сега ке стопли, па моторите ке ги извадам од гаража и ке возам за 2-3 пати поевтино одколку со кола... со кола само кога сме повеке до двајца... така ке биде, како и секое лето...
инаку, да, цената на плинот беше 7 денари на времето...
вотра работа... што се бре фатиле 50 денари плин, кога го има и за 43... прво и основно нигде не е 50 туку 49. а второ, 6 денари разлиак е добра разлика... затоа што не купуваш-точиш 1 литар туку сите тураме по 10-15 нај малку... јас конкретно трошам по една боца на 3 дена (во просек е ова) или нај прецизно околу 12 боци месечно. 60 литри е една боца, тоа значи дека точам околу 700 литри плин месечно, т.е. по 6 денари разлика тоа ке му дојде околу 2100 денари помалку...
и ваков евтин плин има насекаде низ државава, барем во градовите, по некои приватни бензински станици...
трето, нека не излегуваат и пишуваат сега генијалци дека тој плин не чинел, повеке трошело и слично... јавете се на кај плимонт, они ке ви појаснат како треба да направиш... едноставно, точиш плин од таа бензинска, идеш кај нив да ти ја наштеловаат колата и си возиш со нормална потрошња... тоа генијалциве кои се “стручњаци“ или “мајстори“ или па ептеееен “искусни“ би било време да го научат...
епилог, со 43 денари плин кој е двојно поевтин од бензин сега за сега има есап да се вози (гледано од економската страна)...
а дека е скапотија, е па да, скапотија е... се поскапува и на тоа не гледам крај... храна, комуналии, гориво... се е поскапено... само примањата ни стојат... тука треба да се удри и да се реши проблемот... да се појача стандардот на лугето, а не да се дискутира дека е скапо... ако имаш 1500 евра плата, нема баш да те боли уво и нема да дискутираш дека 2 денари поскапување е нај трагичната работа што ти се десила...