За тие што се жалат за скапите влезници на Авалон. Се знам лично со типот што преговара со музичкиве фаци за настап во Македонија, тој ми објаснуваше некои работи и вака: Како што кажа Quark, Авалон се труди да донесе големи музички имиња, односно ,,големи'' имиња колку што можат ,,голем'' профит да остварат, се надевам сфативте.
Еве класичен пример, Мејден ги донесоа во Србија, а не во Македонија. Зошто? Многу едноставно, како прво нема соодветна сала (што во моментов се реши), второ Мејден бараат голема сума на кеш за да одржат концерт, аналогно на тоа Авалон треба да остварат профит, сепак тоа е нивниот бизнис. Е сега како да остварат профит кога Македонија има 2.000.000 народ, плус стандардот е таков што не дозволува народот да си дозволи повеќе од 1500 денари за концерт.
Е сега удрете математика, помалку заинтересирани за Мејден, ќе треба да зголемат кеш на влезници, еквивалент на енормно мала посетеност, наместо профит, влегуаат во 0
п.с. Друго е да направиш огромен концерт на стадион, бина, озвучување. Друго е DJот да го закачиш во дискотека, тука цената на билетот варира.
п.п.с. Народот слуша турбофолк, за жал. Затоа секогаш ќе биде поголема посетеноста на Аца за поголем кеш отколку за Скази-Мази за помалку. Народот бега на Наташа Беквалац наместо на ЗЗТоп, тоа е тоа.