај Тутински јас не гледам решение, барем не сум слушнал. Кај Рамстор со подземната треба да се растерети, ако е двонасочна?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.691
Поени од реакции
12.083
Во Хром веќе се продаваат по 1000 евра м2 и тоа уште во градба (дупка или до први спрат) со централно парно и лифт, чудо на 21 век за некои населби. Порано до пред 5-6 години беа 750-850 евра па се качија на 920-950 евра па сега пробија плафон. Чудо е, уште неизграден први спрат, веќе сите се продадени.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
Cel zivot ziveam u aerodrom, da treba da ziveam u gege poprvo bi se utepal. Kje gi daam tie 300 evra kvadrat plus.
Не мораш у Геге, само дадов примери дека има станови и за 600 евра квадрат и не ќе да се +300 евра, +600 ќе да се со денешниве цени. Но пошто не си единствен кој што размислува така јас мислам дека до 1500 ќе одат без проблем. Денеска у Софија, Бугарија да речеме, во некои делови станови одат и до нешто над 2000 евра квадрат, така да не се сомневај дека цените ќе растат.

Не знам што значи цел живот пошто потекнувам од фамилија воени лица кои живеат во Аеродром од почеток на 70 ти, кога првите воени згради се изградија. А и јас роден сум во Аеродром, Острово, а по некоја случајност завршив у Геге (како не сум се утепал не знам), кога во Аеродром живееја само воени лица и мајстори и населбата имаше надимак Велика Спаваоница, а последна 5 ка одеше до крај на улица 23 ти октомври (кај што е денес школото Љубен Лапе) и понатака све беше поле. Главна улица беше Руди Чаевац, а денешниот бул. Јане Сандански кога се пробиваше имаше огромни проблеми пошто тоа беше циганско маало и циганите легнуваа пред багери и не дозволуваа градење (oh the irony). :icon_lol: Аеродром беше работничка населба, остатокот од населбата се пополни со провинција, а и денес агресивно се пополнува со идните дромци од Берово, Паланка, Штип, Гевгелија, Валандово итн. Тогаш шошоните неќеа да чујат да купуваат имоти во една елитна населба ко Дром. :icon_lol:

Во однос на утепувањето, се е до лична перспектива. Некој преферира мир, тишина, природа, да не му се издераваат бубуљичави тинејџери у 3 по полноќ, да не му дрифтаат под прозор дур од кола искачаат звуци од најновата трап/турбофолк трака из Београду и нормално да не погинеш од некој што решил дека не му се застанува на црвено со моторот денес, а има многу такви дромци. Не мораш геге/волково, еве и од оваа страна на градот има преубави места како Петровец, Зелениково, Орешани итн.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.881

Ова може да се случува во било која населба.
Инаку еве кај мене во 2 години имаше само еднаш проблем со музика, роденден на комшијата, нормално нешто што може да се случи во било која населба.
Од надвор не се слуша апсолутно ништо, прозорите се со 3 стакла.

Ми изгледа дека повеќе мислењето и за гужвите го темелиш на минатото, а не што се случува во последно 7-8 години.

Близнак исто е крш, многу гужва, затоа со новиот мост се очекува да се растерети, ама пак постојат тесни грла, ама не на таа страна.
Кај Тутински јас не гледам решение, барем не сум слушнал. Кај Рамстор со подземната треба да се растерети, ако е двонасочна?
Кај Тутунски дел ќе се растерети кога ќе ја отворат Есенинова. Сите што се за лево за Кисела Вода ќе кратат од таму.

Инаку за булевар Македонија имаше потреба во прва фаза и да се прави реконструкција кај тутунски, плус размислуваа да се прошири уште една лента. Ако ова го чепнат, таму ќе биде хаос.
А генерално хаос ќе биде ако се чепне било кој дел, особено за тие од Водно, Припор и тн.
Ако го најдам проектот на пц, ќе ставам подоцна слика како е замислено.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Цела година барам стан, и оттаму сметам дека цените не се реални.

На пример - два станови, едниот стар а другиот нов, во истата населба, се продаваат по иста цена.
Зошто - затоа што се во атрактивна населба.
Се компензира со неквалитетот на новите згради. Големиве "конфекционери" веќе ништо не вградуваат од завршните материјали со потекло од Европа. Се' им стига во контејнери (плочки, врати, ламинат, електрика) и стандардите по кои се проектирани се буквално поставени од ванчо и слични опинци од негов калибар, кои во младоста вршеле нужда во ќенеф, а доаѓањето во Скопје им било културолошки шок. Да, зградава во која живеам е стара, влезот не е руиниран, но е амортизиран и пошо живее и сиромаштија во него (ама и мрзливи луѓе), не делува спектакуларно, но станов во кој живеам барем има соби со оптимални, нормални димензии, може да се намести со мебел. Да дојдам во ситуација да го продавам, ова би ми било голем адут за повисока цена. Трошокот за реновирање на истиот подобро да не помислувам пошо глава боли, цените на градежните материјали последниве години се полудени, а работната рака на приучените скопски мајсторчиња е вон здрав разум. Така да, може е нереално е да се исти цените, затоа што после купување стар стан треба уште некои 30% плус да се инвестира во реновирање и мебел за истиот, ама во повеќето ситуации може да се добие поквалитетен простор за живеење отколку нов стан. Е сега, нормално, не секоја "стара" зграда е добра - пример Карпош 1,2 повеќето згради добија ужасни надградби, доградби, со испреплетини инсталации, нови станари, воопшто немаат паркинг и сл.
Лошото е што во истите населби, новите објекти се испопикани по тоа што порано беше зеленило и истите наместо да го подобрат квалитетот на живеењето, тие ги уништија. Типичен пример е Тафталиџе кое јас го памтам пред подржикоњското говно, каде што имаше и празни локации за згради, ама толку се занесе што згради се испогради буквално врз базично зеленило, детски игралишта, така што на места веќе е хорор да се живее таму и не што цените не се реални, туку се смешни, ама како и се' друго на оваа мртва проклета територија - реалност.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
Ова може да се случува во било која населба.
Инаку еве кај мене во 2 години имаше само еднаш проблем со музика, роденден на комшијата, нормално нешто што може да се случи во било која населба.
Од надвор не се слуша апсолутно ништо, прозорите се со 3 стакла.

Ми изгледа дека повеќе мислењето и за гужвите го темелиш на минатото, а не што се случува во последно 7-8 години.

Кај Тутунски дел ќе се растерети кога ќе ја отворат Есенинова. Сите што се за лево за Кисела Вода ќе кратат од таму.

Инаку за булевар Македонија имаше потреба во прва фаза и да се прави реконструкција кај тутунски, плус размислуваа да се прошири уште една лента. Ако ова го чепнат, таму ќе биде хаос.
А генерално хаос ќе биде ако се чепне било кој дел, особено за тие од Водно, Припор и тн.
Ако го најдам проектот на пц, ќе ставам подоцна слика како е замислено.
Не знам кај точно живееш, ама јас живеам во близина на кружен тек и летно време преферирам да спијам со отворени прозори. Ај на стартовите од колите се навикнав, во близина имам и еден летниковец каде буквално секој ден дромските деца се пијанчат и си пејат песнички до раните утрински часови. А дека сум во нова зграда и комшиите ми се све млади дечки и девојки кога ќе си заседнат на тераса ко да не виделе тераса у живот испуштаат неартикулисани звуци до 4 сабајле, еве баш денес ме разбудија. Живеам во зграда на адора, ја не знам Чифлиганец со шуплива цигла ли ги градел, па комшијата над мене сабајле кога прди го слушам, до мене кога имаше кираџии дечково пепел ја праеше девојка му пред одење на работа и јебеш га стаив звучна изолација + 5 сантима на ѕидот. За гужвите во сообраќај и немањето места за паркирање пошто гаража ти е 6000 евра(и пошто никој не му купи ги симна на 3000 евра :) ) веќе зборев. Единствена предност е блискоста, ГТЦ ми е на 20 минути пешки и фактот што станот има добра топлотна изолација 12 сантима и зимно време ми е 30 степена дома, цело време сум по кратки.
 
Повнатре сум во истата населба, нема клупи до зградата и нема никаква галама од луѓе под зграда.
Ѕидовите кон комшиите не се ништо подобри ни кај мене, од кај нив се слуша, само една добра работа е што кон спалната е свртена кујната, а дневната е оддалечена и не прави проблем за спиење дури и да зборуваат во соба.
За паркингот е виновна државата, треба да се стави задолжително со станот, без разлика дали има кола или не секогаш може да му дојде некој на гости. И кај мене има што паркираат на улица.
Топлотната изолација е добра, јас се греам на инвертер преку зима и најголема сметка за струја ми беше околу 3000 денари за 55м2.

@beneamata
со оваа би требало да се намали гужвата кај Тутунски (сите што се за лево).
eseninova.jpg

Инаку заокружениот дел требаше да биде прва фаза на бул. Македонија, да се направи реконструкција и денивелација, плус островчињата и мислам дека беше предвидено и мало проширување. Ако ова го расчепкаат, ќе биде тотален хаос.

бул.мак.jpg

Следни 2 страшни ситуации, за кои се надевам нема да сум во мкд кога ќе се работат се двата кружни (овие мислам беа 3та фаза), со црвено е моменталниот надвозник, ако ова го почнат со рушење: Кисела Вода, Припор, Водно ќе биде тотален хаос.
бул мак кружни 2.jpg

А овој ако некогаш го расчепкаат (не верувам додека не се премести Клинички), лексилиум ќе биде задолжителен за возење :D
бул мак кружен голем.jpg
 
Прегледај го приврзокот 307444

Инаку заокружениот дел требаше да биде прва фаза на бул. Македонија, да се направи реконструкција и денивелација, плус островчињата и мислам дека беше предвидено и мало проширување. Ако ова го расчепкаат, ќе биде тотален хаос.

Прегледај го приврзокот 307445

Следни 2 страшни ситуации, за кои се надевам нема да сум во мкд кога ќе се работат се двата кружни (овие мислам беа 3та фаза), со црвено е моменталниот надвозник, ако ова го почнат со рушење: Кисела Вода, Припор, Водно ќе биде тотален хаос.
Прегледај го приврзокот 307448

А овој ако некогаш го расчепкаат (не верувам додека не се премести Клинички), лексилиум ќе биде задолжителен за возење :D
Прегледај го приврзокот 307449
Screenshot from 2021-09-18 12-30-00.png

Не мислам дека нешто ќе реши. И денес имаш булевар Србија кој води до Борис Трајковски во Кисела Вода. Кога сум имал потреба да одам во Кисела Вода сум одел од таму дека е доста побрзо, а и кај тутунски најчесто се за право/десно, и најголем дел се упатуваат кон клинички (барем посабајлечки)...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Јас живеам со стара зграда на граница меѓу Центар и Кисела Вода. Прљаво е, бучно е, нема парк ни добар паркинг во близина, само локацијата е блиску до се. Разговараме да се селиме. Баш и немаме конкретна идеја каде. Како опции беа Карпош и Аеродром сега дури мислам дека и Илинден е во игра зошто често одиме накај Куманово а и куќа може да е подобро. Најверојатно ќе се оди рента за рента нема купување и продавање сега за сега.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.881
Прегледај го приврзокот 307458

Не мислам дека нешто ќе реши. И денес имаш булевар Србија кој води до Борис Трајковски во Кисела Вода. Кога сум имал потреба да одам во Кисела Вода сум одел од таму дека е доста побрзо, а и кај тутунски најчесто се за право/десно, и најголем дел се упатуваат кон клинички (барем посабајлечки)...
Тие што се на почеток од К.Вода ја избегнуваат оваа рута, подалеку им е. Гледам има доста возила за лево кога застанувам на таа раскрсница.
Инаку додека не се заврши подземната, ќе биде проблем делот кај Рамстор.
Можеби и ќе се растерети Јане Сандански и делот кај железничка со новиот мост на Асном.
Ако ја продолжеа Крушевска Република, и кај Тутунски можеби ќе имаше мало олеснување за тие што треба да фатат накај Мавровка, ама нема како да ги турнат тоа мудбаците во Маџир Маало и ќе потрае.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Јас сум во зградите на Голден Арт во Аеродром и сум задоволна, одлична топлотна изолација, ниски сметки, квалитетни прозорци, комшиите не ги слушам, само не знам дали се тивки или имам добра звучна изолација. Функционирам пешки, така што битно ми е да сум блиску до центар, трговски центри и сл, дури и по цена да живеам во помала квадратура. Исто битно ми е да сум блиску до кеј за рекреација. Распоредот на станот ми е супер, највеќе зошто имам балкон веднаш до кујната, нешто што е ретко да се најде во новиве станови, обично се споени кујна и дневна, и само дневната има прозорец.

Лошата страна е пренаселеноста, што допрва ќе станува и полошо. Кога одев на работа во центар, морав да фаќам автобус под железничка станица, зошто во Аеродром на сите постојки беше преголема гужва.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Еве една интересна исповед:

Здраво Трендо,

Очајно ми треба твоја медиумска помош. Се работи Џевахир Скај Сити и грабеж кој ни се прави на голем дел од станарите кои живееме тука. Се работи за огромните сметки кои ги добиваме 50тина станари за кој - кај мене за 59 квадрати грејна површина - стигаат и до 8500 денари зиме и лето. Ова како што напоменав не е само кај мене кај други соседи стигаат сметки и на 200-300 евра. Освен тие сметки што ги добиваме, ние добиваме и сметки за одржување што во мојот случај значи 2500 денари. Доколку се исклучам утре и инвестирам во економичен систем за греење кој би ми ги намалил сметките 5 пати, има можност куќниот совет да си донесе одлука да си плаќаме ние како исклучени корисници пак некој паушал за кој ќе се прави математика на лице место.

Иако знам дека овој дел не ти е во бранша меѓутоа се обидов кај сите медиуми кој прават статии и истражување и бев изигнориран од истите. Се надевам дека Џевахирци ќе си го оправат нивниот проблем ќе добивам сметки како другите нормални станари од 1.500-2.000 или пак ќе бидат притиснати да ми дадат начин како да се исклучам и да не ме афектираат понатамошните постапки на куќниот совет.
Една од главните причини поради кои го купив станот е освен преубавиот поглед кој го има зградава е и нивниот систем за греење и ладење, како и ветуваната бесплатна топла вода во било кое време.
Малку технички: системот кој е вграден се нарекува ХВАЦ и е хотелски, а воедно и не е калибриран како што треба. Тој функционира, кој прв се пуштил на спрат тој ја подига единицата за цел спрат, а тое е околу 30 киловати. Што помалку луѓе на спрат сме и што помалку го користат, тоа е поголема сметка и за крај за да функционира односно грее и лади нормално треба да се пуштат најмалку 30% од станарите на спратот.
Во кула Б е истиот проблем, меѓутоа поучени од приказната за кула А и кула Б, дечките ставиле комплетно различен систем во кула Ц. Инаку и тука има решение само некој треба да се позамара и тие што плаќаат околу 1.000 денари сметка треба да плаќаат 1.500-1.600 денари на сметка за и ние кои имаме огромни сметки да ни бидат нормални, а тоа е да се вклучат и калибрираат како што треба единиците кои ги исполнуваат тие 30%, а тоа се единиците за свеж воздух како и единиците за греење и ладење на влезот. Зошто напоменав калибрација, поради тоа што кога се пуштија тие единици, сметките горе-доле се израмнија, а летово конечно се оладив како што треба, се подобри квалитетот на работа на системот за 100, поради тоа што го пуштија системот да работи како што треба 30% најмалку цело време работеше. На крај краева проект инжињер го креирал системот, а не фирма за чистење или јас.
Оливер Јордановски
Линк

Искуствено, ќе кажам дека HVAC системот е скапа работа. Кратенката доаѓа од Heating, ventilation air-conditioning, за што во државава не постои саглам инжинер, посебно во делот Ventilation. Греењето и ладењето самите машини го регулираат, но дотурот на свеж воздух е приказна сама за себе и има многу проблеми со постигнување соодветен притисок и доволна количина кислород во кој може пријатно да се престојува.
Секоја чест на луѓево што купиле стан овде. Прво што имаат муда да живеат во високо зградиште во котлина врз огромен расед, изградена од странска фирма на која ова и е прв и единствен проект овде во 10 години и што им било примамливо режиските трошоци вака да им се конципирани.
Разбирам да е поскапо, ама за овие пари има да живеам во место со двор и со поглед.
Сега бог нека им помогне.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.881
Еве една интересна исповед:

Линк

Искуствено, ќе кажам дека HVAC системот е скапа работа. Кратенката доаѓа од Heating, ventilation air-conditioning, за што во државава не постои саглам инжинер, посебно во делот Ventilation. Греењето и ладењето самите машини го регулираат, но дотурот на свеж воздух е приказна сама за себе и има многу проблеми со постигнување соодветен притисок и доволна количина кислород во кој може пријатно да се престојува.
Секоја чест на луѓево што купиле стан овде. Прво што имаат муда да живеат во високо зградиште во котлина врз огромен расед, изградена од странска фирма на која ова и е прв и единствен проект овде во 10 години и што им било примамливо режиските трошоци вака да им се конципирани.
Разбирам да е поскапо, ама за овие пари има да живеам во место со двор и со поглед.
Сега бог нека им помогне.
Прашање на време е до кога ќе функционираат тука, голем дел верувам дека и ќе ги продаваат становите, особено ако не живеат, преголем трошок е одржувањето.
Лани се јавив кај еден што го издаваше под кирија, за стан од 50м2 ми бараше 350 евра кирија + уште ми го даваше како реклама делот дека само за 100 евра ќе сум имал одржување + греење/ладење :pos:
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.546
Поени од реакции
7.251
Еве една интересна исповед:

Линк

Искуствено, ќе кажам дека HVAC системот е скапа работа. Кратенката доаѓа од Heating, ventilation air-conditioning, за што во државава не постои саглам инжинер, посебно во делот Ventilation. Греењето и ладењето самите машини го регулираат, но дотурот на свеж воздух е приказна сама за себе и има многу проблеми со постигнување соодветен притисок и доволна количина кислород во кој може пријатно да се престојува.
Секоја чест на луѓево што купиле стан овде. Прво што имаат муда да живеат во високо зградиште во котлина врз огромен расед, изградена од странска фирма на која ова и е прв и единствен проект овде во 10 години и што им било примамливо режиските трошоци вака да им се конципирани.
Разбирам да е поскапо, ама за овие пари има да живеам во место со двор и со поглед.
Сега бог нека им помогне.
Плус не заборавај 90тите мада и денес сигурно какви се не афери избија во Турција и какви се не згради им се рушија пошто градени фушерај...Во зидови ставале пластични шишиња да пополнат празнини и слични заебанции.

Нејсе, за ХВАЦ си тотално во право. Таков систем инсталиран во огромни згради мора да работи нон стоп и да ги опфаќа сите единици. Не може од 100 станови само 60 да го користат. Затоа и другарот со писмото нема шанси да се откаже пошто системот е интегрален, замислен е да работи за цела зграда а не за одбрани 5 станови.

Никогаш не би купил стан/куќа во заеднички целини како оваа зграда и ред други бидејќи не можеш да ги контролираш трошоците. Имаш фирма која те менаџира и не можеш да смениш греење, ладење итн бидеќи припаѓаш во еден затворен систем. Трошоците се непредвидливи, утре струјата скокне за 50% немаш друга алтернатива, не можеш ќумбе на тераса да ставиш и да топлиш дневна на дрва. Кога ќе дојде време за продавање, кој нормален ќе купи ваков стан каде си обрвзан да ги плаќаш сите тековни трошоци без избор и замена? Или кога ќе дојде време за замена, приморан си како ќе одлучи мнозинството за сите реновирања и слични поправки.

Овие целини се измислени за луѓе кои се добростоечки финансиски кои ич не им е проблем да плаќаат 200-300 евра тековни трошоци и кои немаат време да се ебаваат со куќа, дворови итн. Кои често патуваат, им треба се да е под конец кога ќе дојдат дома. Кои можат куќа пет пати да купат ама немаат време за нејзе.

Има вакви многу интересни проекти во Хрватска со станови и куќи прв ред море кои припаѓаат во заеднички целини. Куќата е твоја ама месечни трошкови за плажа, обебзедување, чистење за blue flag сертификат и што уште не можеш никогаш да се откажеш. И така секоја година трошоците ќе одат нагоре и само нагоре пошто фирмата која е мнозински сопственик ќе има интерес останатите да плаќаат што повеќе. Ти имаш можност наместо да го користиш станот да го изнајмиш директно на фирмата и таа да го рента за време на сезона и ти добиваш само 50% од профитот. Многу луѓе се залетаа фрлија по 300к низ Далмација и сега цврц, плаќаат по 400 евра месечно за градинари, плажи, обезбедување, концесии. И наоѓање купец за таква недвижнина, шо би рекле далматинци, мош се сликат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom