- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 63
- Поени од реакции
- 19
Вака сеа, јас ќе си прашам се' шо ме интересира, а не знам. Нов сум во одгледување цвеќиња на балкон и многу се заразив.
Од оние нешта кои ги имам, имам билки:
1.Темјан
2.Босилок
3.Чубрика
4.Жалфија
Многу се мали, ги насадив во мн плитко мало тесно садче. Сега веќе растат и имаат стебла кои за недела дена ќе бидат баш височки. Прашањето е: Како и кога да ги преседам? Во многу голема саксија или доволно е секое поединечно да го засадам во, да речеме, канче од кисело млеко (таа големина на сад) ?
Цвеќиња:
1. 1001 цвет (калибрахоа)
2. Грчка сардела
3. Едно шо го викаат „шеќерче“
и едни црвени на кои името не им го знам. На нив, коа ќе процветаат, стојат неколку дена па ќе почнат да се сушат, а во периодот измеѓу секогаш има нови пупки кои процветуваат, па така никогаш немам суво цвеќе, постојано имам нови, големи цветови. Арно ама, „шеќерчето“ ми е заедно во долга саксија со темјанот и тоа црвеното цвеќе чие име не го знам. Почнаа баш да растат. Особено темјанот почна екстра да шири, да излегува надвор од саксијата и мн ми е жал, не знам како да постапам... Дали да копам да го вадам и пресадувам или така само ќе го оштетам? Не ми е јасно...
Уште едно прашање: Прочитав по интернет дека на секое залевање (или секое второ) треба да им ставам на цвеќињата течно ѓубриво. Дали? Никој од продавачиве од кај шо ги купив не ми спомна за нешто такво, па сега не знам како да постапам...
Нешто што ме мачи е и наводнувањето: Едни рекоа многу вода, други многу малку требало да ставам... Слушнав и дека не е добро да ставам вода од чешма. Дали да ја превривам водата пред да ги налевам или да купувам шишиња вода специјално за нив )) ???
Многу прашања, знам, ама, се надевам дека ќе има некој кој ќе сака да ми одговори, оти љубовта за растенијава ми е екстра, многу си ги сакам ))))
П.С. Засадив и рукола. Супер ѝ оди. За некоја недела ќе се јаде =) Исто и нане...
Што друго од салата и зачини може да се чува на балкон кој е претежно изложен на сонце?