H
HITCH
Гостин
ТОШЕ СИТЕ ТЕ САКАМЕ!!!
Ѕвездите од регионот во чест на Тоше
Дваесетина звучни имиња од целиот регион на 5. октомври ќе се обединат во чест на легендарниот македонски пејач. На списокот со учесници се најдоа и Биља Крстиќ, Жељко Самарџиќ, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Гоца Тржан, „Синтезис“...
„Те сакаме сите, Тоше“ е насловен големиот хуманитарен концерт кој во чест на Тоше Проески ќе се одржи на 5. октомври на Градскиот стадион во Скопје. Дваесетина звучни имиња од целиот регион ќе отпеат по една песна од легендарниот македонски пејач, а ќе биде најавен и неговиот албум на англиски јазик.
- Тоше имаше обичај на своите концерти да ја отпоздравува публиката со зборовите „Ве сакам сите“ и поради тоа и насловот на ивентот е одговор на неговата препознатлива порака. Ќе биде пуштен и сингл од неговиот албум на англиски, бидејќи негова желба беше тој проект да се заврши - открива Љиља Петровиќ, менаџерката на Проески, за српски „Блиц“.
Дваесетина звучни имиња од целиот регион на 5. октомври ќе се обединат во чест на легендарниот македонски пејач. Жељко Самарџиќ ќе го изведе големиот хит „Цреша“, Биља Крстиќ ќе нè потсети на антологиската „Јовано, Јованке“, а учеството го потврдија и хрватската ѕвезда Нина Бадриќ со која Проески требаше да сними дует, Тони Цетински, Гоца Тржан, Леонтина Вукомановиќ, „Синтезис“...
Познатиот новинар и музичар Иван Плавшиќ во име на секторот на УНИЦЕФ кој им помага на лицата со инвалидитет, на членовите на семејството Проески ќе им врачи златна статуетка, а публиката ќе ја потсети на баладата „Соба за тага“.
На манифестацијата, сите изведувачи ќе бидат придружувани од симфониски оркестар и од бендот на Тоше, а ќе бидат поставени дури 250 лед екрани кои беа користени на годинашниот „Евросонг“.
Неколку телевизии директно ќе го пренесуваат концертот, а на екраните ќе бидат испишани телефонски броеви за донации во хуманитарни цели.