Што беше извадено од контекст од тоа што на членот му споделив факти? Тој потврди дека религијата се злоупотребувала, јас кажав дека и сега е исто. Ватикан зашто илјадници документи чува и не дава пристап на било кого...
Извадено од контекст напишав - во смисла на жртвувањето, тој мислеше на жртвување на добиток (што го имаш и во стар завет), жртвување на луѓе (кај сатанистите) и слично, барем јас така го сфатив, ако го толкувам погрешно извини што ви се мешам во муабет.
За тоа дека религијата се злоупотребува сега, во минатото и отсекогаш си АПСОЛУТНО ВО ПРАВО, секогаш е злоупотребувана (од сечија страна, како и од црковната секако така и од световната) и за тоа има историски и непобитни факти, не спорам тука воопшто.
Значи на одговорот од Лаик према мене, ти се надоврзуваш, јас сфаќам дека се однесува за мене.
Напротив, го цитирам само тој дел за да потенцирам дека Хепта се сити на вакви „черечења“ на христијанството и откако е на форумот ја користи секоја прилика за тоа.
Ништо не сум сакал со тоа тебе да те спомнам или на тебе да се однесува, препрочитај.
Па и пред црква не иде да ги прашува.
Па и не треба да прашува на вакви празници. Ме сфаќаш? Тоа смета.
Ај попластично, јас тоа го едначам со масакарот кај Смилковско.
Немаше помалку да е масакар ако беше по 1 недела, туку сакаше да се испрати порака и затоа беше баш тогаш.
ОКЕЈ форум е, ама не јади гомна кога јас нешто празнувам, ќе јадеме откако ќе ми помине празникот. Тоа се вика почит и култура.
Башка и си има соодветна тема, не тука каде верници си честитаат празник, остави ги луѓето бар на празник не им брцај во очи.
Затоа и напишав, нека оди такво непочитување и некултура нека изјави на јавно место во џамија за време на Рамазам, тука и онака сите сме многу силни и со две рала мустаќи. Чисто сумњам дека и во живо, сите или барем дел од нас, сме такви.
Па различни одговори има, зашто па баш на религиски "поткован" би му верувал, а не на некој поради кого сега имаме многу подобри услови за живот и кој смета дека технологијата и духовноста треба заедно да се, а не од крајност во крајност.
Сега знаеш како викаш, зошто би одел кај забар кога ме боли заб ќе одам кај автомеханичар.
Не ти велам дека треба да му веруваш, ти велам дека можеш подобро да се информираш пошто тоа „му е работа“, а твое ќе биди непристасно да гледаш од твоја страна и да извлечиш свои заклучоци.
И не, не мора да прашуваш некој кој е поп или монах, еве прашај оџа. Зошто да не?
Тој што е вистински христијанин или муслиман не ги потценува туѓите религии туку ги познава и спознава скоро во целост. Крај краева вистинското толкување на одредена религија не ти влева сила да клеветиш и омаловажуваш спротивна религија само за да привлечиш некој кон својата (не ти лично, генерализирам), затоа уверен сум дека тоа не го практикуваат вистинските духовни водачи. Ние „обичните“ смртници на кои не ни е тоа „работа“ може да дискутираме со страсти, тие не треба и не го прават тоа во принцип.
Пример, тргни ги на страна
СИТЕ политички ставови во дискусиите и пристрасноста *(бидејќи сепак потекнуваме од Балканот) и слушни ги муфтијата Муамер Зурколич и отец Предраг Попович што зборуваат за животот, како тој да се живее и која е ултимативната цел, за останатите религии, за односот кон другите луѓе и за вистинските вредности во животот па потоа кажи ми дека дури и од такви религиски „потковани“ не може да научиш нешто - напротив, ќе научиш МНОГУ нешто.
ЕДИТ:
Заборавив битна ствар, во дискусиите со некој кој се нарекува „слободоумен“ или е во потрага по „вистината“ (не мислам на тебе), најчесто сретнуваш вакви дилеми - од
типот на барање емпириски докази во световноста / религијата и поставување на догми во емпиријата / науката.
Не оди тоа така другар, затоа и постои секуларна власт (црквата и државата се одделени и не е едно исто), така е и со науката не можеме да поистоветуваме бидејќи нема да дојдеме до ништо и само ќе се вртиме во круг.