Целата Вистина за бог

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хвала, хвала...:D
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
1. Негов проблем (а веројатно и твој). Јас не сум ниту адвокат, нит па негов првобранител, а најмалку па негов следбеник.
Демек Лутер не е таткото на протестантите и реформаторите? Демек протестантите потекнуваат од 1 век и имаат континуитет доденес? Тоа ми велиш? И друго, не не е само негов проблем, него проблем на сите оние кои го прифаќаат небиблиското сола фиде.

2. Лутер не е измислувачот на сола фиде. Спасувањето само по вера е конзистентно учење на новиот завет. Прееска само за 5мин истражување на Библијата ти постирав 11 стихови кои јасно и директно потврдуваат дека се спасуваме само прекува верата. Да продолжев со истражувањето уште 10мин сигурно ќе ти постирав уште 10тина стихови. Интересно е што ти не искоментира ништо за стиховите, туку само изусти „чорбаџи срамота е тоа што го правиш“
Ма неее. Не е Лутер. Апостол Јаков го измисли сола фиде. Посебно кога велеше дека човек се оправдува со делата. Или кога го велеше ова 14 Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли верата да го спаси?итн во неговото послание. А тоа што ти реков дека е срамота тоа што го правиш. Тоа е затоа што го игнорираше посланието на Јаков, можеби и ти не го прифаќаш ова послание за валидно? И затоа што не го разгледуваш Новиот Завет како целина. Него ги вадиш цитатите кои ти одговараат тебе и само врз нивна основа си градиш теологии, игнорирајки ги другите. За таквите како тебе има вакво нешто напишано “Ако веруваш само во она што ти се допаѓа кај Евангелието, а го отфрлаш она што не ти се допаѓа, тогаш ти не веруваш во Евангелието, него во самиот себе“.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јаков никаде не споменува мртва вера
„И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва„ (Јаков, 2:17, Библијата)

Апостолот сака(л) да го каже следното: дека се спасуваме преку верата
Амин! Конечно и ти да кажеш нешто паметно, издржано и библиски!
--- надополнето: Aug 10, 2011 9:37 AM ---
А тоа што ти реков дека е срамота тоа што го правиш. Тоа е затоа што го игнорираше посланието на Јаков,
Срамота е да лажеш! Лажеш дека го игнорирав посланието на Јаков. Еве го коментарот што ти го дадов за тоа послание, цитирам:

Чорбаџија напиша:
Во Јаковото послание Јаков зборува за мртвата вера (од која не произлегуваат вера) и живата вера (од која произлегуваат дела). Тој образложува дека мртвата вера не е спасоносна, туку само живата и потенцира дека жива вера е онаа вера од која произлегуваат дела. Значи тој не вели дека ние се спасуваме и со дела, туку потенцира дека верата од која не произлегуваат богоугодни дела е мртва вера т.е. иста како и неверата.
А кој беше твојот коментар за цитатите што јас ги постирав?

Чорбаџија напиша:
„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој. “ (Ефешаните 2:9, Библијата)
„зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“ (Римјаните 3:20, Библијата)
„И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“ (Римјаните 3:28, Библијата)
„Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исус Христос, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек“ (Галатјаните 2:16, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (ев. Јован 3:16, Библијата)
Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.“ (ев. Јован 3:18, Библијата)
Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.“ (ев. Јован 3:36, Библијата)
„Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.“ (ев. Јован 5:24; Библијата)
„Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.“ (ев. Јован 6:47, Библијата)
„Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре - ќе живее. И секој, кој живее и верува во Мене, нема да умре довека. Веруваш ли во ова?“ (ев. Јован 11:25, Библијата)
„од сè од што не можевте да се оправдате преку Мојсеевиот Закон, преку Него се оправдува секој, кој верува. “ (Дела 13:39, Библијата)
Значи тука имаш едно сестрано и конзистентно учење на Новиот Завет, запишано не само во едно послание (каде што Јаков ја дискутира мртвата неспасоносна вера), туку учење запишано во Делата на апостолите, во евангелието по Јован, во посланијата до Римјаните, Галатите, Ефешаните итн.

Ете ако те мрзи да ни ги објасниш сите стихови, објасни го барем (по 3 пат те прашувам) следниов стих:

„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој. “ (Ефешаните 2:9, Библијата)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
„И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва„ (Јаков, 2:17, Библијата)
Полека, полека....Праиш „класична„ протестантска финта, со свесно и намерно спојување неспоени нешта....:D
Св. Ап, Јаков е јасен: верата е мртва не затоа што е мртва, туку може да биде мртва ако не е придружена со дела...:D
--- надополнето: Aug 10, 2011 9:41 AM ---
Амин! Конечно и ти да кажеш нешто паметно, издржано и библиски!
Полека, полека....Праиш „класична„ протестантска финта, со свесно и намерно вадење на стих од контекст....:D
--- надополнето: Aug 10, 2011 9:43 AM ---
Ете ако те мрзи да ни ги објасниш сите стихови, објасни го барем (по 3 пат те прашувам) следниов стих:

„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој. “ (Ефешаните 2:9, Библијата)
Утрово го напишав објаснувањето за наведениов стих...Не мораш да прашуваш по 16-ти пат.
--- надополнето: Aug 10, 2011 9:45 AM ---
Демек протестантите потекнуваат од 1 век и имаат континуитет доденес?
Нееее, протестантите биле спасени во арката од праведниот Ное...:)
Така, тие имаат колективно сеќавање не од 16-от век, туку од пред 5 000 г.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Во Јаковото послание Јаков зборува за мртвата вера (од која не произлегуваат вера) и живата вера (од која произлегуваат дела). Тој образложува дека мртвата вера не е спасоносна, туку само живата и потенцира дека жива вера е онаа вера од која произлегуваат дела. Значи тој не вели дека ние се спасуваме и со дела, туку потенцира дека верата од која не произлегуваат богоугодни дела е мртва вера т.е. иста како и неверата.
Чорбаџи, читни си убаво пак што пишува Јаков. Еве

Ете човекот се оправдува преку дела, а не единствено преку вера.

Јаков вели дека и верата и делата се потребни, а не само верата.

18 Впрочем, некој ќе рече: ти имаш вера, а јас имам дела; покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам верата преку моите дела.
19 Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш! И демоните веруваат и треперат.
20 Сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е бесплодна?
21 Нашиот татко Авраам не беше ли оправдан преку делата кога го принесе својот син Исак на жртвеникот?
22 Гледате дека верата соработуваше со неговите дела, и преку делата верата стана совршена,
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Mene mi lici deka temava stanuva bojno pole megju Protestantskata I Pravoslavnata "crkva":)

Zasega se gleda deka Corbadzija e daleku poubedliv, pokoncizen i poverodostoen vo svoite objasnuvanja.

p.s Ne drzat voda muabetite deka e majstor za manipulacija, vadenje od kontekst i slicno. Ednostavno negovite stavovi se porazumni. Ne moze da bides izmanipuliran ako si dovolno siguren vo sopstvenite kontraargumenti:P
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.259
Поени од реакции
12.266
Mene mi lici deka temava stanuva bojno pole megju Protestantskata I Pravoslavnata "crkva":)

Zasega se gleda deka Corbadzija e daleku poubedliv, pokoncizen i poverodostoen vo svoite objasnuvanja.

p.s Ne drzat voda muabetite deka e majstor za manipulacija, vadenje od kontekst i slicno. Ednostavno negovite stavovi se porazumni. Ne moze da bides izmanipuliran ako si dovolno siguren vo sopstvenite kontraargumenti:P
Ова е Војна на Световите :) Само фалат муслимани... досадно е вака...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Mene mi lici deka temava stanuva bojno pole megju Protestantskata I Pravoslavnata "crkva":)

Zasega se gleda deka Corbadzija e daleku poubedliv, pokoncizen i poverodostoen vo svoite objasnuvanja.

p.s Ne drzat voda muabetite deka e majstor za manipulacija, vadenje od kontekst i slicno. Ednostavno negovite stavovi se porazumni. Ne moze da bides izmanipuliran ako si dovolno siguren vo sopstvenite kontraargumenti:P
Така е Мики, во право си. :icon_lol:

Пошто протестантизмот никако не може да го надмине својот овосветовен рационализам и прагматизам (а не може без Божја помош...), затоа мене лично, уопште не ме чудат заклучоците дека ете, протестантите биле „поубедливи„ од православните. Проблемот е во нешто друго: за световните луѓе, кои не веруваат, а кои живеат на телесно-сетилно и рационално ниво, поприфатливи им се протестантските ставови, затоа што и тие (ставови) се чисто телесни и овосветовни. Или, како што би рекле елинските философи: „Слично се препознава со слично„. Затоа, јасно е зашто протестантизмот Ти е поблизок од православието. Православието пак, не мудрува телесно и рационално, туку православието Богомудрува, а Богомудрува за нештата кои не се за овој и од овој Свет.

Ете зашто православието е неприфатливо за овосвеновтните луѓе...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Така е Мики, во право си. :icon_lol:

Пошто протестантизмот никако не може да го надмине својот овосветовен рационализам и прагматизам (а не може без Божја помош...), затоа мене лично, уопште не ме чудат заклучоците дека ете, протестантите биле „поубедливи„ д православните. Проблемот е во нешто друго: за световние луѓе, кои не веруваат, а кои живеат на телесно-сетилно и рационално ниво, поприфатливи им се протестантките ставови, затоа што и тие (ставови) се чисто телесни и овосветовни. Или, како што би рекле елинските философи: „Слично се препознава со слично„. Затоа, јасно е зашто проетстантизмот Ти е поблизок од праволавието.. Православието пак, не мудрува телесно и рационално, туку православието Богомудрува, а Богомудрува за нешата кои не се за овој и од овој Свет.

Ете зашто правоалавието е неприфатливо за овосвенотните луѓе...
Е ова се вика апослутно нерационален одговор во кој се употребени зборовите Богомудрување, овосветовен рационализам и прагматизам да само на некое квази интелектуално ниво делува како оштроумност:)

Крајно време е да се сфатат неколку основни работи.

Проблемот што ти ми го наметнуваш мене ( и на куп други) дека живееме световно, телесно, рационално и затоа не можеме да осознаеме еден куп работи е само невешт обид да покажеш дека православната црква ј аима вистината. КОја вистина ја има?

Зошто сметаш дека на пример јас не верувам во Бог како битие со огромна интилигенција да може да ги придвижи причинско последичните односи на планетава по сопствена желба? Зашто сметаш дека твојата перцепција на работите е точна, а не мојата и на еден куп други? Затоа што црквата така вели? EPIC FAIL DUDE!!!

ЈАС ЛИЧНО ( а по ставовите и многумина други на форумов) најпрво не веруваат во сликата за христијанскиот бог како што ти ја прикажуваш (односно црквата) и уште помалку веруваат во толкувањата за библијата понудени од црквата!

Со вашите ставови јасно се кажува ако не си со мене и не ги почитуваш тие ставови, тогаш загарантиран ти е пеколот!! Знаеш ли оваа девиза (ако не си со мене тогаш си против мене) што значи и која ја практикува(л)?

Вербата во нешто возвишено, нешто кое е вон нашите граници на разум е секојпат потребна за истрајност во тешки, сизифовски ситуации кои бараат среќа и огромен позитивен сплет на каузални односи, за да завршат онака како што посакува човековата единка.

И разграничете еднаш тука се зборува против ПОСТОЕЊЕТО НА БОГ ОНАКОВ КАКО ШТО ГО ПРИКАЖУВАТЕ ВИЕ ПРЕКУ ПРИФАТЕНИТЕ ТОЛКУВАЊАТА НА ЦРКВАТА. А таквите прикази и толкувања не можат да поминат во ова време.

Понудете нешто различно, вредно за дискусија, за размислување, а не приказна за деца.

Не се затскривајте зад зборот ВЕР(Б)А.

Едно е да ја читаш и прифаќаш библијата и нејзините начела како стил на живот, а друго е да наметнуваш црковно толкување на истата таа книга и да заплашуваш некого со пеколот ако не оди по вашите толкувања.

Библијата е божје слово (барем вие (а и многумина други) велите така) и како такво треба да е достапно за сите и разбирливо за сите. И ФАЛА МУ НА БОГА:rolleyes: ја има достапна насекаде за сите и сите можеме да ја прочитаме и да заклучиме што Бог бара од нас.

Или можеби ти сметаш дека Црквата најдобро го разбрала четивото па одлучила да ги просветли другите кои не го разбираат?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хммм....Обрати се до т.н. „христијански центар„ у Дебар маало, верувам дека „оберучке„ ќе те прифатат....:icon_lol:. А мож и Библија ќе Ти подарат-бесплатно, нормално....:icon_lol:.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Хммм....Обрати се до т.н. „христијански центар„ у Дебар маало, верувам дека „оберучке„ ќе те прифатат....:icon_lol:. А мож и Библија ќе Ти подарат-бесплатно, нормално....:icon_lol:.
Само го потврдуваш погоре напишаното.

Прво ти мене ми се обрати да ми објаснуваш што е протестантизам а што православие, иако воопшто не ме и е битно која е разликата.
Второ добиваш реплика на твојот одговор, и пар прашања.

А ти одговараш употребувајќи иронија и сарказам небаре тоа ќе го направи твојот пост и став исклучително вреден:tapp:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Од мене, имај пријатен ден.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Хммм....Обрати се до т.н. „христијански центар„ у Дебар маало, верувам дека „оберучке„ ќе те прифатат....:icon_lol:.
Понеделникот бев на прославата на свети Пантелемон во Нерези (една од најголемите пијанки и панаѓури во Македонија) и таму попот не можеше да ме прифати ниту со едната рака, затоа што во левата држеше масло со кое што ги „благословуваше“ (читај: мачкаше по челата) луѓето, а со другата им собираше пари (како да велеше: изволи народе благослов за 50 денари, само денес за празникот со попуст од 50 отсто). Еден пријател направи неколку добри фотографии од таа пародија, ама не ми се при рака и сликовито да ви го опишам тоа.

А мож и Библија ќе Ти подарат-бесплатно, нормално....:icon_lol:.
Па нормално дека бесплатно ќе подарат. Зар подарокот се наплаќа? Бесплатно добиле, бесплатно и даваат - за разлика од МПЦ која бесплатно ги добива Библиите (од United Bible Society), а ги продава по 500 денари (некаде 600, некаде 450 - зависно од лакомоста на попот)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom