Вашиот хороскопски знак и раскинувањето на љубовните врски
Не сте единствени на кои раскинувањето на љубовната врска ви изгледа како крај на светот... или можеби на тоа не гледате така црно? Астролозите тврдат дека начинот на кој што го доживувате раскинувањето многу зависи од вашиот хороскопски знак.
ОВЕН (21.март – 20.април)
Пати многу повеќе и подолго отколку што покажува. На прв поглед припадниците на овај знак изгледаат како да не му е грижа и воопшто не чувствуваат љубовна болка, но вистина е дека патат бесконечно. Се повлекуваат во себе и ретко на кого ќе кажат како се чувствуваат.
Како ќе преболат: Кога ќе помине “драмата” храбро ќе тргнат во нови победи. Зошто поради една пропадната врска да го пропуштат животот?!
БИК (21.март-20.април)
Го цени мирот и удобноста на долгите врски. Вистинските Бикови добро ќе размислат пред да одлучат да ја прекинат врската со партнерот. Ако постои и најмала ситница која може да ја одржи врската во живот, сигурно нема да ја прекинат врската.
Како ќе преболат: Ако се случи најлошото многу брзо ќе ”влетаат” во нова врска во која на сила ќе создадат склад и хармонија.
БЛИЗНАЦИ (21.мај-20.јуни)
Тие од сите знакови најлесно го поднесуваат прекинувањето на врската. Колку и да зборуваат дека им е тешко тие поседуваат способност брзо да ги заборават лошите работи кои им се случиле.
Како ќе преболат: многу брзо после прекинувањето на врската вистинскиот Близнак ќе го пронајдете како освојува нова симпатија!
РАК (21.јуни-22.јули)
Плаче и жали поради прекинувањето на врската долго и искрено. Кога ќе се прекине врската, Ракот има чувство дека се распаднал целиот негов свет кој никогаш нема да може да го состави.
Како ќе преболат: единствено нешто што може да му го олесни патењето е нова симпатија која ќе покаже разбирање за состојбата на неговата душа. Без оглед колку прекинот бил болен, никогаш нема да го опрости изневерувањето.
ЛАВ (23.јули-22.август)
Тешко ги покажува чувствата, така што нема да ви покаже колку сте го повредиле, бидејќи тоа за еден Лав би значело помалку самопочитување. Суетата е тоа што најтешко се лекува, па кога ќе осетат дека се ближи крајот, итро ќе го остават партнерот само да не случи да бидат оставени.
Како ќе преболат: Не се злопамтила така што лошите искуства нема да им ја уништат вербата во љубовта. Ќе се опорават кога ќе ја нахранат својата суета.
ДЕВИЦА (23.август-22.септември)
Не се многу емотивни, но цврсто се врзуваат за луѓе и тоа е причина зошто тешко ги прифаќаат прекинувањето на врската. Распаѓањето на врската ја доживуваат како да им се срушила кула која долго ја граделе. Промената на животниот простор и кругот Девиците го доживуваат како личен неуспех.
Како ќе преболат: ќе помине малку време, а Девицата ќе ги среди своите мисли, ќе ги состави коцките и ќе продолжи понатаму. Рутината е тоа што припадниците на овој знак ги враќа во живот.
ВАГА (23.септември-22.октомври)
Сакаат хармоничен однос без кавги и кога ќе осетат дека работите излегле од контрола, сами ја прекинуваат врската. Овој знак сака да ужива, така што љубовната врска има смисла доколку е полна со уживање.
Како ќе преболат: карактеристично за Ваги, посебно машки, е страст за заведување, па често се наоѓаат во љубовно искушение. Тоа е она што ќе ги врати на вистинскиот пат.
ШКОРПИЈА (23.октомври-22.ноември)
Многу тешко и болно ги преживуваат разделбите. Времето го минуваат во анализирање на врската со цел навреме да ги откријат тешкотиите кои би можеле да ја загрозат врската. Шкорпијата никогаш нема да се обвини самата себе за проблемите, секогаш е крива другата страна.
Како ќе преболат: ќе ги прикријат чувствата, ќе прават шеги на своја сметка, додека во себе ќе патат. После љубовниот бродолом, не е исклучок дека тие никогаш нема да се опорават.
СТРЕЛЕЦ (23.ноември-21.декември)
Лесно преживуваат прекини иако на прв поглед изгледа како да паѓаат во депресија од која нема враќање. Тие, сепак, пред се мислат на својата среќа, па нема да дозволат некој да ги повреди.
Како ќе преболат: ужасно се егоцентрични, па ако саканата личност ги остави, можат да станат вистински “гњаватори“ кои ќе сакаат да ја обноват врската по секоја цена.
ЈАРЕЦ (22.декември-19.јануари)
Срамежливи се и многу тешко пронаоѓаат партнер. Кога еднаш тоа ќе им се случи, тешко дека ќе ја прекинат врската. Кога сепак тоа ќе се случи тешко дека со некој би ја поделиле својата тага. Своите проблеми ќе ги решаваат во тишина во својата соба.
Како ќе преболат: ќе се изолираат и ќе размислуваат за се. Кога ќе се опорават ќе бидат спремни за нови предизвици.
ВОДОЛИЈА (20.јануари-18.февруари)
Разделбата ги наведува на долго анализирање на пропаднатата врска, но ќе погледнат од сите агли и ќе прифатат дел од вината. Водолиите многу тешко забораваат и не се склони да опростат.
Како ќе преболат: времето лекува се е изрека создадена за припадниците на овој знак.
РИБИ (19.фебруари-20.март)
Кога е крај на љубовта, тогаш се паднало во вода. После раскинувањето за Рибите следува долг период за прифаќање на новонастанатата ситуација и идејата дека се напуштени. Потоа следи долг период на плачење во друштво на сродни души кои ќе им пружат рамо за плачење.
Како ќе преболат: со пријателите ќе поминат многу време во разговор за пропаднатата љубов.
http://www.motika.com.mk/