А Лу кога сме кај дехидратите, Брит пример кај лабрадорот се нема нешто посебно покажано, плус тоа е индивидуално. Потоа, за мене лично најдобар е Про планот, како и Н&Д, што е на база на месо и овошје и зеленчук, мислам велат ако не знаеш што е добро види што е поскапо. Инаку кога имаш возрасно куче, нема потреба од некоја толку јака храна, туку храна што само ќе биде приспобена со енергетската вредност според активноста на песот. Затоа и економи храна како ОК мене ми врши работа.
Да, серазбира дека е индивидуално како ќе влијае одреден дехидрат на некое куче, бидејќи колку и да влијае одлично одреден дехидрат на некое куче, тоа незначи дека и на другото куче дека ќе влијае исто така одлично тој дехидрат ... се е индивидуално.
Иначе кога зборам за Brit, зборам исклучиво за трите најквалитетни линии, односно подредени според квалитет Brit CarniLove, Brit Care и Brit Premium.
Brit CarniLove е Grain Free линија (без житарици, на база на месо, овошје и зеленчик) со ист состав како што е Natural & Delicious - Grain Free линијата од Farmina.
Значи според квалитетот на составот и состојките употребувани во составот, тврдам дека Grain Free линијата CarniLove од Brit и Grain Free линијата Natural & Delicious од Farmina се двата најквалитетни дехидрати што можат моментално да се купат во Македонија, овие 2 дехидрати се нешто најблиску до квалитетот на Orijen, Taste Of The Wild, и слични врвни дехидрати, кои што за жал ги нема во Македонија.
Иначе знам дека обично на возрасните кучиња не им даваат толку јаки дехидрати, но сепак јас никогаш не би можела да и давам слаб дехидрат на Астра, едноставно совеста не ми дозволува да и давам некој дехидрат со просечен квалитет од Економи класата ... еве ја пред 2 - 3 недели наполни 2 години, и досега апсолутно никогаш не сум и дала ниту едно зрнце од просечните и подпросечние дехидрати.
Со оглед на тоа дека и најврвните Суперпремиум дехидрати неможат да се споредат со балансираноста и квалитетот на свежите состојки од домашните оброци, па тек што да кажеме за Економи класата на дехидрати ... затоа од тој аспект, никогаш не би и давала такви послаби дехидрати на Астричка.
А Brit Care беше единствениот дехидрат од сите можни испробани најквалитетни дехидрати што можат да се најдат во Македонија, што ми даде одлични резултати, цврст измет, сјајна длака, одлична кондиција и сл.

па можда затоа и толку многу го фаворизирам по форуми и јавно, и го препорачувам по луѓето, а за воља на вистината, досега сите луѓе што по моја препорака почнале да користат Brit Care, сите се презадоволни и сите добија одлични резултати, буквално никој досега ми се нема пожалено ... тоа е ваљда поради составот на Brit Care бидејќи во неговиот состав нема житарици, главната база е месо, ориз, и состојки од животинско потекло.