На седницата одржана на 10.09.2012 година,
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, ја донесе
Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата.
Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 %, односно за 1,87 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 27.08.2012 година.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 113,959 $/барел и е за 1,31% пониска од просечната цена на сурова нафта (115,471$/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 48,8499ден/$ и е за1,25 % понизок од курсот на доларот (
49,4677 ден/$) по кој беа формирани цените.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалувањекај бензинот во просек за околу 0,30 % или за 3,275 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,06 % или 10,250 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,69 % или за 4,625 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата,
рафинериските цени на нафтените деривати
се намалуваат во просек за
2,54 % .
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените,
се намалуваат во просек за1,87%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 27.08.2012 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 27.08.2012 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 62,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,099 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 27.08.2012 година. Така цената на М-1 НС изнесува 46,138 ден/кг.
За сметка на трошокот на промет (малопродажна маржа), малопродажните цени на нафтените деривати во однос на највисоките цени (1 ГРУПА НА ЦЕНИ), можат да бидат намалени за: 0,5 ден/лит (2 ГРУПА НА ЦЕНИ), 1,00 ден/лит (3 ГРУПА НА ЦЕНИ) и 1,5 ден/лит (4 ГРУПА НА ЦЕНИ).
Согласно погоре изнесеното, трошоците на промет (малопродажна маржа) за секој нафтен дериват пооделно изнесуваат: 3,200 ден/лит за (1 ГРУПА НА ЦЕНИ); 2,776 ден/лит за ( 2 ГРУПА НА ЦЕНИ); 2,353 ден/лит за ( 3 ГРУПА НА ЦЕНИ); 1,929 ден/лит за ( 4 ГРУПА НА ЦЕНИ), додека вредноста на малопродажната маржа за М-1 и М-2 за сите четири групи има иста вредност и изнесува 0,400 ден/кг.
Ова значи дека претпријатијата што се бават со промет на нафтени деривати, можат да вршат промет на било кој нафтен дериват пооделно по малопродажни цени утврдени во било која од наведените групи на малопродажни цени.
Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со Законот за акцизи. Во малопродажните цени утврдени со оваа Одлука содржани се: надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој Закон и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати.
10.09.2012
Дечкото со пивото да се пријави сам со Скопско 0,33