Храна за кучиња

L

Lu

Гостин
Еве една нова посебна тема за исхраната на кучињата.
Во темава ќе се води дискусија единствено за храната и исхраната на кучињата, со што ги храните, по колку пати на ден ги храните и сл.

Еве како за почеток ќе напишам неколку корисни совети во врска со храната и исхраната за кучињата:

- Малите кученца кои што се до 3 месечна возраст, имаат по 4 - 5 оброци во денот.
- Kученцата од 3 до 6 месечна возраст, имаат по 3 - 4 оброци во денот.
- Кученцата од 6 до 9 месечна возраст, имаат по 2 - 3 оброци во денот.
- Кучињата над 9 месечна возраст, имаат по 2 оброци на ден.

- Возрасните кучиња може да се хранат и по еднаш на ден, но препорачливо е да се хранат по 2 пати на ден, бидејќи доколку се хранат по еднаш на ден, кај кучињата со поосетлив организам може дојде до изгладнување и лачење на киселини од желудникот кои што можат да предизвикаат повраќање.
Затоа препорачливо е дневната количина да се подели на 2 оброци, но сепак повторно ќе напоменам дека се' зависи од организмот на кучето.

Постојат квалитетни кучешки суви дехидрирани храни (накусо наречени Дехидрати) кои што содржат висок процент на месо, протеини, масти, калциум, витамини, минерали и слични потребни состојки за правилна и здрава исхрана на секое куче и за правилен раст и развој на секое куче.

Квалитетните суви дехидрирани храни за кучиња (Дехидрати) имаат посебни линии и програми - формули за сите типови на кучиња како што се:
- Формули за возраст: (Starter, Puppy, Junior, Adult, Senior)
- Формули за големина на расата: (Mini / Small, Medium, Maxi / Large, Giant / Extra Large)
- Формули за вкус: (Chicken, Lamb, Salmon, Turkey, Boar, Venison и др.)
- Формули за посебни потреби: (Sport, Activity, Energy, Performance, High-Performance, Light, Sensitive skin, Hypoallergenic и др.)

Исто така кучињата можат да се хранат и со домашно приготвена храна, но храната несмее да биде онаа истата што ние луѓето ја јадеме за ручек бидејќи ваквата храна иако за нас луѓето е соодветна, сепак за кучињата не е соодветна бидејќи имаат поинаков и поосетлив организам, и за кучињата ваквата храна што ние ја јадеме е презачинета и пресолена.

Од домашно приготвена храна можат да јадат:
Варено месо (Пилешко, Мисиркино, Телешко, Јунешко, Риба ...), варен ориз, тестенини (макарони, јувки, шпагети ...), палента, варено јајце, жолчка од живо јајце, павлака, кисело млеко, јогурт, зеленчук, овошје (јаболкото е одлично) и др ...

Морков не е препорачливо често да се дава на чисто бели кучиња, бидејќи морковот содржи големо количество на каротин и тоа предизвикува пожолтување на влакното.
 
L

Lu

Гостин
За тоа дека е поекономично да се храни кучето со домашна храна отколку со кучешка - не би се сложила, барем што се однесува до помалите раси.
За големите раси кои што јадат во голема количина, поекономично е да се хранат со домашно приготвена храна, но за малите раси поекономично е да се хранат со сува кучешка храна - Дехидрат.

А за тоа дека домашната храна е поздрава ... здрава е не велам не.
Но за да го храниш кучето со домашна храна треба точно да знаеш да му го избалансираш оброкот, односно да знаеш колкава количина на месо, протеини, масти, витамини, минерали и сл. му се потребни на кучето да ги внесе во еден ден.
Додека во квалитетните (намерно потенцирам квалитетните) кучешки суви храни сите овие потребни состојки се правилно и точно избалансирани за секојдневните потреби на едно куче.

Инаку јас моето куче го хранам комбинирано бидејќи така е најдобро и најздраво да се храни секое куче.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.319
Наредниов месец треба да земам куче и на интернационалните сајтови специјализирани за кучиња ги препорачуваат следниве дехидрати:
TOTW, Canidae, Alleva, Hill's, Royal Canin, Eukanuba, Purina ProPlan, Trainer, Brit ... само јас не знам каде можат да се набават дел од следниве храни по најефтина цена.
Ако е некој запознаен нека каже цена и продавница каде што можат да се купат.
 
L

Lu

Гостин
Храните се најевтини доколку ги зимаш директно од кај увозниците.

- За Royal Canin увозникот се наоѓа во близина на Веро кај Тафталиџе што е.
- За Eukanuba увозник е Перо Божиновски, се наоѓа во близина на Универзална сала, поточно во истата уличка каде што е слаткарницата Апче.
- Hill's ја нема во Македонија, скоро 2 години не се увезува.
- Purina ProPlan, Trainer, Brit, можеш да ги најдеш во Фауна центар, веднаш позади Мечос пица.
А TOTW, Canidae и Alleva не сум ги сретнала до сега во пет шоповите и мислам дека не се увезуваат во Македонија.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.319
Мислам дека Royal Canin е најскапа од споменативе колку што можев да заклучам, и затоа не ја спомнав која би ми била најдобра варијанта за таков вид на куче.
Purina ProPlan ја фалат за Лабрадор, исто така има и пофални зборови за Eukanuba.
Eukanuba имаше да се порача на сајтот на миленици, но ќе ги проверам и цените кај Перо како што викаш.
 
L

Lu

Гостин
Да, за Purina ProPlan имам слушнато многу позитивни мислења од страна на одгледувачите на Лабрадор ретривери.
Purina ProPlan има пониска цена од Royal Canin и Eukanuba, а сепак е одлична и квалитетна храна.
Кај Перо е најефтина Eukanuba бидејќи он е увозник.

Незнам дали знаеш, Royal Canin имаат специјална формула наменета исклучиво за Лабрадор ретривери.

 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.500
Поени од реакции
781
Која е разликата меѓу оваа за лабрадор специјалнава и друга храна за медиум раса на кучиња?
По што е толку посебна?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.397
Поени од реакции
3.710
Некоја препорака за добра храна за Кане Корсо ?
Оваа што ја користам сега нема некој ефект, а не е баш ефтина.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.319
Која е разликата меѓу оваа за лабрадор специјалнава и друга храна за медиум раса на кучиња?
По што е толку посебна?
Според мене ништо посебно, чист маркетиншки трик за да ги зафатат сопствениците на една од најраспространетите раси на кучиња, ако го споредиш составот со останатите квалитетни храни, само што Royal Canin е поскапа за некои 10% и повеќе.
Јас се одлучив за Brit, цената за 15 кг. вреќа за мали кутриња е околу 3.000 ден, па ако нешто не штима ја менувам за Eukanuba која е 4.300 денари вреќа од 20 кг.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.500
Поени од реакции
781
Незнам само колку пари даваш за хранава од причина што викаш дека не е баш ефтина.
Квалитетна храна ќе ја платиш повеќе, количински помалце ќе се дава во согласност со упатството на храната и ќе имаш здраво куче.
Според составот ми делува дека хранава е за вегетеријанци, а кучињата за жал тоа не се.

Колку си спремен месечно или на два месеца да одделуваш финансии за храна за да ти препорачам?

Според мене ништо посебно, чист маркетиншки трик за да ги зафатат сопствениците на една од најраспространетите раси на кучиња, ако го споредиш составот со останатите квалитетни храни, само што Royal Canin е поскапа за некои 10% и повеќе.
Јас се одлучив за Brit, цената за 15 кг. вреќа за мали кутриња е околу 3.000 ден, па ако нешто не штима ја менувам за Eukanuba која е 4.300 денари вреќа од 20 кг.
Се сложувам, само што за мене ни Eukanuba ни Brit не се премногу квалитетни храни во однос на составот и во однос на она што го има останато од дехидратите на наш пазар во МК.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.319
Се сложувам, само што за мене ни Eukanuba ни Brit не се премногу квалитетни храни во однос на составот и во однос на она што го има останато од дехидратите на наш пазар во МК.
Која ти би ја препорачал ?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.397
Поени од реакции
3.710
Оваа ја плаќам 2.200 денари за 20 кг. вреќа, дневно му давам 600 гр. толку е препорачано.
И би сакал да знам освен кучешка храна, што друго можам да му давам ?
 
На врв Bottom