Ајде друже кажи ја новата цена на бензинот. Денес на берза е 111 долари, а евро-долар 1,29.
Бензинот поевтинува за 3,5 денари, цената на дизелот останува иста
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за
3,50 ден/лит, односно за
3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 23.04.2012 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажните цени наЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени согласно Одлуката од 23.04.2012 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,399 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 23.04.2012 година. Така цената на М-1 НС изнесува 46,703 ден/кг.
Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажнитецени на нафтените деривати во просек за 2,05%, односно за 1,38% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 23.04.2012 година.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 117,212 $/барел и е за 1,53% пониска од просечната цена на сурова нафта (119,030 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 46,7613 ден/$ и е за 0,45 % понизок од курсот на доларот (46,9722ден/$) по кој беа формирани цените.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 6,50 % или за 74,90 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,56% или 5,55 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,49 % или за 10,59 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените дериватисе намалуваат во просек за 2,05 % .
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,38%.