Во право е Винд кога кажа дека OK Dog е најслаба храна од сите линии што ги произведува компанијата Nova Foods Italy.
Ги имам споредено составите и од сите линии OK Dog е со најслаб состав ... но како што веќе и самата кажа, секоја храна не делува исто на секое куче, и штом на тебе ти се погодила и имаш солидни резултати, терај си со неа
И еве одличен пример и надоврзување на мојот претходен пост во темава, во врска со (не)квалитетот на Педигре и неговата висока цена во однос на катастрофалниот состав што го има ... и постоењето на други дехидрати со солиден состав во споредба со Педигре, како што е на пример OK Dog кој што е поквалитетен од Педигре, а сепак има пониска цена (нормално затоа што не е толку многу маркетиншки изрекламирани како што е Педигре).
Инаку @SaltNPepa бидејќи ја користиш OK Dog од Nova Foods Italy, да те прашам нешто.
OK Dog се продава во бели вреќи, пред некој ден бев во Фауна и гледам сеуште ги продаваат белите вреќи ... а на сајтот на Nova Foods Italy вреќите се во црна боја и под OK Dog пишува Passion.
Дали си видела некаде да се продаваат новите црни вреќи, и дали составот е ист, само направиле промена на амбалажата, или пак и составот е променет ... бидејќи како што се сеќавам на белите вреќи не пишуваше Passion, а на црниве пишува.