Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.585
Поени од реакции
22.305
не бре човек....мислиш сакам од мојот плиток џеб да дадам повеке на државава ни наша.....не су толку упатен како еден тип погоре....само ова ме плаши шо доларот скока......само зато пишев 3 денара....нека е и 5.....ама мене и на 85% на нема да ни се осети ногу........мене ми е за економијата....да поефтини превозот малку оти цените отидоа фиууууууууууууууууу
Добро е што спомна тоа што компаниите ги креваат цените поради поскапата нафта. Да, тоа често се дешава ама тука има и опасност за општа инфлација, пошто нели, секој разбира ако една компанија го поскапе производот поради поскапата нафта, но после ако падне нафтата тоа поскапувајне многу ретко се враќа, напротив си останува цената.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Малку офф топик ама сепак поврзано. До кај ќе оди долаот? Дали има тенденција уште за нагоре или надолу
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Малку офф топик ама сепак поврзано. До кај ќе оди долаот? Дали има тенденција уште за нагоре или надолу

тоа е политика на америка......виде дека паѓа нафтата она демек ослабело еврото....а всушност несака да си изгуби од огромнио ќар со нафтата....се е за пари......ваму нафта паѓа а овие демек го зајакнаа доларот......каа ке видеш не по тил по глаа
 
М

Мартин`

Гостин
Ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука за намалување на цената на горивата. Бензините поевтинуваат за 1,50 денар, а дизелот на половина денар. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,42%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 7-ми мај.

-Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,00 ден за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 84,00 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 ден/лит, односно за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 7-ми мај година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 60,50 ден/литар, се вели во соопштението до РКЕ.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Ако добро се сеќавам лани ова време цената на бензинот беше под 72 денари. А цената на сировата нафта на светска берза беше поскапа.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Јас не ја разбирам веселава математика ама не одраа! Ставајте луѓе катализатори да им ја намалиме побарувачката па да видам после од каде пари за проститутки и бикови на плоштад!
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Арно им текна, пред недела дена на балканов поефтинија горивата. Гледаат максимум да исцедат па тогаш да реагираат.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.467
Поени од реакции
250
Ова е кражба дефинитивно, ГЛУЈО да го НЕМА, не е можно ова.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Таа „Методологијата“ врвна тајна е изгледа, го барам документот за да ги доусовршам моите знаења од вишата математиката, ама нема ништо. Штета.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука за намалување на цената на горивата. Бензините поевтинуваат за 1,50 денар, а дизелот на половина денар. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,42%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 7-ми мај.

-Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,00 ден за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 84,00 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 ден/лит, односно за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 7-ми мај година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 60,50 ден/литар, се вели во соопштението до РКЕ.

ova e navreda se sekoj so nad 69 inteligencija :facepalm:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ама стварно овие не се нормални.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
регулаторната е збунета малку со пресметките - многу бргу и идат на секои 2-3 дена........мислеа на поскапување ама видете што испадна :vozbud:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.175
Поени од реакции
18.243
Лани сме трошеле над 620 тони бензин и дизел дневно

29 мај 2012 17:38
Македонците лани точеле и трошеле над 620 тони бензини и дизел-горива просечно дневно на повеќе од 150 бензински пумпи низ целата земја. Од акциза на наточените дизел-горива и бензини во централниот буџет просечно на дневна основа се слевале над 160.000 евра.
Омилено гориво им е еуродизелот, а одвај го забележуваат биодизелот. Од бензините најмногу го трошат безоловниот Б-95. Регистрираните дизел возила полнеле над 3,5 литри, а бензинците помалку од еден литар просечно дневно, покажува анализата на МКД.МК правена врз основа на официјалните податоци за малопродажба на горива на „Макпетрол“, најголема компанија за трговија со деривати, која покрива повеќе од 65 отсто од македонскиот малопродажен пазар на нафтени деривати.
Македонците, во малопродажба, точат и трошат повеќе дизел-гориво иако има двојно помалку возила на дизел-погон. Лани се наточени и потрошени вкупно повеќе од 138.000 тони дизел горива што значи дека просечно дневно се точени 378 тони дизел-гориво. Тоа значи дека просечно на едно возило на дизел-погон дневно биле наточени над 3,5 литри нафта.
Наспроти возачите на дизел, сопствениците на бензинци лани танкирале и потрошиле околу 90.000 тони бензини, што значи дека на дневна основа биле точени околу 246,6 тони од овој дериват. Кога тоа ќе се подели на бројот на регистрираните моторни возила на бензински погон, кои според официјалната евиденција на МВР за 2010 година и нашата тенденција за раст од барем 5 отсто годишно, ги има барем 250.000 излегува дека во просек секој од нив дневно точел и трошел помалку од еден литар бензин.
Од аспект на централниот буџет покорисни биле сопствениците на возила на бензин. Од нив лани во буџетот влегле околу 1,95 милијарди денари односно околу 5,3 милиони денари (86.000 евра) просечно дневно. Наспроти нив дизелџиите просечно дневно ја полнеле државната каса со околу 74.000 евра односно со 4,5 милиони денари. Оваа разлика се јавува поради тоа што акцизата за дизел горивата изнесува 12 денари наспроти таа за бензините, која е 80 отсто повисока и изнесува 22 денари за литар.
Според официјалните податоци на „Макпетрол“, најголем учесник на пазарот на малопродажба со нафтени деривати еуродизелот е најпродаваното гориво на македонскиот пазар. Лани само оваа компанија , во малопродажба, продала 97.547 тони, што е речиси за половина повеќе од најпродаваниот бензин Б-95, од кој пумпашите наточиле 54.150 тони.
Дизелџиите и покрај еколошките кампањи се покажале конзервативни зашто не сакаат новини – лани потрошиле само 4.462 тони биодизел-гориво само 6 отсто од продажбата на еуродизелот. Во споредба со 2010 година продажбата на „еуродизелот“ лани бележи раст од 6 отсто, а продажбата на Б-95 е на речиси исто ниво како и во 2010 година.
МКД.МК
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.467
Поени од реакции
250
Нафтата на светски берзи 84 и 98 долари за барел, а тука оваа влада на чело со глујо, пред очи не крадат, ама тоа е Бранко е крив шо е скап бензино.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom