Христос Воскресе!

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.052
Поени од реакции
9.416
Уште еден обид за чисто материјалистичко толкување.

Учењето од Црквата вели дека човековата душа се наоѓа и во мозокот и во срцето човекови, па оттаму доаѓа површниот заклучок дека мозочните келии произведуваат одлуки, што е само делумно точно, но само на материјално ниво‘, оти е неспорно дека меѓу душата и телото постои взаемно влијание, но не до мерка во која био-хемиско-молекуларните процесци, на било кое молекуларно, атомско или податомско ниво‘ би влијаеле на слободноволноста.

Пред повеќе години наидов на една претпоставка дека принципот на статистичка веројатност, кој е својствен за податомските честички, поточно за електроните, можел да влијае и на мозочните активности а последично, и на човековото однесување, што е само уште еден обид за еволуцонистичко-материјалистичко „докажување„ за непостоењето на душата, на слободната волја и во крајна инстанца, на Бога Творецот.
Зошто нешто мора да се наоѓа некаде?
Проблемот со застарените толкувања на објаснување на животот е што не земаат у предвид што се случува на елементарно материјално ниво, отприлика 10 на -33 метри, planck scale. Физиката која се бави со оваа работа е квантна механика, па таму една работа може да биде на две места одеднаш, има принцип на нелокалност, суперпозиција и т.н.
Единствено место каде нешто надвор од универзумов, ако веќе сакаме да биде надвор од истиот и да го наречеме така, имат интеракција со истиот е кога се случува колапс на бранот. Еве ти еден линк каде Stuart Hameroff ја објаснува проблематикава, и кај се случува тоа...во микротубулите. Сега за сега ова е најблиску ми се чини до наоѓање на тој линк и објаснување на потеклото на свеста.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.966
Поени од реакции
5.700
Зошто нешто мора да се наоѓа некаде?
...
Единствено место каде нешто надвор од универзумов, ако веќе сакаме да биде надвор од истиот и да го наречеме така, имат интеракција со истиот е кога се случува колапс на бранот...
Нештото се наоѓа секаде, зависно кој пат ќе го фатиш, ќе го пронајдеш на различно место. Кога стоиш на животна раскрсница, и се двоумиш кој пат да го фатиш, ти всушност тргаш во двете насоки паралелно...
Надвор од универзумов, постојат безгранично многу универзуми, со безгранично многу паралелни светови во нив. Ние сме дел од сите тие светови и ако умееме, можеме да комуницираме и интерагираме самите со себе...
Брановите не колабрираат, тие само ја менуваат својата фреквенција и амплитуда, за со брзина на светлоста, да се појават во некој од тие паралелни светови...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.027
Зошто нешто мора да се наоѓа некаде?
Затоа што створените нешта имаат своја просторна и временска ограниченост и лоцираност, за разлика од Бог, Кој Е нестворен и неограничен во сите Негови атрибути.
Автоматски споено мислење:

Проблемот со застарените толкувања на објаснување на животот е што не земаат у предвид што се случува на елементарно материјално ниво, отприлика 10 на -33 метри, planck scale. Физиката која се бави со оваа работа е квантна механика, па таму една работа може да биде на две места одеднаш, има принцип на нелокалност, суперпозиција и т.н.
Потполно е небитно што се случува на молекуларно, атомско и податомско ниво‘, така да со доволно бујна фантазија, една честичка може да има „спин 2„, може и „спин 1/2„ а може да биде и на пет места иствовремено.

Објаснувањата за животот можат да бидат застарени само ако се гледаат од научен поглед и во нивната нетрајност, за разлика од учењето кое Бог ни го остави и кое е неминливо и неменливо.
Автоматски споено мислење:

Единствено место каде нешто надвор од универзумов, ако веќе сакаме да биде надвор од истиот и да го наречеме така, имат интеракција со истиот е кога се случува колапс на бранот. Еве ти еден линк каде Stuart Hameroff ја објаснува проблематикава, и кај се случува тоа...во микротубулите. Сега за сега ова е најблиску ми се чини до наоѓање на тој линк и објаснување на потеклото на свеста.
Свеста е световен термин кој во катихизисот е познат како дух/душа со нејзините атрибути: (раз)ум, чувства и слободна волја.

Нема потреба да го бараме потеклото од свеста исклучиво во материјалниов свет, затоа што животот го дава Животодателот, односно Светиот Дух и Он не Е од овој Свет.
 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.052
Поени од реакции
9.416
Надвор од универзумов, постојат безгранично многу универзуми, со безгранично многу паралелни светови во нив.
Универзум по дефиниција треба да биде се што постои и надвор од рамките на универзумот нема ништо. Филозофски гледано, па и по тумачење на квантната механика https://en.wikipedia.org/wiki/Many-worlds_interpretation може да постојат паралелни универзуми. Арно ама станува збор за ист универзум.
Автоматски споено мислење:

Затоа што створените нешта имаат своја просторна и временска ограниченост и лоцираност, за разлика од Бог, Кој Е нестворен и неограничен во сите Негови атрибути.
Автоматски споено мислење:

Потполно е небитно што се случува на молекуларно, атомско и податомско ниво‘, така да со доволно бујна фантазија, една честичка може да има „спин 2„, може и „спин 1/2„ а може да биде и на пет места иствовремено.

Објаснувањата за животот можат да бидат застарени само ако се гледаат од научен поглед и во нивната нетрајност, за разлика од учењето кое Бог ни го остави и кое е неминливо и неменливо.
Автоматски споено мислење:

Свеста е световен термин кој во катихизисот е познат како дух/душа со нејзините атрибути: (раз)ум, чувства и слободна волја.

Нема потреба да го бараме потеклото од свеста исклучиво во материјалниов свет, затоа што животот го дава Животодателот, односно Светиот Дух и Он не Е од овој Свет.
Ако си створен тогаш функционираш по одредени алгоритми кои ти ги одредил креаторот па од таму немаш слободна волја.
Иначе свеста е единственото нешто за кое сигурно знаеме, тоа е нашата есенција а се испоставува дека сите оние кои навлегле длабоко во својата суштина таму го нашле Бог.
1681799916288.png
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.027
Ама велат дека принципот на економичност познат како „Окамовиот брич„, не допушта постоење на катаљон универзуми, оти дур‘ тогаш би било мноооогу забавно...

Најлесно е да се шпекулира со постоење на катањони универзуми и катаљони димензии, оти тогаш можностите за фантазирање и релативизирање на све и свашта, стануваат неограничени...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.659
Поени од реакции
42.217

треба ДМТ да земаш ако сакаш да ги откључиш другите димензии. Тоа само Џо Роган и други мистици го имаат направено на Непал.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.027
Ако си створен тогаш функционираш по одредени алгоритми кои ти ги одредил креаторот па од таму немаш слободна волја.
Само ако си створен како механички скоп, само тогаш немаш слобода волја и фунционираш само онака како што си испрограмиран.

На Креаторот не Му се потребни механички уреди, туку Он креира битија на кои „фабрички„ им вградува и слободна волја, за да можат творбите да осознаат дека имаат свој Творец и дека нивното битисување на Земјава има своја смисла и своја цел.

Надвор од таа логика, имаш само безмислена и ќорава еволуција.
Автоматски споено мислење:

Иначе свеста е единственото нешто за кое сигурно знаеме, тоа е нашата есенција а се испоставува дека сите оние кои навлегле длабоко во својата суштина таму го нашле Бог.
Прегледај го приврзокот 375878
Оние кои навистина навлегле во својата суштина, наишле на две нешта:

1. Својата суетност, на која (сакаат да) и‘ служат.
2 Својата огревовеност, од која сакаат да се ослободат.
Автоматски споено мислење:

треба ДМТ да земаш ако сакаш да ги откључиш другите димензии. Тоа само Џо Роган и други мистици го имаат направено на Непал.
Се согласувам; користењето „брашно„ навистина отклучува други светови, особено оној демонскиот...
 
  • Вау
Reactions: wot

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.052
Поени од реакции
9.416
Само ако си створен како механички скоп, само тогаш немаш слобода волја и фунционираш само онака како што си испрограмиран.

На Креаторот не Му се потребни механички уреди, туку Он креира битија на кои „фабрички„ им вградува и слободна волја, за да можат творбите да осознаат дека имаат свој Творец и дека нивното битисување на Земјава има своја смисла и своја цел.

Надвор од таа логика, имаш само безмислена и ќорава еволуција.
Автоматски споено мислење:

Оние кои нависитна навлегле во својата суштина, наишле на две нешта:

1. Својата суетност, на која (сакаат да) и‘ служат.
2 Својата огревовеност, од која сакаат да се ослободат.
Автоматски споено мислење:

Се согласувам; користењето „брашно„ навистина отклучува други светови, особено оној демонскиот...
Не можеш да вметнеш слободна волја у automaton, нема логика таа работа. А све што е физички манифестирано е потчинето на логиката и математичките закони. Пробај аналогија направи со некој што прави видео игрици, постави го на позиција на семоќен и пробај размисли кои ограничувања би ги имале креациите у играта.
Автоматски споено мислење:

Се согласувам; користењето „брашно„ навистина отклучува други светови, особено оној демонскиот...
Има ли друг свет освен оној божјиот?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.027
Не можеш да вметнеш слободна волја у automaton, нема логика таа работа. А све што е физички манифестирано е потчинето на логиката и математичките закони. Пробај аналогија направи со некој што прави видео игрици, постави го на позиција на семоќен и пробај размисли кои ограничувања би ги имале креациите у играта.
Се‘ што е створено, подлежи на исполнување на волјата Божја, па истото важи и за живата и за неживата материја. На неживата материја, Бог и‘ одредил да биде во постојано повторливо движење и да биде подлога од која ќе се пројават живите битија, а на живите битија им дал заповеди, според кои тие (живите битија) треба да го поминат својот живот на Земјава.

Т.н. математички закони се само човеков обид да „пробие„ во начинот на кој Творецот создал се‘ што е видливо и невидливо.

Бог Креаторот Е неограничен и Он своите (неограничени) атрибути не ги пренесува на створените нешта, кои имаат свои физички и мерливи ограничувања, кои никогаш не се неогарничени, туку се измерливи.

Програмерот, кој уште во почетокот на пишувањето на играта, знае дека ресурсите од компјутерот на кој ја сложува играта има физички ограничувања па затоа и самата игра не е неограничена...
Автоматски споено мислење:

Има ли друг свет освен оној божјиот?
Да, има:
- Небесата, односно „просторот„ во кој се наоѓаат Бог, Ангелите, Мајката Божја и Светиите,
- материјалниов Свет (Вселената),
- пеколот, во кој вечно умираат неправедните.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom