Астрологијата и сексуалната предигра
Се обидувате да ги „загреете“ страстите помеѓу вас и вашиот партнер за обострано да уживате во претстојната ноќ? Астрологијата и овој пат ќе ви помогне да сфатите што е тоа кое вас двајца ве возбудува и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално доживување под чаршавите?
Земјени знаци: бик, девица и јарец
Дел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.
Совет: Доколку вашиот партнер е земјен знак, ви советуваме да го нагостите со гурманска храна, добра музика, пријатен мирис и безброј нежни допири. Ако и понатаму се двоумите дали вашиот партнер е подготвен да ја помине вечерта со вас и „да оди до крај“, пробајте со масажа на стапала, притоа употребувајќи лосион со свежа арома или масло.
Огнени знаци: овен, лав и стрелец
Страст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.
Совет: Доколку се спремате да излезете на состанок со некој огнен знак, изберете некоја невообичаена локација и облечете се во примамлива секси облека. Изненадете ги со некоја интересна играчка или некој специјален подарок. Заземањето улоги или некои други авантуристички сексуални игри, дефинитивно ќе го возбудат вашиот партнер, кој е огнен астролошки знак.
Воздушни знаци: близнаци, вага и водолија
Овие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.
Совет: Ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси смс порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.
Водни знаци: рак, скорпија и риби
Романтичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се предомислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.
Совет: Магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тие ќе го „прочитаат“ она што го чувствувате за нив преку вашиот поглед. Кога им се обраќате, кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршавите и еден куп бакнежи.
--- надополнето ---
Машко-женски хороскоп
Сте се запрашале ли некогаш зошто мажите со хорскопски знак вага се различни од жените ваги? Или зошто мажот рак и жената рак не се „правени со истиот калап“? Тоа е така, бидејќи некои хороскопски знаци значително се разликуваат во зависност од полот, додека кај други знаци и не се забележува некаква разлика.
Овен
Овните се активни, страсни и располагаат со силна енергија, а тие карактеристики се воочливи и кај машкиот и кај женскиот пол. Кај овните секогаш постои динамична амбиција да направат многу работи за кратко време. И кај двата пола се забележува натпреварувачки и авантуристички дух. Жените овни не се нежни и женствени, туку напротив се многу силни и енергично се движат кон патот на успехот.
.
Бик
Биковите, без разлика на полот, се добро познати по својата приземност, сталоженост, загриженост за иднината и посесивност. Додека мажите се големи гурмани и вистински уживаат во храната, жените бикови сакаат комфорен и убав дом. И мажите и жените бикови се тврдоглави, но за мажите е карактеристична големата жед за моќ.
.
Близнаци
Близнаците се комуникативни, рамнодушни и прилично расеани. Мажите родени во знакот на близнаци уживаат во добро друштво и забава, но се непостојани во љубовните врски и тешко се приврзуваат. На сличен начин, жените близнаци се колебаат помеѓу тоа дали во секојдневието треба да се потпираат на својата интелигенција или на емоциите и инстинктот. Во љубовта, жените се претпазливи и одмерени.
.
Рак
Најголема астролошка разлика помеѓу машкиот и женскиот пол, постои кај раковите. И двата пола се емотивни и се обидуваат да се заштитат од надворешниот свет. Но со зрелоста, жените стануваат поцврсти, постабилни и се глава на семејството. Од друга страна, мажите најчесто остануваат приврзани за престилката на нивната мајка, а некои од нив остануваат засекогаш деца.
.
Лав
Кај лавовите постои голема сличност меѓу различните полови, со тоа што кај мажите е поочигледна потребата да бидат во центарот на вниманието. Жените родени во знакот на лав се помалку горди од мажите и се попопустливи, но често тоа го прават половично. И мажите и жените обожуваат да бидат главни во друштвото.
.
Девица
Девиците се зборлести, неуморни и по малку ситничави. И двата пола имаат тенденција да останат стари моми или ергени, ако не внимаваат. Мажите родени во знакот на девица, исто како и мажите близнаци лутаат во љубовта и се хиперактивни, за разлика од жените, кои ја немаат таа особина.
.
Вага
Овој знак е симбол на рамнотежата. Кај вагите, веднаш после раковите, воочлива е голема разлика помеѓу мажите и жените. Господин Вага има мажествено тело, а феминистички дух, додека Госпоѓица Вага обратно, женствено тело, а силен, мажествен карактер. Тој има тенденција да биде нежен и мил, додека таа е поотворена, директна и аргументативна.
.
Скорпија
Не е тајна дека скорпиите се интензивни, емотивни, таинствени, жилави и сакаат приватност. И двата пола располагаат со голема скорписка енергија, со тоа што жените имаат поголема тенденција да бидат љубоморни, посесивни и остри во нивното однесување, кога се повредени.
.
Стрелец
Стрелците се сраствени, енергични и големи авантуристи, кои никогаш не престануваат да зборуваат. Мажите стрелци се доста силни и мажествени, а ни жените стрелци не се баш кротки и питоми. Мажите се повеќе склони кон интелектуална работа.
.
Јарец
Јарците имаат репутација на страшно вредни и работливи луѓе. Машките во однос на женските јарци се вистински душички. Жените се порамнодушни, оставаат крут впечаток и се многу амбициозни, и кога станува збор за успех во кариерата, и за својот статус во општеството.
.
Водолија
Водолиите се независни во одлучувањето, непристрасни и дефинитивно комуникативни личности. И двата пола родени во знакот на водолија имаат релаксирачки поглед кон животот и се доста тврдоглави. Машките водолии се љубители на новите технологии, а жените едноставно многу сакаат да сурфаат на интернет.
.
Риби
Рибите се големи сонувачи. Многу се емотивни и не се баш одлучни. Шармот и добрите манири на мажите родени во знакот на риби, ги прави привлечни за повеќето луѓе. Тој е одличен слушател и сите се потпираат на него. Таа е покревка и поранлива и понекогаш чувствува недостаток на самодоверба. Но, тоа не ја спречува во реализација на нејзините планови.