Целата Вистина за бог

Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
Ду ју римембер дис фејс ??????
 

Selekt3

Волшебник
Член од
3 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
45
И вил би тхе некст Реми Гилард
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто Лутер, изумитљот на сола фиде, мораше да го додава зборот “само“ во Римјаните?
1. Негов проблем (а веројатно и твој). Јас не сум ниту адвокат, нит па негов првобранител, а најмалку па негов следбеник. Ти си „опседнат“ со Лутер, ти истражувај го тоа. Јас ќе се задржам на Библијата.
Патем кога сме веќе кај намерните измени на Библијата, кажи ми зошто МПЦ во секое издание (од 1991 година па се до 2006 година) упорно го преведува зборот „presbuteros“ со свештеник (свештеници), кога јасно се знае дека тој збор на коине грчки значи старешина, а за свештеник си има посебен збор "hiereus" (хиереј или архиереј = првосвештеник)? Зарем не е тоа намерно извртување на преводот со цел да си оправда некои свои црковни и небиблиски догми? (мислам на Јаков 5:14 и 1 Петрово 5:1 итн) Доколку неупатениот читател ги прочита овие стихови ќе си помисли дека Библијата навистина учи дека во новозаветната црква имало свештеници, но во суштина тоа не е така. Класична манипулација со Божјиот збор и тоа од црква која претендира да биде „Христова“.

2. Лутер не е измислувачот на сола фиде. Спасувањето само по вера е конзистентно учење на новиот завет. Прееска само за 5мин истражување на Библијата ти постирав 11 стихови кои јасно и директно потврдуваат дека се спасуваме само прекува верата. Да продолжев со истражувањето уште 10мин сигурно ќе ти постирав уште 10тина стихови. Интересно е што ти не искоментира ништо за стиховите, туку само изусти „чорбаџи срамота е тоа што го правиш“ :) Епа ајде ќе се пресрамам уште еднаш и ќе те замолам да ни го објасниш првиот стих што ти го постирав:

„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој. “ (Ефешаните 2:9, Библијата)

Што сакал тука апостолот да каже? Баш ме интересира што велат вашите „отци“ за овој стих? Како тие го толкуваат?

Зошто ако јасно зборувала Библијата дека се спасуваме само со вера, морало реформаторите да го менуваат зборот Божји?
Не генерализирај непотребно. Лутер не е претставник на сите реформатори. И тие не морале да го менуваат зборот Божји, затоа што, како што видовме пред една страна, Библијата јасно и концизно говори дека се спасуваме само преку вера во Исус.

Вашиот проблем чорбаџи е вадењето на цитати вон контекст, чиниш Библијата е некој речник та да можеш да си ја извадиш која реченица сакаш и да градиш теологија од неа.
Доколку навистина вадам цитати од конктест, тогаш бујрум повели напиши ги моите цитати во контекст и докажи дека нивното значење во контекстот е различно од моето. Еве почни со горниот цитат (Ефешаните 2:9, Библијата)
Значи напиши го во контекст и објасни ни го, пиши го толкувањето на вашите „отци“, па да видиме што таму Бог сакал да ни каже преку апостолот.

А Лутер вели грешете колку сакате, изневерете ја жена ви и 100 пати ако сакате, се едно е - ако верувате во Исус, тогаш сте спасени. Е Лутер кон тоа целел, да си ги оправдува своите недела си измислил цела своја теологија, и уште пострашно навел многумина да поверуваат во него.
Каде тоа го вели Лутер? Доволно беше клеветење, ајде малку аргументирај ги своите тврдења. Каде тоа Лутер вели „грешете колку сакате, изневерете ја жена ви и 100 пати ако сакате, се едно е - ако верувате во Исус, тогаш сте спасени.“ Цитирај ни во кое свое дело, во кое поглавје или страна го вели тоа Лутер? Не мора дословно, но барем приближно на тоа?
Имаш ли ти воопшто нешто прочитано од Лутер или онака од ракав ни збориш за него нешто што си чул од некој православен паметњакович кој што кажувал саркастични шеги за Лутер (во негово отсуство се разбира :) Да беше жив Лутер тешко дека ќе можевте такви шали да зборите во негово име. Ако во нешто бил најдобар во негово време, тоа било во дебатирањето. Католичките свештеници не можеле уста да отворат кога тој ќе им поставел прашање, па затоа единствено можеле да му се спротистават со меч.
 

laceso

Zoomj †
Член од
17 мај 2011
Мислења
422
Поени од реакции
318
Бог како што е сметан од поразумните негови производи(успеале да го надмудрат), доколку би бил човек сам ќе се мразел, но он е бог и тоа е кул за него, али јадрото е корозирано.
направил производ на кој не му ја знае суштината.
 
M

MagisterLudi

Гостин
Тројца се расправаат чија црква е боЉа, а други двајца одстрана бладаат за љубов и енергија. Овие вториве полоши од првите. :tapp:

На ова мислев. играј си кантер и квејк и се ама дота е најбоље mWa pozZ etC.. =)
 
Н

нихилист

Гостин
Не бре дечко, јас кантер "заиграв" во далечната 2001 и тоа беше верзија 1.1 колку што се сеќавам. Ги прераснав тие игрици, па нема потреба за препораки. Само би те замолил да не го тупиш со енергија и вечна љубов, нормално молба е ова, немора да ме послушаш. Поздрав!
 
M

MagisterLudi

Гостин
прерасна во стилот на Стен Марш во последната епизода на саут парк? =) Чил бе батко не мора толку цинизам. Ur ego won't do u no good (=_=)
 
Н

нихилист

Гостин
Што знаеш ти за егоизам дете. Оди прочитај нешто не туку ми белезгај овде за нешто што си прибрал од јутуб, наивни небулози како 'сите сме енергија дрн дрн љубов' припаѓаат во споменарот на некоја тинејџерка а не на јавен форум.
 

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Kolku od vas tuka se "prisutni"? Kolku od vas se svesni?
Wake the fuck up
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кој сауруси бе....

се однесуваше ....на тие од горе....
Ааааааа, сакаш да кажиш дека мислиш на праење муабет со демоните...Е ми, поединци, тоа и денес го прават па не мораат да го чекаат „напредокот„ за да стапат во контакт со паднатите демони.....Кутриот јас, останав прост....:cool:
--- надополнето: Aug 10, 2011 7:07 AM ---
. Спасувањето само по вера е конзистентно учење на новиот завет. Прееска само за 5мин истражување на Библијата ти постирав 11 стихови кои јасно и директно потврдуваат дека се спасуваме само прекува верата. .
Ајде, ајде, си одбираш само сихови, кои се во склад со Твоите предрасуди.
Да видиме дали верата е доволна за спас или требит уше нешто појќе:

„....И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва...„ (Јаков, 2,17).

Овде е повеќе од очигледно дека на верата и требаат и дела и со тоа, Св. Ап. Јаков, Те побива „у појам„ и Ти докажува дека пак си во криво.
--- надополнето: Aug 10, 2011 7:23 AM ---
Во Јаковото послание Јаков зборува за мртвата вера (од која не произлегуваат вера) и живата вера (од која произлегуваат дела). Тој образложува дека мртвата вера не е спасоносна, туку само живата и потенцира дека жива вера е онаа вера од која произлегуваат дела. Значи тој не вели дека ние се спасуваме и со дела, туку потенцира дека верата од која не произлегуваат богоугодни дела е мртва вера т.е. иста како и неверата.
Вакво „толкување„ ни Светите Оци не би напраиле...:D

Св. Ап. Јаков само потврдува дека на верата и требаат и дела, оти ако верата нема и дела, таквата вера е неплодотворна и конечно, неспасоносна. Јаков никаде не споменува мртва вера (верата е мртва само ако не е поткрепена со дела), тоа е саде Твој „додаток„ и „толкување„ на она кое никаде не е запишано...:D
--- надополнето: Aug 10, 2011 8:01 AM ---
„И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази - Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот.“ (ев. Јован 12:47, Библијата)
.
А-ха....Ако Христос вели дека нема да ни суди, логично би било дека Неговиот Страшен Суд нема да се случи, така? :confused:
--- надополнето: Aug 10, 2011 8:06 AM ---
„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој. “ (Ефешаните 2:9, Библијата)

Што сакал тука апостолот да каже? Баш ме интересира што велат вашите „отци“ за овој стих? Како тие го толкуваат?
.
Апостолот сака(л) да го каже следното: дека се спасуваме преку верата, а дека се оправдуваме (од своите недела) преку (добри) дела. Ете што сакал да каже Апостолот, кој намерно посочува дека не треба да се фалиме со делата (што не значи дека не треба да правиме добри дела) туку значи дека треба да правиме добри дела не само од самите себе, по наше наоѓање, туку дека треба да правиме добри дела во слава Божја а не во свое име и во своја слава!

Еве што вели Св. Ап., Јаков:
„...Гледате ли дека човекот се оправдува со дела а не само со вера? ...„ (Јаков, послание, 2.24).

Ето, Св. Ап. Јаков пак Те побива! Очигледно е дека на верата и требаат и придружни дела!
--- надополнето: Aug 10, 2011 8:22 AM ---
Извади ги православските очила и ќе прочиташ нешто друго: Се разбира дека Исус направил повеќе работи отколку што се запишани во евангелијата, но апостолот вели дека ова што е запишано е она што е животоважно, тоа е доволно за да имаш вечен живот. Апостолот не вели дека тие други работи се запишани во некоја друга „света“ книга (ака предание), туку потенцира на доволноста на она што е напишано.
Кон болтуваното: значи дека Христос чинел и дела, кои не се запишани, затоа што не се „животоважни„!??? :confused:

Де бе Чорбаџи, дај кончено, посочи ни ги тие „неживотоважни„ Исусови дела!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom