Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Еј фала конечно , да не беше оваа заради тоа што се дешаваше на парламент вчера ?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.471
Поени од реакции
84.892
Шо се радуете толку зашо поевтинил бензинот?
Голем ташак, за некоја недела па ќе поскапи....
Колку ќе ви смени ова? еден резервоар? 35-40 пута 4,5 денари Толку ви е ќарот.
Додека дојдете до повторно полнење пак ќе поскапи.
Па уште и УЧК се радува.... ко демек да му е битно нешто друго, освен каурот да умре.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Народе Македонски, чуј и почуј: од вторник 00:01 горивото ќе поскапи за 5 денари! Танкирајте додека има време.:)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Народе Македонски, чуј и почуј: од вторник 00:01 горивото ќе поскапи за 5 денари! Танкирајте додека има време.:)

nema sansi......ne se drapaj so nas, daj barem eden parametar....
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 21:59 ---
spored mene.....mozebi malo pokazcuvanje od pola denar do denar, vazno blisku do nula ke bide +/- denar....pokacuvanje/snizuvanje:D
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
nema sansi......ne se drapaj so nas, daj barem eden parametar....
--- надополнето: 18 ноември 2012 во 21:59 ---
spored mene.....mozebi malo pokazcuvanje od pola denar do denar, vazno blisku do nula ke bide +/- denar....pokacuvanje/snizuvanje:D
У право си, не би требало да има драстично поскапување. Сум ги помешал цените на барелот и доларот со минатиот месец.

Извинување!
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Нови, повисоки цени на горивата во Македонија




Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денес реши да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто.



Па, така, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, односно за 1, 00 ден/лит.

Со ова, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Со ова, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 72,50 ден/лит, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,520 ден/кг и ќе изнесува 42,937 ден/кг.

РКЕ истакнува дека просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 108,395 $/барел и е за 0,07 отсто пониска од просечната цена од пред 2 недели.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 48,2287 ден за долар и е за 1,72 отсто повисок од курсот на доларот од пред 2 недели по кој беа формирани претходнтие цени на нафтените деривати.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Датум: 29.11.2012, 18:08
БЕНЗИНСKИТЕ ПУМПИ НА УДАР НА ИНСПЕKЦИЈАТА

Точеле гориво со вода





Бензинските пумпи на големо ги краделе и ги труеле граѓаните во земјава. Не само што им точеле помали количества гориво, наплаќале повеќе, туку им продавале и неквалитетни деривати со големо количество вода и сулфур, неколку пати над дозволените граници. Ова го потврдуваат контролите на Пазарниот инспекторат спроведени во Радовиш, Струмица, Тетово, Гостивар и во Валандово. Според резултатите, бензинските пумпи наплаќале десет литри гориво, а точеле девет или осум, додавале вода во дизел-горивата или продавале 98-октанско гориво кое имало само деведесет и четири октани. Примероците од бензин и дизел-горивата се испитувани во референтна лабораторија во државава, а газдите на пумпите имаат право да побараат супервизија. Неквалитетното гориво треба веднаш да го отстранат од продажба, а небаждарените пумпи се ставаат надвор од употреба. Kазните се енормно високи и се движат од три до пет илјади евра, а освен сопственикот, казна ќе плаќаат и одговорното лице, но и пумпашот кој се нашол на местото, односно кој го точел горивото дента кога се земени мострите за испитување.

- Пазарната инспекција ги засили контролите за исправноста на апаратите кои точат гориво поради сомневање дека се небаждарени подолго време. Се покажа дека најголем дел од нив точат помалку гориво отколку што наплаќаат. Лиценцата за баждарење трае една година и наместо газдите да поднесат барање пред да истече рокот, го чекаат крајниот рок. Бидејќи има многу пумпи, поминува одреден временски период додека да стигнат на ред и тука настанува најголемиот проблем - вели Елизабета Чингаровска, директор на Пазарниот инспекторат.

Доколку се утврди дека местото на точење „краде“ гориво, тогаш тоа веднаш се става надвор од употреба. Паралелно со контролата на пумпите, земани се анализи и за контрола на квалитетот на горивата кои се испитувани во референтна лабораторија во земјава. Тие покажале фрапантни резултати дека во горивата има с` освен гориво.

- Анализите покажаа дека во бензинот има многу помалку октани од таа која е декларирана. На пример, ако се продава гориво од 98 октани во него имало 94 октани, во дизел-горивата имало вода, а количеството сулфур е многу поголеми од дозволеното. Kонтролите ќе продолжат с` додека не се исконтролира и последната пумпа во државата - вели Чингаровска.

При земањето на мострите, ако се утврди дека горивото е неквалитетно, правното лице ја плаќа целата сума на контролата кај акредитираната лабораторија. Според наши извори, најевтината анализа што може да се направи во една ваква лабораторија чини од 100 до 1.000 евра во зависност од тоа што се испитува. Покрај трошоците за анализите, бензинските пумпи ќе платат и казни што се енормно високи и се движат од 3.000 до 5.000 евра за правното лице и затворање на местото за точење кое е небаждарено. Горивото кое е неквалитетно треба веднаш да се отстрани од продажба. Освен правното лице, плаќа и одговорното лице и тоа од 700 до 1.000 евра. Не е поштеден дури и работникот кој точел гориво. За него, според законот е предвидена казна од 300 до 500 евра.

Сопствениците на бензинските пумпи со кои вчера разговаравме неофицијално потврдуваат дека е можно поради ненавремено баждарење да се случува да се точи помало количество гориво, но дека таа се мери во грамови. Според нив, расштелувањето на апаратите се случува и поради временските услови кои влијаат на конзистенцијата на горивата кои на различна температура имаат различна густина. Демантираат дека додаваат вода и за квалитетот ги обвинуваат увозниците и производителите.

Експертите велат дека е алармантен податокот според кој горивата кај нас имаат повисока концентрација на сулфур во горивата од дозволената.

- Најголеми загадувачи на воздухот се домаќинствата и индустријата кои во вкупното загадување учествуваат со 63,2 проценти. Останатото загадување од 36,8 проценти доаѓа од сообраќајот. Најголеми емитувачи на сулфурдиоксид во воздухот се фабриките, а на азотни оксиди и јаглероден моноксид е сообраќајот. Државата треба да најде начин да се справи со овој податок и сите виновници да бидат соодветно казнети, велат експертите.


Па добро бе, на овие цени уште бензискиве требаше да не докрајчат:mad:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Првите пријави стасаа од страна на транспортерите кои се најголеми потрошувачи на нафтени деривати во земјава. Една од тие бензиски е Црна Река, така да идете си на лук оил и немате гајле :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Арно им текна на инспекциите
Не е поштеден дури и работникот кој точел гориво. За него, според законот е предвидена казна од 300 до 500 евра.
работникот не може да му се противи на сопственикот на пумпата
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
ова некои мали пумпи а макпетрол демек поштени се кај нив топ горивото како па да не. Треба да исконтролираат се живо во државава и на 2-3 месеца контроли да им праат
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Маме ебаа со пумпиве баш тие помалите фирми.
Нити баждареа,често си игра со мембраните,водата,ѓубрето ти беа гратис.
Испробана работа полнам во туба нафта 10 литарска туба ми точи , не стига ни до девет ипол литри, па ме убедуваа дека тубата ми била турска и била погрешно обележана. На дизелот маме мамино,рачунај по 600/700 милилитри на секое десето литри помножи по 500 литри колку те краде мајмунот.
На бензините обично крадат 200 до 400 милилитри.
А највеќе крадат на плинот.
До сега сите мислеа дека на лук оил горивата се нај квалитетни и затоа се проаѓа километража, не нивните пумпи се сеуште нови а и ги баждарат.
Кога треба да збориме за поштени пумпи кој не крадат тоа се на макпетрол и на луукоил.
Приватниве маливе се ти е тоа ајдучана.
Првата пумпа кога идеш од велес за скопје од десна страна, таму лом се праи и не би ви препорачал никогаш да не точите ни вода во хладњак не па гориво.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
и макпетрол и лукоил во однос на квалитетот не се како што треба дабидат
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ја редовно сипам на лукоил, до сега е добро, не ми се верува толкава компанија да краде на литража. Истово за макпетрол не би го кажал, бидејќи кога и да ставам од кај нив секогаш поминувам помалку километри... особено во помалите населени места! За останативе ставам ептен пред да ми изгасне и тоа по 100-150 ден колку да ме однесе до лукоил!
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Сопствениците на бензинските пумпи со кои вчера разговаравме неофицијално потврдуваат дека е можно поради ненавремено баждарење да се случува да се точи помало количество гориво, но дека таа се мери во грамови. Според нив, расштелувањето на апаратите се случува и поради временските услови кои влијаат на конзистенцијата на горивата кои на различна температура имаат различна густина. Демантираат дека додаваат вода и за квалитетот ги обвинуваат увозниците и производителите.

Ако е до пумпата тогаш логично би било кога ќе се раштелува мембраната да точи повеќе гориво а не помалку, штрафот со тек на време и од ударите попушта не затега.
Абе мајмуни.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Сопствениците на бензинските пумпи со кои вчера разговаравме неофицијално потврдуваат дека е можно поради ненавремено баждарење да се случува да се точи помало количество гориво, но дека таа се мери во грамови. Според нив, расштелувањето на апаратите се случува и поради временските услови кои влијаат на конзистенцијата на горивата кои на различна температура имаат различна густина. Демантираат дека додаваат вода и за квалитетот ги обвинуваат увозниците и производителите.

Ако е до пумпата тогаш логично би било кога ќе се раштелува мембраната да точи повеќе гориво а не помалку, штрафот со тек на време и од ударите попушта не затега.
Абе мајмуни.
Овие на крај ќе излезе бројчаникот се разлабавил и врти побрзо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom