Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп

  • Вкупно гласачи
    1.372
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Риба :) ама незнам како се одредуваат тие подзнаци :(
Подзнак има врска со тоа во колку саат си роден.
Жал ми е што ќе ти ја навредам машкоста, ама можеш да пресметаш за подзнак тука
А сега стрпи се додека откопам неколку интересни статии за рибите.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Риба :) ама незнам како се одредуваат тие подзнаци :(
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 02:26 ---
Општи карактеристики за риби

Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун - владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата.
Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста.
Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат.
Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец.
Риби е знак спротивен на девица, знакот на здравјето. Додека девиците се интересираат за конретните аспекти од животот, рибите се сврзуваат со потсвеста, со емоционалниот и менталниот живот. Претставниците и на двата знаци се посветуваат премногу на другите, но рибите понекогаш премногу влегуваат во улогата на жртви.
Елементот на рибите е водата и како воден знак вие сте многу емоционални и одговарате на предизвиците преку чувствата, а не преку физички, практични и интелектуални дејствија. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Кога таинственоста исчезне веднаш се разочарувате и тргнувате во потрага по нов партнер - идеалниот.
Поради фактот што рибите се последниот знак во хороскопот, вие имате можност да учите од првите единаесет знаци. Родени сте за да му помогнете на човештвото да ги достигне највисоките нивоа на духовност. Иако понекогаш се чувствувате беспомошни, вие сте многу посилни отколку што можете да си претставите. Најдобриот начин за да ја почувствувате вашата сила е да им помогнете на луѓето, кои имаат потреба од помош.
Луѓето околу вас имаат многу големо влијание на вас и многу лесно можат да направат да се чувствувате виновни. Поради тоа треба да стоите настрана од „пријатели“, кои ве искористуваат или прават да се сомневате во самите себе. Оставете ги околу вас само оние ваши пријатели, кои имаат добро срце!
Симбол:

Риба
Симболизира:

Океани, промени, гостопримство, пороци, зависност, болници, затвори, филантропија, добротворни организации, заштита на животните, предавство, тајни науки, шпионажа, бегство од обврски, самоубиства.
Елемент:

Вода
Планета:

Јупитер и Нептун – планетата на фантазијата и соништата.
Ден од седмицата:

Четврток
Боја:

Морско сина
Број:

2
Скапоцени камења:

Сафир
Најдобри професии:

Поети, пророци, лекари, писатели, илузионисти, балерини, актери, фотографи, рибари, хипнотизери, монаси, свештеници, медицински сестри, уметници.
За да се спријателите со нив:

Учествувајте во дејностите кои ги извршуваат и помагајте им кога имаат проблеми.
Дел од телото:

Стапало
Добри карактеристики:

Романтични, интуитивни, мистични, услужливи, мудри, спокојни, креативни, ведри, скромни, љубезни, мечтатели, прекрасни партнери, многу романтични, нежни, чувствителни.
Лоши карактеристики:

Наивни, самосожалувачки и самоуништувачки настроени, надвор од реалноста, расеани, песимисти, неуверени, неорганизирани, нерешителни, порочни, зависни, лицемери, предавници, страшливци.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:

Слатка насмевка, ненадејни движења.
Омилени работи:

Танцување, романтични средби, смеење и плачење, прошетки на плажа, долги поетски писма.
Работи кои ги мразат:

Реалноста, фрлањето на новогодишната елка, дневна светлина, лош дизајн и гласна музика.
Можете да ги најдете:

Како им помагаат на стари лица, како мечтаат во ноќните клубови, како се држат за раце под масата во романтичен ресторан.
Скриена желба:

Да најдат безусловна љубов!
Лоши карактеристики:

Наивни, самосожалувачки и самоуништувачки настроени, надвор од реалноста, расеани, песимисти, неуверени, неорганизирани, нерешителни, порочни, зависни, лицемери, предавници, страшливци.Се погодиле само ова го утнале
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Purple puma се изначитав постови од тебе :);)

Ај те молам биди љубезна и за мене нешо просветли ме. Знак Лав - Подзнак Шкорпија
Мала помош од мене и мои искуства... секогаш се осекам посебно и неразбрано од другите на овој или оној начин а за вистинкса љубов би загинал
Вака - 2 мои најдобри другарки се... лавови. Такви суштества можат само тие да бидат. Од лично искуство, горделиви до бескрај, шефови, а и бестрашни кога треба да се расправаат за нешто.
Во љубовта, точно, жива патња се, ама тоа е затоа што се силат, а во суштина имаат мека душа, па кога на спротивната страна ќе и здосади нивото шерифување и ќе ги одјебе, они патат.. со години.
Амбициозни сте многу, идеалисти, а и доста материјалистички настроени, од аспект дека сакате да створите материјално за себе, и тоа ви е доста важно.

А сега, троа стрпи се да најдам интересни статии :)
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 02:32 ---
Која е животната философија на секој хороскопски знак?

Овен: „Јас сум.“

Од овенот го добивате токму она што и го очекувате од него. Неговите постапки се искрени, вистинити и тој поседува дарба да биде целосно присутен и посветен на секој миг од неговиот живот.

Бик: „Јас имам.“

Бикот го цени сето она што го има во животот: луѓето, искуствата, материјалните работи и себеси. Тој ги цени сите овие нешта многу длабоко и си ги чува блиску до срцето.

Близнаци: „Јас мислам.“

Овој хороскопски знак има жед за информации и силен, активен ум во кој постојано нешто се случува. За близнаците, човечките мисли претставуваат најголемата вредност во животот.

Рак: „Јас чувствувам.“

За ракот, животот претставува една целина од емоции, бидејќи тој има тенденција да гледа на сѐ, низ емоционални „очила“. Тој ги цени и вреднува човечките емоции повеќе од сѐ друго во животот и ги охрабрува и другите луѓе да го сторат истото.

Лав: „Јас можам.“

Моќта на волјата кај лавот е ненадминлива, а неговата внатрешна сила – незапирлива. Не постои сомнеж дека лавот ќе го исполни сето она коешто го наумил.

Девица: „Јас анализирам.“

Девицата има бистра свест за сето она коешто се случува околу неа и уникатна способност да ги подреди сите комплексни ситуации и да ја изнајде смислата, на онаа луда работа којашто се нарекува живот.

Вага: „Јас балансирам.“

Вагата поседува талент да создаде рамнотежа во својот и во животот на луѓето околу неа. Нејзината мирољубива природа ѝ овозможува да внесе чувство на хармонија секаде каде што е присутна.

Скорпија: „Јас посакувам.“

Желбите кај скорпијата се длабоко сраснати и многу интензивни. Кога скорпијата силно посакува нешто со сето свое срце, таа нема да се смири додека не го спроведе тоа до крај и го претвори во реалност.

Стрелец: „Јас гледам.“

Стрелецот е оптимистичен и има отворен ум, што му овозможува да го гледа светот низ широка перспектива. Неговата умствена неограниченост е уникатна и освежувачка за луѓето околу него.

Јарец: „Јас користам.“

Јарецот умее да ги искористи сите ресурси со кои располага, повеќе од кој било друг хороскопски знак. Тој дефинитивно ќе ги оствари сите цели кои наумил да ги реализира.

Водолија: „Јас знам.“

Бистриот и неограничен ум на водолијата ѝ овозможува лесно да акумулира информации и едноставно да им пристапува на сите животни ситуации. Како социјално битие, водолијата сфаќа дека нејзините познавања добиваат најголема вредност, кога ќе ги сподели со останатите луѓе.

Риби: „Јас верувам.“

Како вечен мечтател, рибата секогаш првенствено ѝ верува на сопствената интуиција и се дефинира себеси врз основа на нејзиниот внатрешен свет. Нејзините верувања, идеали и емоции се тие, кое ја водат рибата низ животот.
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 02:34 ---
Какви пријатели се хороскопските знаци?

Овен

Кога се работи за пријателство, едноставниот овен е емоционално јасен и не се служи со итрини. Иако е сочувствителен, овенот не е личноста на која треба да ѝ се јавите кога ви е потребно рамо за плачење. Ако вие сте родени во знакот на овенот, тогаш вашиот најдобар пријател треба да биде подеднакво независен и сигурен. Како пријатели, најмногу ви одговараат авантуристичките стрелци.

Бик

Родените во знакот бик важат за најсигурни пријатели во целиот зодијак. Дарежливи, заштитнички настроени спрема пријателите и неверојатно верни, биковите знаат како да ги зачуваат вистинските пријатели. Ако сте родени во знакот на бикот, одлично ќе се согласувате со рибите, кои можат да се справат со вашата силна волја, но и со раковите со кои го делите заедничкиот интерес за удобност и вкусна храна.

Близнаци

Близнаците лесно остваруваат контакти со другите знаци, но сепак, блискоста не им е силна страна. За близнаците не е доволно да имаат само еден најдобар пријател. Тие повеќе сакаат да бидат дел од голема и разновидна група на пријатели кои ќе го следат нивниот променлив темперамент. Честопати близнаците брзо ги започнуваат и уште побрзо ги прекинуваат пријателствата, исто како што прават и со љубовните врски.

Рак

Чувствителниот рак не покажува поголеми промени во расположението. Родените во знакот на ракот треба почесто да бидат во друштво на луѓе кои се полни со разбирање. Секогаш кога ви е потребна поддршка, побарајте ги останатите водени знаци, рибите и скорпиите, затоа што тие многу добро знаат како е да се живее во состојба на константни чувства.

Лав

Лавовите се вистински пријатели. Родените во овој знак постојано се опкружени со многу пријатели, но за да го придобиете лавот, прво треба да ја стекнете неговата доверба. Штом лавот ќе ве прими во своето друштво, тогаш тој станува неверојатно дарежлив и подготвен е да даде безрезервна поддршка. Пријателствата што лавовите меѓусебно ги остваруваат, се едни од најдолготрајните.

Девица

Вистинските девици се во одредена мера воздржани и не се спријателуваат лесно, правејќи ги оние малку пријатели кои веќе ги имаат, исклучително вредни. Девиците се независни и интелектуални и заради тоа ним не им се потребни „пријатели“ кои постојано озборуваат. Ако сте родени во знакот девица, големи се шансите вашиот најдобар пријател да биде припадник на истиот знак.

Вага

Надарена со емпатија кон другите, вагата никогаш нема недостаток на пријатели. Не постои личност со која вагата не може да се поврзе. Најдобрите пријатели вагата може да ги пронајде кај родените во знакот близнаци и/или водолија затоа што тие нема да ја искористат пријатната природа на вагата.

Скорпија

Скорпијата не го спушта својот штит лесно, но штом ќе го направи тоа еднаш, таа станува еден од најпријателските знаци во зодијакот. На скорпијата ѝ е потребен пријател кој ќе може да ја разбере нејзината опсесивна природа, пријател кој не се плаши и кој е целосно искрен со неа. Својот најдобар пријател скорпијата треба да го побара кај родените во знакот риби.

Стрелец

Љубезен, храбар и духовит, стрелецот ретко кога е љубоморен или посесивен , па затоа и никогаш не е во друштво на такви луѓе. Ако сте родени во знакот на стрелецот, вашиот најдобар пријател треба да биде храбар генијалец затоа што стрелецот не поднесува пасивно-агресивно однесување. На стрелецот најмногу му одговараат пријатели родени во истиот знак или во знакот близнаци.

Јарец

Прилично интровертниот јарец повеќе сака да има неколку вистински пријатели кои докажале дека може да им се верува, отколку да има безброј познаници. Јарецот секогаш ги поддржува своите пријатели, но и тој самиот мора да научи да бара поддршка кога му е потребно. Ваквото надополнување во пријателството, јарецот може да го постигне со личност родена во знакот лав.

Водолија

Водолијата важи за еден од најзабавните, највозбудливите и најспонтани знаци во хороскопот. Нејзе ѝ е потребен пријател кој постојано ќе биде во чекор со нејзиниот темперамент. Ако сте родени во знакот водолија, спријателете се со стрелецот и заедно ќе можете да го освоите светот. Стрелецот, исто како и водолијата, е независен, сака да патува и се води според мотото „Живеј и остави ги другите да живеат“.

Риби

Чувствителните риби имаат тенденција да ги преземат страдањата на нивните пријатели и да сочувствуваат со нив, занемарувајќи ги сопствените емоции. Најдобриот пријател на рибите е силна, позитивна, љубезна и внимателна личност. Рибите најдобро знаат како да ги зачуваат вистинските пријателства и одлични се во грижата за своите пријатели. Најмногу им одговара личност родена во знакот бик, која ќе ја сподели нивната емпатија со која рибите лесно ќе остварат духовна врска.
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 02:37 ---
Љубовен астролошки профил на машките риби

Мажите родени во хороскопскиот знак риби, пред сѐ се личности кои во секој момент ќе ви пружат поддршка и ќе ви дадат сочувство, за сето она коешто во моментот се случува во вашата глава. Без разлика дали тој е локален музичар кој го освоил вашето срце со својот милозвучен глас или ветеринар кај кој сте го однеле вашето куче и сте сфатиле дека само нему тоа не му лае, битно е да знаете дека овој креативен и чувствителен маж, ќе ги исполни вашите романтични соништа. Тој е секогаш во потрага по нешто ново и инспиративно во животот, кое ќе му овозможи да остане во својот свет на фантазијата, каде животот е убав и беспрекорен. Со неговите големи соништа и романтичен поглед кон светот, тој ќе ве замота во еден љубовен кожурец и ќе ве натера да се запрашате каков животот би можел да биде и каков во суштина е.

Машките риби се родени како романтични души, на кои им е потребна љубов и аутпут добиен како резултат на нивната креативност и фантазија. Тие живеат во свет на фантазии и го поминуваат целиот свој живот обидувајќи се да ги претворат нивните соништа во реалност. Идеална љубовна партнерка за нив би била некоја храбра и спиритуална личност. Тој сака неговата жена да биде сочувствена колку што е и самиот тој и да биде емотивно поцврста од него. Машката риба ќе очекува од својата подобра половина да го поддржува во сѐ што прави и да му помогне да ги оствари своите животни соништа. Тој копнее по пронаоѓање на своја сродна душа, со која ќе го споделува сето она коешто се случува во неговиот живот. Кога еднаш ќе ја пронајде таквата девојка, рибата ќе ѝ ја подари сета своја љубов и безусловна верност.
За да му се приближите на срамежливиот маж со хороскопски знак риба, мора да бидете дружељубива и екстровертна личност. Најверојатно ќе морате да бидете таа која ќе го направи првиот чекор во вашиот однос. Ако имате романтична душа, тогаш многу ќе се забавувате додека ја заведувате вашата риба. Бидејќи тој е идеалист, романтичар и непредвидлив во своето однесување, состаноците со него ќе ви бидат интересни и вредни за паметење. Имајте на ум дека тој е многу емотивен и бурно ќе реагира ако му ги повредите чувствата. Поради тоа, треба да го негувате неговото срце, дарувајќи му ја вашата љубов и внимание. Во оној момент кога ќе го убедите дека треба да се чувствува удобно покрај вас, вашиот понатамошен однос ќе се развива „мазно“.
Вашите први состаноци треба да бидат во знакот на креативноста. Отидете во некое романтично бистро или посетете уметничка изложба. Одберете место кое знаете дека ќе ја разбуди неговата креативност. Каде и да решите да одите, потрудете се да го расположите и насмевнете. Рибите се најчесто опуштени, смирени и пасивни, но сепак ќе бидат импресионирани доколку некој успее да ги насмее. И покрај тоа што на рибите честопати им лета мислата во текот на разговорот, тие паралелно додека разговараат го читаат секој „збор“ кој говорот на вашето тело го кажува. Бидете сигурни дека го кажувате она што го мислите, бидејќи рибите можат подобро да ве прочитаат и од вашата сопствена мајка.
Рибите не се агресивни по природа. Можеби вие бевте први во заведовте за да ве забележи, но најверојатно ќе треба да го сторите истото за да ја одведете вашата врска во следната фаза. Искористете ја неговата романтична страна. Како што односот помеѓу вас ќе прогресира, предложете му вечера во комбинација со филм, во вашиот дом. Вашиот кауч е како создаден за гушкање? Одберете добра романтична комедија и меко ќебенце и галете се со него после вашата вечера. Чисто за опомена, галењето може да не биде единствената работа која ќе ја правите на каучот.
Сексот со рибите е истовремено едно убаво емотивно и физичко искуство. Тие се големи заводници во кревет. Доколку се опуштите и се внесете во него, сексот со овој маж ќе ви претставува и спиритуално искуство. Рибите се одлични партнери за секс, кои најчесто уживаат и во играњето сексуални улоги. Дајте му некаква улога во која негова задача ќе биде да ве освои и дозволете му целосно да навлезе во својот карактер. Нему ќе му се допадне оваа игра, бидејќи таа ќе му овозможи да си создаде нов свет на фантазија, а веќе ви кажавме колку тој ужива во овој свет. Машките претставници на знакот риби, сакаат да почувствуваат малку ризик и да ја одведат својата партнерка на непланирани и неочекувани локации. Оние девојки кои сакаат сексуалниот живот да им биде позачинет, ќе уживаат во оваа особеност на рибите.AЈ НЕКА НАПИШЕ НЕКОЈ НЕШТО, ПРЕДОЛГО МИ Е МИСЛЕЊЕТО ;)
 
Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
Вака - 2 мои најдобри другарки се... лавови. Такви суштества можат само тие да бидат. Од лично искуство, горделиви до бескрај, шефови, а и бестрашни кога треба да се расправаат за нешто.
Во љубовта, точно, жива патња се, ама тоа е затоа што се силат, а во суштина имаат мека душа, па кога на спротивната страна ќе и здосади нивото шерифување и ќе ги одјебе, они патат.. со години.
Амбициозни сте многу, идеалисти, а и доста материјалистички настроени, од аспект дека сакате да створите материјално за себе, и тоа ви е доста важно.

Така прилично се во претходниов пост. Гордоста ми е голема маана но од друга страна секогас помагам на беспомошни лица, сам приоѓам на скитници им купувам храна и анонимно донирам на броеви за донација. Ама пак сум многу горделив и несвесно знам да ги гледам луѓето од високо :(:(. За девојки браво како погоди... небитни девојки и врски за мене кој јас сум ги откашувал после сум жалел за нив и сум мислел многу пати и жал ми било fuck me right ?
Исто така природно сум многу склон кон индивидуализам. На пример од тим секогас издвојувам еден играч... Од 300те Спартанци и Ахил јас би го одбрал Ахил, Од реал Мадрид и Роналдо јаз би верувал во Роналдо...Секогаш имам проблеми со надредени ( во реален живот со професори и глуперди кои имаат позиција а немаат 2 грама памет нити муда ). Храбар сум и за џабе си ја барам бељата многу пати а во љубовта цел живот само девици привлекувам господе.... А ми се пушти сама девојка 90% да е девица во хороскоп ......
Тоа е тоа за негативните страни а за позитивните неможам сам за себе да зборам нели ;)

А сега, троа стрпи се да најдам интересни статии :)
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 02:32 ---
Која е животната философија на секој хороскопски знак?

.
Така прилично се во претходниов пост. Гордоста ми е голема маана но од друга страна секогас помагам на беспомошни лица, сам приоѓам на скитници им купувам храна и анонимно донирам на броеви за донација. Ама пак сум многу горделив и несвесно знам да ги гледам луѓето од високо :(:(. За девојки браво како погоди... небитни девојки и врски за мене кој јас сум ги откашувал после сум жалел за нив и сум мислел многу пати и жал ми било fuck me right ?
Исто така природно сум многу склон кон индивидуализам. На пример од тим секогас издвојувам еден играч... Од 300те Спартанци и Ахил јас би го одбрал Ахил, Од реал Мадрид и Роналдо јаз би верувал во Роналдо...Секогаш имам проблеми со надредени ( во реален живот со професори и глуперди кои имаат позиција а немаат 2 грама памет нити муда ). Храбар сум и за џабе си ја барам бељата многу пати а во љубовта цел живот само девици привлекувам господе.... А ми се пушти сама девојка 90% да е девица во хороскоп ......
Тоа е тоа за негативните страни а за позитивните неможам сам за себе да зборам нели ;)
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Имаш пијачка од мене за трудов ;):D
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 02:47 ---
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 02:37 ---
Љубовен астролошки профил на машките риби

Мажите родени во хороскопскиот знак риби, пред сѐ се личности кои во секој момент ќе ви пружат поддршка и ќе ви дадат сочувство, за сето она коешто во моментот се случува во вашата глава. Без разлика дали тој е локален музичар кој го освоил вашето срце со својот милозвучен глас или ветеринар кај кој сте го однеле вашето куче и сте сфатиле дека само нему тоа не му лае, битно е да знаете дека овој креативен и чувствителен маж, ќе ги исполни вашите романтични соништа. Тој е секогаш во потрага по нешто ново и инспиративно во животот, кое ќе му овозможи да остане во својот свет на фантазијата, каде животот е убав и беспрекорен. Со неговите големи соништа и романтичен поглед кон светот, тој ќе ве замота во еден љубовен кожурец и ќе ве натера да се запрашате каков животот би можел да биде и каков во суштина е.

Машките риби се родени како романтични души, на кои им е потребна љубов и аутпут добиен како резултат на нивната креативност и фантазија. Тие живеат во свет на фантазии и го поминуваат целиот свој живот обидувајќи се да ги претворат нивните соништа во реалност. Идеална љубовна партнерка за нив би била некоја храбра и спиритуална личност. Тој сака неговата жена да биде сочувствена колку што е и самиот тој и да биде емотивно поцврста од него. Машката риба ќе очекува од својата подобра половина да го поддржува во сѐ што прави и да му помогне да ги оствари своите животни соништа. Тој копнее по пронаоѓање на своја сродна душа, со која ќе го споделува сето она коешто се случува во неговиот живот. Кога еднаш ќе ја пронајде таквата девојка, рибата ќе ѝ ја подари сета своја љубов и безусловна верност.
За да му се приближите на срамежливиот маж со хороскопски знак риба, мора да бидете дружељубива и екстровертна личност. Најверојатно ќе морате да бидете таа која ќе го направи првиот чекор во вашиот однос. Ако имате романтична душа, тогаш многу ќе се забавувате додека ја заведувате вашата риба. Бидејќи тој е идеалист, романтичар и непредвидлив во своето однесување, состаноците со него ќе ви бидат интересни и вредни за паметење. Имајте на ум дека тој е многу емотивен и бурно ќе реагира ако му ги повредите чувствата. Поради тоа, треба да го негувате неговото срце, дарувајќи му ја вашата љубов и внимание. Во оној момент кога ќе го убедите дека треба да се чувствува удобно покрај вас, вашиот понатамошен однос ќе се развива „мазно“.
Вашите први состаноци треба да бидат во знакот на креативноста. Отидете во некое романтично бистро или посетете уметничка изложба. Одберете место кое знаете дека ќе ја разбуди неговата креативност. Каде и да решите да одите, потрудете се да го расположите и насмевнете. Рибите се најчесто опуштени, смирени и пасивни, но сепак ќе бидат импресионирани доколку некој успее да ги насмее. И покрај тоа што на рибите честопати им лета мислата во текот на разговорот, тие паралелно додека разговараат го читаат секој „збор“ кој говорот на вашето тело го кажува. Бидете сигурни дека го кажувате она што го мислите, бидејќи рибите можат подобро да ве прочитаат и од вашата сопствена мајка.
Рибите не се агресивни по природа. Можеби вие бевте први во заведовте за да ве забележи, но најверојатно ќе треба да го сторите истото за да ја одведете вашата врска во следната фаза. Искористете ја неговата романтична страна. Како што односот помеѓу вас ќе прогресира, предложете му вечера во комбинација со филм, во вашиот дом. Вашиот кауч е како создаден за гушкање? Одберете добра романтична комедија и меко ќебенце и галете се со него после вашата вечера. Чисто за опомена, галењето може да не биде единствената работа која ќе ја правите на каучот.
Сексот со рибите е истовремено едно убаво емотивно и физичко искуство. Тие се големи заводници во кревет. Доколку се опуштите и се внесете во него, сексот со овој маж ќе ви претставува и спиритуално искуство. Рибите се одлични партнери за секс, кои најчесто уживаат и во играњето сексуални улоги. Дајте му некаква улога во која негова задача ќе биде да ве освои и дозволете му целосно да навлезе во својот карактер. Нему ќе му се допадне оваа игра, бидејќи таа ќе му овозможи да си создаде нов свет на фантазија, а веќе ви кажавме колку тој ужива во овој свет. Машките претставници на знакот риби, сакаат да почувствуваат малку ризик и да ја одведат својата партнерка на непланирани и неочекувани локации. Оние девојки кои сакаат сексуалниот живот да им биде позачинет, ќе уживаат во оваа особеност на рибите.;)[/quote]
(y):love:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
ПРОДОЛЖЕНИЕ ЗА МАШКИТЕ РИБИ (ПРЕДХОДНО НЕ МОЖЕВ ДА ДОПИШАМ, ПРЕДОЛГ МИ БЕШЕ ПОСТОТ) :)

Рибите се најголемите романтичари од сите хороскопски знаци. Тој е како Ромео кој ја чека својата Јулија. Овој човек сака да ја пронајде својата сродна душа повеќе од кој било друг хороскопски знак. Машките риби се нежни, грижливи, сентиментални и романтични. Во однос на неговата љубовна партнерка, тој е несебичен и дури има тенденција да ги става нејзините потреби, пред своите. Никогаш не треба да се сомневате во неговата лојалност, преданост и верност. Овој маж ќе го задржите покрај себе, така што ќе ја одржувате романтиката помеѓу вас. Оставајте му симпатични љубовни белешки и картички на неговиот кревет. Испратете му љубовни СМС пораки или одведете го на романтичен пикник со свеќи. Никогаш нема да го погрешите доколку го однесете го на викенд надвор од градот на некое необично и атрактивно место, на кое ќе поминете квалитетно време заедно. За него, секој момент поминат со љубената, е бесценет.

Рибите се најемотивни од сите хороскопски знаци. Тие живеат буквално во два паралелни светови: реален и илузорен. Нивните емоции варираат во зависност од она што го гледаат пред себе и она кое сакаат да го видат во својот свет на фантазии, што пак од своја страна, влијае врз начинот на кој се однесуваат во реалниот свет. Тие сонуваат на големо и работат напорно за да ги претворат нивните соништа во реалност. Нивните чувства се движат од една кон друга крајност. И доброто и лошото расположение тие го изразуваат на интензивен начин. Поради нивната моќ на интуиција, рибите имаат јака способност за читање на говорот на телото и веднаш можат да ги проценат вашите намери. Нему му е потребна партнерка која ќе биде лидер во врската и која ќе умее на суптилен начин да го држи под контрола. Неговата девојка/сопруга треба да му помага да остане „трезен“ и фокусиран на своите планови и цели, за да може да ги претвори соништата во реалност.
Искрено кажано, машките риби се опуштени луѓе по природа, но тоа не значи дека тие се лесен „плен“ во ниедна смисла на зборот. Кога тие нешто сакаат и веруваат во тоа, ништо на светот не може да ги спречи и никој не може да ги убеди во спротивното. Тој размислува со своето срце, кое му е исполнето со ентузијазам и страст. Сите негови соништа, пријатели, членови на семејството и неговиот партнер, ќе станат дел од хармонијата за која тој се бори. Со сета негова жестина и емоции, овој маж е лесно да го манипулирате (а многу и ќе го прават тоа), но вие нема да чувствувате потреба од тоа. Нему му е потребен партнер кој ќе се грижи за него и ќе биде полн со разбирање и оптимизам. Доколку ги исполнувате овие критериуми, тој ќе ви ја возврати љубовта десетоструко. Со него, ќе имате една навистина пријатна љубовна врска, исполнета со возбуда и специфична вид на романтика.
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 02:55 ---
И пишувајте нешто измеѓу моиве постови, не можам толку големи да ги правам :)
Еве нешто вака:

Најлошите особини на вашиот знак

Овен
Сурови, арогантни, себични. Секогаш мораат да бидат шефови и главни во се. И целиот свет да се сврти против нив, тие и понатаму би тврделе дека сите се луди, а само тие паметни и во право.
Бик
Самозадоволни, молчеливи, досадни. Во состојба се да јадат од утро до мрак и да не се поместат од фотелјата која од поодамна го има попримено обликот на нивниот задник.
Близнаци
Можат да озборуваат со часови. Дволични, се менуваат како што ќе дувне ветрот, тешко е да им се верува.
Рак
Посесивни и мазохисти. Некогаш знаат да бидат хистерични ако не им посакате добро утро со вистинска интонација. Го менуваат расположението како што ќе им падне на памет – од депресија до хистерија.
Лав
Арогантни, препотентни. Другите ги гледаат од височина. Во состојба се цел ден да поминат покрај огледало. Полни се со големи идеи и планови кои на крајот им користат само нив, бидејќи , се разбира, не им е гајле за другите.
Девица
Премногу бараат, ситничави, вечно незадоволни и напорни, во состојба се да приговараат по цел ден. Ни премногу веќе не им е доволно. Од стресот се ослободуваат чистејќи го станот, кинескиот порцелан и рачно собирајќи ги трошките од подот.
Вага
Умислени добротвори кои не можат да си помогнат ниту себеси, а камоли на другите. Им треба цела недела да одлучат дали да порачаат кока кола или пепси. Толку се мрзеливи што ниту земјотрес не би ги натерал да излезат од кревет.
Скорпија
Саможиви, перверзни, автодеструктивни. Своите маки не можат да ги поднесат сами, па со себе повлекуваат уште сто луѓе.
Стрелец
Најголеми коцкари и растури куќи. Толку знаат да бидат ентузијасти, што станувањето од мртвите и телепортацијата на Марс за нив е сосема можна. Се ужаснуваат на другите да им признаат кога им е тешко и на сите им солат памет.
Јарец
Вистински садисти и терачи на робови. Зборот „извини“ не постои во нивниот речник, затоа што мислат дека се непогрешливи. Би ја продале и душата за социјален углед и материјална добивка.
Водолија
Вулгарни, непристојни, умници кои секогаш се знаат и го пикаат носот во туѓи работи. Квази филозофи кои с е секогаш полни со совети и планови за другите, но своите не умеат да ги остварат.
Риби
Сакаат да се самосожалуваат. Во состојба се да плачат по цел ден чекајќи некој да дојде и да ги утеши. Кога ќе излезат од депресија, го исполнуваат времето помагајќи и на другите, потоа повторно се депримираат – па така се во круг.
 
Дупла Пијачка :D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Астролошки профил на лавовите

Да се наведат сите карактеристики на родените во знакот лав, е исто како да ги прочитате сите имиња на крајот од филм, кои се заслужни за неговото реализирање. Лавот може да ја одигра секоја улога во филмот и притоа да го прилагоди светлото, за да се осигури дека секогаш ќе биде во центарот на вниманието. Овие луѓе сакаат секогаш да бидат забележани и да привлекуваат внимание. Лавовите се родени за да бидат „кралови/кралици на драмата“. Тие се родени лидери, кои се ценат себеси и зрачат со самодоверба.
Љубител на човековата насмевка

Вие поседувате неколку карактеристики кои ви овозможуваат да го придобиете вниманието на другите луѓе. Некои можеби ќе ве обвинат дека сте егоцентрични, но вистината е дека вие едноставно го покажувате вашето вистинско лице – забавувач. Вие сакате да сте „виновникот“ за туѓите насмевки, бидејќи тоа ви создава искрено задоволство во душата. Оваа ваша дарежлива природа ве прави алтруист, кој може да постигне голем успех во животот, благодарение на вашиот оптимизам и позитивни мисли. Лавот е кралот на животните, па така и вие чувствувате обврска дека треба да се грижите за поданиците во вашето царство. Со задоволство го понесувате товарот на другите луѓе, секогаш кога е тоа потребно, но и кога не е потребно, ниту е ваша работа да се грижите.

Хуманитарната страна на лавот

Најчесто луѓето кај вас ја забележуваат само вашата „сценска страна“. Најчесто се чувствувате како да сте на сцена и морате да се однесувате онака како што публиката очекува од вас. Но, во вас се крие и друга страна, која е тешко забележлива, а тоа е хуманоста.
Вашата длабока потреба да им помагате на другите луѓе е честопати засенета од карактерот кој го прикажувате пред светот. Повеќето луѓе никогаш не успеваат да ја видат оваа ваша страна. Тоа е така, бидејќи вие сте многу затворена личност кога станува збор за добрите дела кои ги правите, ко божем да чувате некоја државна тајна. Последната работа која што сакате да се случи, е некој да се сомнева во вашите акти на хуманост. Оваа ваша особина може да изгледа дека е контрадикторна на вашата позерска улога која ја прикажувате пред светот, но вашето големо срце е навистина многу дарежливо и милосливо и ве тера да се вклучите во некоја добротворна акција.
.
Суетност: мит или реалност?

Во многу прилики, најверојатно сте биле обвинети дека сте многу самоуверени, суетни или нарциси. Соочете се, вам ви се допаѓа вашиот одраз во огледало и да се има его е навистина добра компонента во карактерот на една личност. Но, кај некои лавови, тоа е екстремно нагласено. На овие луѓе, им е многу тешко да го пронајдат балансот помеѓу самоувереноста и потребата да доминираат над другите луѓе. На крајот на краиштата, тоа е космичка сила, а понекогаш едноставно не можете да се борите против ѕвездите.
.
Лавот на работното место

Вашата силна потреба за внимание, може да постане водечка сила во вашиот живот. Глумата е природен избор на кариера за вас, како и пиар или работа во департманот за продажба. Секоја професија во која вашата улога е да ги убедувате луѓето, ќе ви биде добредојдена. Вие секогаш сте во центарот на вниманието, а тоа може да ги налути луѓето околу вас, кои сакаат да бидат на вашето место. Научете да го делите „сценското светло“ со другите луѓе, особено со колегите и ќе бидете почитувани и обожувани повеќе отколку што можете да посакате.

Лавот е роден за успех. Тој никогаш не би прифатил пораз и ќе продолжи да се бори, додека не го победи секој предизвик кој ќе му се појави на патот. Кога ќе започне да работи на некој проект, лавот не само што ќе си ги оствари своите цели, туку и ќе ги надмине очекувањата на другите за него. Тој исто така, може да биде одличен шеф бидејќи неговиот стил на менаџирање е професорски и менторски. Лавот чувствува огромно задоволство кога гледа дека членовите на неговиот тим напредуваат во работата.
.
Екстремно лојален кон најблиските

Вие сте многу лојална и предана личност и сте безусловно приврзани и посветени кон членовите на вашето семејство и пријателите и го очекувате истото од нивна страна. Кога лојалноста не ви е возвратена, се чувствувате повредени до дното на вашето срце. Тоа е така, бидејќи лавовите имаат многу големо его, кое им е секогаш на прво место во животот и тоа лесно може да биде рането. Ќе бидете во агонија поради предавството и непочитувањето кое сметате дека ви е дадено. Вие ќе се обидете да ја излекувате оваа рана, но доколку не пронајдете начин да се справите со вашата болка, таа може да ви претставува камен на кој ќе се сопнувате во текот на целиот ваш живот. Доколку такво нешто ви се случи, вие треба да свртите нов лист и да научите како максимално да го живеете животот кој ви е даден, како и да почнете да ги опростувате туѓите грешки. Морате да сфатите дека не секогаш светот се врти околу вас, бидејќи во спротивно, постојано ќе им се лутите и ќе им замерувате на луѓето во вашиот живот. На крајот на краиштата, секој заслужува втора шанса, нели!?
.
Високи очекувања од пријателите

Научете да направите еден чекор назад и да ја преиспитате ситуацијата. Обидете се да погледнете кон светот со други очи. Можеби ќе откриете дека она што сте го интерпретирале како недостаток на лојалност од нечија страна, не е ништо друго освен фактот дека вашите преголеми очекувања од некое пријателство, не се совпаѓаат со дефиницијата за пријателство која таа личност ја има во својата глава. Можеби ќе сфатите дека не станувало збор за некакво непокажување почит, лојалност или доверба. Можеби е тешко да ги преиспитате вашите сопствени идеали и да ги погледнете од поинаков агол, но тоа е најдобриот начин да сфатите дека, не секоја личност може да одговори на толку високи стандарди какви што имате вие.

Како другите го доживуваат лавот?

И покрај тоа што можеби сте „кавгаџиски“ настроени во некои ситуации, повеќето луѓе сепак ве доживуваат како пријатна, дарежлива и љубезна личност. Вашите колеги очекуваат од вас да бидете лидери на работното место и честопати ќе се обраќаат кај вас за совет околу работата. Вашите деца (ќе) ве сметаат за топол, искрен, срдечен и забавен родител. Вашиот љубовен партнер ве доживува како интересна, егзотична и страсна личност. Вашите родители ќе се гордеат со она што нивното дете го постигнало во животот. Како што можете да забележите, вашиот хороскопски знак има многу комплексна природа. Ако научите како да го контролирате вашето его, убавите аспекти од вашиот карактер ќе излезат на површина и ќе го заземат централното место во вашиот живот.
.
Креативност

Една помалку позната карактерна особина на лавовите, е нагонот кој тие го чувствуваат за создавање нешто, без разлика дали станува збор за глумење во претстава, пишување роман или нешто друго. Лавовите не се луѓе, кои можат само да седат и фантазираат за работите, туку сакаат нивната креативност да ја инвестираат во нешто што ќе роди плод.
.
Негативни особини на лавот
.

  • Ароганција
Лавот знае понекогаш да ги премине границите на нормалното однесување и може буквално да смета дека тој, заедно со неговото семејство и пријателите го сочинуваат центарот на универзумот. Како и да е, лавот има многу големо срце, поради што луѓето во неговиот круг имаат тенденција да му „прогледаат низ прсти“, кога арогантноста ќе му дојде до израз.
.
  • Ориентиран кон угледот
Лавовите сакаат да ги држат најдобрите нешта во свои раце. Сакаат да возат најубав автомобил, да живеат во најубава куќа, да се облекуваат во најмодерна облека, да ручаат во најелитните ресторани… Тие понекогаш премногу се внесуваат во светот на раскошот, што забораваат дека материјалните работи не се градители на нивната личност, туку она што го носат во душата. Ако забележите дека оваа потреба да се покажете и докажете пред светот со скапи работи ви се случува и вам, сопрете навреме и запомнете дека вашата искреност спрема себеси, е она што ќе ве направи уникатна личност, различна од сите останати во светот.

  • Темната страна на самобендисаноста
Вашата потреба да бидете во центарот на вниманието, честопати доаѓа во пакет со една негативна страна. Понекогаш, кога ќе сфатите дека сите знаат дека вниманието е постојано свртено кон вас додека зборувате, вие почнувате да ги игнорирате проблемите на вашите пријатели и членовите на вашето семејство и го ставате фокусот на вашите лични драми. Кога тоа ќе се случи, обидете се да се повлечете малку. Една од вашите најголеми карактерни квалитети, е вашата дарежлива природа. Помешајте ја вашата дарежливост со обид да слушате малку повнимателно додека некој друг зборува и ќе оставите впечаток на многу мила и фина личност, достојна за почит.

Лавот во љубовта

Кога припадниците на овој хороскопски знак се заљубени, нивните најголеми квалитети доаѓаат до израз. Ако ве сака некој лав, вие ќе бидете облеани со скапи подароци, ќе ве однесе на „најжешките“ места за ноќно лудување, а кога е во романтично расположение, ќе ви заѕвони на врата со букет цвеќиња и шампањско. Ако вашата дефиниција за љубов, е базирана на некој романтичен филм, лавот може да ви помогне да си го остварите тој ваш љубовен сон.

  • Лавот најмногу си одговара со: вага, стрелец, овен, близнаци.
  • Животно мото: „Ако ти сметам – тужи ме!“ или „Никогаш не следи ја толпата“.
  • Најдобри професии за лав: актери во филм или драма, стенд-ап комедијанти, спортисти, брокери, менаџери, професори, спортски тренери, рудари, пожарникари, организатори на настани, уметници, советници, адвокати, политичари, агенти во односите со јавноста, модни дизајнери, танцувачи.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Де бе, како ви тргна на двајцата, алкохоличар ќе ме направите :)
Ај сега кажете и двајцата што знак ви се симпатиите ;)
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 03:17 ---
Астролошки профил на рибите

Интуитивни, спиритуални и секогаш со блажена насмевка, рибите имаат позитивни карактеристики кои сите ги обожаваат. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат. Повеќето луѓе родени во знакот на риби, имаат вроден креативен набој. Тие имаат уметничка душа и нивната потреба да создадат нешто убаво е многу силна.
Големи сонувачи

Рибите го гледаат светот низ „розови очила“ и оваа нивна перспектива се одразува на сите нивни зборови и дела. Тие живеат во некој свој совршен свет, дури и кога се целосно свесни за лошата страна на човештвото. Во нивниот свет сè е добро и прекрасно. Тие имаат јака меморија и тенденција да ги запаметат најситните детали. Позитивниот пристап кои тие го имаат кон животот, делува оптимистички на сите во нивна близина.
Рибите не ги интересираат материјални работи и немаат тенденција да „трчаат“ по пари. Не дека тие имаат нешто против богатството, но едноставно се свесни дека тоа е променлива состојба. Рибите не се плашат од тоа што им го носи иднината. Како што е прикажано на нивниот хороскопски симбол, две риби кои пливаат во спротивен правец, тие или се движат каде што ги води патот или се борат против она што не им се допаѓа. Само доколку ја изберат втората опција, рибите ќе бидат вистински среќни и комплетно исполнети. Ако успеат да го сфатат тоа, тие ќе го достигнат највисокото скалило на успехот.
.
Спокојни и стабилни

Една од основните карактеристики на овој хороскопски знак е неговата успокојувачка стабилност. Дури и во најлошите бурни ситуации, рибата никогаш не паничи и воспоставува баланс и мир кај сите околу неа. Рибите се последниот знак во зодијакот благодарение на што во нив има мешавина од квалитетите на останатите знаци. Поради оваа нивна сложеност, навистина е тешко целосно да го разберете овој знак.
Рибите имаат одлични организациски способности и обрнуваат внимание на детали какодевицата, имаат здрав и рационален суд како вагата, сочувствуваат со другите луѓе и имаат променливо расположение како ракот, искрени се и љубезни како стрелецот, ги сакаат луѓето и вниманието свртено кон нив како лавот и се аналитични како водолијата. Истовремено се многу комуникативни како близнаците, пасивни и тврдоглави како бикот, можат да ги дознаат вашите најдлабоки тајни како скорпијата, одговорни се и принципиелни како јарците и се оптимистични, невини и големи ентузијасти како овенот.
.
Многу дарежливи

Рибите се големи алтруисти кои сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Тие се дарежливи и сакаат да помогнат секаде каде што можат. Ако побарате од нив, тие буквално би ја соблекле маицата од нивниот грб за да ви ја дадат вам. Рибите умеат да допрат до срцата на другите луѓе и уживаат помагајќи им да го остварат нивниот потенцијал во целост. Вродената сензибилност која ја имаат рибите, ги прави личности кои имаат огромно разбирање за чувствата на другите. Како и да е, рибите мораат да внимаваат нивната добродушност и дарежливост да не биде злоупотребена.
.
Спиритуални и интуитивни

Рибите се духовно богати личности, но тоа не мора да значи дека тие се приврзаници на некоја религија, иако и тоа може да биде случај. Поконкретно кажано, тие едноставно „чувствуваат“ дека постои некаков ред во универзумот и дека имаат длабока конекција со семоќниот.
Рибите имаат одлична интуиција, па ако некој припадник на овој хороскопски знак ви каже да не излегувате некој ден од дома, подобро послушајте ги. Нивното „шесто сетило“ им овозможува да имаат јасна визија за чувствата на другите луѓе.
.
Хуморот како маска

Рибите имаат тенденција кон расправање, кога знаат да даваат многу саркастични коментари и да „боцкаат со нивното остро јазиче“. Најдобриот момент е што и покрај тоа што нивната лутина трае долго, кога ќе им помине повторно стануваат свои, како ништо да не се случило. Рибата ја обожава природата, уметноста од секаков вид и е многу амбициозна. Таа сака да им помага на луѓето кои имаат некаков проблем, притоа трошејќи голем дел од својата енергија. Наспроти тоа, другите луѓе никогаш не можат да „прочитаат“ кога на рибата и се повредени чувствата. Таа ги крие нејзините најдлабоки емоции зад нејзината смисла за хумор. Хуморот може да биде нежен и невин или ладен и безмилосен. Како и да е, хуморот на рибата најчесто претставува маска зад која се крие некоја друга нејзина емоција.
Интроспективни

Овој знак е екстремно интроспективен, односно ја испитува и ја набљудува сопствената внатрешност. Таа нивна моќна карактеристика, кога се користи во позитивна смисла може да создаде една страсна и артистична индивидуа, со голема интуиција и сочувственост за другите, благодарение на што можат да бидат големи хуманитарци. За жал оваа страна на рибите е честопати негативно засенета од нивните депресивни чувства. Овој нивни песимистички аспект е резултат на нивната променлива природа, која ги прави нестабилни личности.
Кога не користат самоанализа за запознавање на себеси од интелектуален аспект, може да доведе до некои негативни опсесии кај нив. Како нестабилна индивидуа, ваквото однесување може да предизвика разни зависности и невротичност. Во позитивна смисла, рибите најчесто имаат тенденција интроспективноста да ја насочат кон продлабочување на нивните уметнички способности кои ги поседуваат од самото раѓање. Гледано пошироко, потребата да бидат зависни од нешто, кај рибите може да биде и здрава, како на пример потребата за често смеење или спортување. Во секој случај, на рибите им е потребна умереност и баланс за да се чувствуваат стабилно.
.
Артистични

Фактори кои создаваат непријатно опкружување за рибата, можат негативно да се одразат на нејзината личност, особено ако тие се присутни од најмала возраст. Но, ако рибата е израсната во пријатна и стабилна околина, таа ќе може да ја развива нејзината креативност и да има пообјективна визија благодарение на која ќе може да создава уметност со голема тежина.
.
Сексуалноста на рибите

Длабоката спиритуална енергија на рибите, во голем дел е изразена во нивната сексуалност. Овој знак има желба да го идеализира својот љубовен партнер. Припадниците на овој хороскопски знак сакаат да се пожртвуваат себеси со цел да го усреќат својот партнер. Но, оние кои се во љубовна врска со риби мораат да бидат внимателно со овој дел од нивниот карактер. Дури и ако сте авантуристи во сексот и не ви смета да бидете „доминирани“, потсетете се дека една здрава сексуална врска треба да биде базирана на меѓусебна почит.
Рибите ја обожаваат музиката, уметноста, глумата и сè што вклучува креативност. Ова е една од причините зошто рибите се и сексуално креативни битија, кои сакаат акција во креветот. Овој аспект на нивната сексуалност лесно може да биде изразен преку „одигрување улоги“ и други сексуални игри. За да го одржи овој аспект позитивен, рибата треба да се обиде да се поврзе со партнер кој има уметничка душа, но истовремено е и здрав за неа.
.
  • Идеални професии за риби: актери, сликари, скулптори, танчери, доктори, поети, писатели, фотографи, психијатари, пејачи, ветеринари
  • Рибите најмногу си одговараат со: бик, рак, скорпија, јарец.
  • Омилени бои: сина, зелена, виолетова, бела
  • Животно мото: „Можам да замислам како се чувствуваш“.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Де бе, како ви тргна на двајцата, алкохоличар ќе ме направите :)
Ај сега кажете и двајцата што знак ви се симпатиите ;)
Водолија , Рак , Овен , Бик , Лав , Скорпија , Стрелец , Јарец , Риба , а најомилена симпатија ми е Девица :D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Озбилно бе, одбери сеа една :)
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 03:19 ---
И го дополнив мислењето специјално за тебе, читни си :)
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Озбилно бе, одбери сеа една :)
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 03:19 ---
И го дополнив мислењето специјално за тебе, читни си :)
Водолија затоа и ти пишав знам како дишат :P а и ич не се поднесуваме
За надопуната уз Џонито ќе иде и фстак ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Е ај кога си се запнал :)

Водолија и риби - љубовна комбинација

Љубовните партнери со хороскопски знаци водолија и риби умеат да создадат убава заедничка иднина, бидејќи нивната врска е базирана на почит и разбирање. Рибата постојано „плови“ во нејзините фантазии, а водолијата константно смислува некоја нова инвентивна идеја и креативен начин за успешно извршување на работите.
Водолијата и рибата навлекуваат длабоко во коренот на актуелните проблеми во нивниот живот и заеднички се обидуваат да пронајдат некакво решение на истите. И двата знака се интроспективни, односно ја анализираат нивната внатрешност.
Водолијата веднаш ги осудува оние луѓе кои не ја делат нејзината визија, додека рибата е полна со разбирање, дури и за оние кои не го заслужуваат тоа. Овие два знака се одлични пријатели и љубовници. Конфликтите помеѓу нив двајца се ретка појава, но водолијата понекогаш може да изгледа премногу интелектуално и „студено“ во очите на рибата. Различната реакција на партнерите во дадена ситуација, може да предизвика „процеп“ во нивната инаку стабилна љубовна врска. Водолијата ги брка од себе оние луѓе кои не се согласуваат со нејзиното мислење, додека рибата лесно ги прифаќа туѓите мани. Во некои ситуации овие партнери може да имаат недоразбирања, но генерално тие лесно си опростуваат и брзо забораваат.
Водолијата е управувана од планетите Уран и Сатурн, а рибите од Јупитер и Нептун. Уран се фокусира на радикалните и иновативни идеи кои ги има водолијата. Влијанието на Сатурн и дава на оваа врска енергија за спроведување на овие идеи, како и способност за организација на сите детали кои ќе одведат до постигнување на целта. Јупитер се однесува на филозофскиот дух, сочувството и способноста за подучување други која ја имаат рибите. Нептун се фокусира на спиритуалноста што ја поседува рибата, благодарение на која таа секогаш има волја комплетно да ги разбере генијалните и возбудливи идеи на нејзината водолија.
Секогаш кога водолијата доаѓа до нова идеја, нешто кое често се случува, рибата е желна да ја разбере на едно интуитивно ниво. Водолијата и рибата се надополнуваат на интелектуално и емоционално ниво. Врската ја придвижуваат чувства и ставови, во зависност од ситуацијата. Оваа врска претставува флексибилна и прогресивна заедница во која секогаш се случуваат многу нешта. Рибата секогаш своето внимание го вперува во интересите на водолијата, која од смирениот партнер учи како да биде толерантна и „топла“.
Овој пар одлично соработува. Иако некогаш знаат да не се согласуваат, сепак разликите во мислењата помеѓу рибата и водолијата не траат долго. Конфликти можат да настанат бидејќи рибата има потреба од емотивна поддршка и нежност, а водолијата преферира да изнесува нови идеи пред романтиката.
Водолијата секогаш иницира некакви промени, а рибата ги прифаќа истите доколку и помагаат и ја подобруваат врската. Кога овие двајца партнери се заедно, тие никогаш не се караат околу тоа кој ќе биде награден за нивните остварувања.
Двата знака подобро се снаоѓаат во отпочнување на нештата, отколку во нивно завршување. Доколку на водолијата и стане досадно во врската, рибата многу лесно учи од примерот и продолжува понатаму со нејзиниот живот.
Најдобриот аспект од комбинацијата водолија – риби е заедничкиот интерес на партнерите за култивирање на знаење и прифаќање на модерните и космополитски идеи. Тие се усогласени во нивниот ентузијазам, енергија и во желбата за вистинска, отворена и искрена врска. Нивните заеднички интереси и карактери ја прават оваа врска компатибилна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom