Цвеќиња (одгледување, нега, совети...)

M

Moon Child

Гостин
Ne vidov slicna tema, pa ajde da vidime kolku cvekjari ne ima na forumov:X3:. Dali sakate cvekjinja, umeete li da gi odgleduvate i kakvi se vrsti imate?
Jas nemozam da se vozdrzam koga kje vidam ubav cvet, ednostavno moram da go imam, imam dosta za na balkon, no i sobno cvekje.
Najnovo si kupiv pred nekoj den, Spatyfillium, imam Saren Fikus, nekolku begonii na balkon, ciklama i golema Dracena palma. Sledno na meta mi e Filodendron i da go pretvoram stanov vo dzungla :vozbud:
Pa neka ni sluzi temava ovde da se sovetuvame okolu odgleduvanje i nega na cvekjinja.
p.s. Podocna kje prikacam i sliki.
p.p.s Nemozam da instaliram kirilica, zamoluvam moderator da go promeni naslovot.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
5.764
Поени од реакции
16.904
Имаше оваква тема некаде, ама сигурно е закопана затоа што долго време е неактивна.

Се учам да одгледувам растенија по дома. Само за цвеќиња е темава, или и за останатите? Енивеј, имам Орхидеја, алое, едно што не знам како се вика, љубичица, доматите ми цркнаа поради недостиг на светлина, пиперките се сеуште надежни(ова по дома чувам во саксии :icon_lol:)... Од зачини имам рузмарин, магдонос и босилек, а планирам да земам и нане - мента. Кога сме кај овие билки, знае ли некој како да го живнам рузмаринот? Не расте и некако тажен ми е. :D
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.602
Поени од реакции
8.655
Пред 11 години го земав, 350 денари, најдобро потрошени пари за цвеќе т.е. дрвце. Мислам дека името му е дрвото на животот. :icon_mrgr:

Здравје на пролет треба да се пресади, жално е да се гледа вака кога може да биде три пати поголемо. :)

Знае некој каква треба да биде земјата, знам дека се става обична земја и хумусна земја, точно е?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.470
Од цвеќиња дома имам не пипај ме ( за некој месец треба да ги пушти и цветовите.... преубави цветови има), пиперки, т.е. мали лути пиперчиња и босилоче.

Е сега да прашам нешто во врска со босилокот............, дома го имам некои 2 месеци, ама почна да се појавуваат дупчиња по листовите и да се потсушува. Дали толку му е животот на босилокот или некоја бубачка/болест/ неповолни услови го фатила?:)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
5.764
Поени од реакции
16.904
Пред 11 години го земав, 350 денари, најдобро потрошени пари за цвеќе т.е. дрвце. Мислам дека името му е дрвото на животот. :icon_mrgr:

Здравје на пролет треба да се пресади, жално е да се гледа вака кога може да биде три пати поголемо. :)

Знае некој каква треба да биде земјата, знам дека се става обична земја и хумусна земја, точно е?
Не е ова дрво на животот. И пресади го во поголема саксија, гревотка е!
 
D

Devojcence1

Гостин
zaso na majka mi ne i se fakjaat cvekinjata i se isusija :( i bea na terasa gi vnese vnatre vo hodnik gjabe.celo vreme novi kupuva. izgleda ne gi vadi ko so treba i svetliva. ke moze da kazete neso povekje okolu toa. inace stanuva zbor za ruzi.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
zaso na majka mi ne i se fakjaat cvekinjata i se isusija :( i bea na terasa gi vnese vnatre vo hodnik gjabe.celo vreme novi kupuva. izgleda ne gi vadi ko so treba i svetliva. ke moze da kazete neso povekje okolu toa. inace stanuva zbor za ruzi.
Ружи дома не виреат, кажи и на мајка ти да не се мачи... Ружата си бара длабока земја, тоа у саксија е тешко изводливо, башка киселоста на земјата е фактор треба посебна земја за ружи или па у обичен компост да дотуриш талог од кафе... Табиетлии се ружите земете прво нешто полесно за чување!
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.412
Поени од реакции
4.389
Ме интересира дали може бамбус што се чува во вазна да се насади во земја ? и исто така ме интересира дали има некои детали околу земјата начинот на чување итн. ? :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.783
Поени од реакции
7.704
Јас сум за жив грев, никако да ми пркне цвеќе. :place:
Сега едно посадив и да не го урочам, мислам дека ќе потера.

Садев босилек, и тоа си носев семе од дома, како кај моите, ми никна, го пресадив и сите едно по едно стракчиња ми овенаа. :place::place:

Нашиот стан е север-југ, па можеби најголемата грешка што ја правев со цвеќињата е што ги селев од еден прозорец на друг, мислејќи дека така ќе им угодам, да не им биде претопло или претемно...
Една пријателка ми рече дека е најдобро да си земам цвеќиња кои виреат во полусенка, па може на северната страна да си бидат...
 
M

Moon Child

Гостин
Nemoj da gi setas tamu-vamu, sakaat da si sedat na edno isto mesto.
Mene od site cvekjinja ciklamata ne mi uspeva, eve vtor obid za nea i vtor pat mi se susi. A pravam se kako sto treba, non stop e vlazna i i sipam voda isklucivo vo tacnata i ne e na direktno sonce:unsure:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
5.764
Поени од реакции
16.904
Некои tips за орхидеи??
Еднаш месечно мораш да им ставаш течност за растење. Не знам и каков вид на орхидеја имаш, сликај да видиме.[DOUBLEPOST=1416350115][/DOUBLEPOST]@Gregor е експерт за кактуси. Благодарение на неговите совети, Сречко ми преживеа многу пати. :)
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.156


Еве ја орхидејата, не знам каков вид е и не знам ништо за одгледување на орхидеите. Читав на интернет дека сакаат многу светлина па цело време ја преместувам по дома пошто некако почна да ми станува тажничка, ама никако да и го погодам местото. На некои места читав дека сакаат многу вода, на некој дека нејќеле, така да секој совет е повеќе од добредојден.:love:
 
На врв Bottom