Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.366
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Како простуваат хороскопските знаци

БИК – Вие сте големо злопамтило. Спремни сте да простите, но никогаш не заборавате. Слаба точка Ви е семејството, домот и гордоста, ако Ве погодат тука се претворате во вистински разјарен Бик. Астрологијата говори дека сте мошне своеглави и тешко правите компромиси, па главно другите Ви простуваат Вам. И ако некому му простите, тоа сигурно Ви се блиски и драги личности.
Жалосно, али се е точно ..... :toe:
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Астрологијата и ерогените зони

Овен: глава и лице
Овенот е многу чувствителен на галење на челото и слепоочниците. Тој обожава да си играте со неговата коса, да му ја чешлате или да поминувате со вашите прсти низ неа. Женските припаднички на овој хороскопски знак, уживаат во бакнежи по вратот и ушите, од партнер со остра брада. Друг предлог е нежно да ги грицкате усните на овенот. Тоа дефинитивно ќе го полуди.
Бик: врат
Можете да почнете со нежни допири по задниот дел на главата (кај тилот) и постепено да продолжите со бакнување по должината на вратот. Пријатно би го изненадиле доколку „случајно“ го допрете по вратот, додека се обидувате да му ја наместите јаката. Сензуалните бакнежи и нежните грицкања на неговите усни, кои ќе следуваат потоа, треба да се одвиваат бавно и по природен тек.
Близнаци: раце, дланки и рамена
Бакнувајте ја внатрешната страна на нивните раце, потоа нежно лижете ги дланките, а на крај шмукајте ги нивните прсти. Ќе почувствувате како близнакот ќе почне да трепери и да се возбудува сè повеќе и повеќе, ако умеете умешно да ја одолговлекувате оваа предигра.
Рак: гради
Машките и женските припадници на знакот рак, обожаваат француски бакнежи. Градите им се најсензибилниот дел од телото, па ако нежно ги допирате и лижете по градите, верувајте дека ќе добиете „жешка“ реакција. Исто така, внимателни штипкања по градите можат да го зголемат неговото задоволство.
Лав: грб
Можете да го започнете „главниот настан“ во бањата. Нежно тријте му го грбот со сунѓер и вашиот лав ќе се претвори во „опасен мачор“. На највисоката точка на неговото задоволство, можете да почнете да го гребете по грбот. Исто така, имајте ги на ум и еротичните масажи со етерични масла.
Девица: стомак
Девиците најмногу ќе се возбудат ако ги допирате со јазикот и со вашата коса, по нивниот стомак. Потрудете се предиграта да трае подолго, а издвојте време и да и го бакнувате папокот, па ќе видите што ќе се случи.
Вага: долен дел на грб и задник
Лесно ќе ја препознаете вагата по нејзиниот убав задник. Во најинтимните моменти поминати со неа, нежно потчукнувајте и го задникот и лукаво потштипнувајте го. За да додадете уште повеќе возбуда, нежно допирајте ја по ’рбетниот столб со вашите брадавици.
Скорпија: полови органи
Не треба да сте генијалец за да ги пронајдете најчувствителните ерогени зони кај скорпијата. Галења, допири и бакнежи на гениталиите и околу нив, како и орален секс, се дефинитивно најдобрите начини да ја „збеснете“ скорпијата.
Стрелец: бутови
Нежно удирање по внатрешната страна на бутовите и глатко допирање на областа околу гениталиите, ќе гарантира „будење“ на неговите сетила. Женските стрелци се исто така чувствителни на нежни допири по нивната коса. Овој знак ужива и во нежна масажа по неговите усни со некое топло, миризливо масло.
Јарец: колена
Бакнувајте го зад колената за да ја разгорите неговата страст. Потоа нежно допирајте го неговото тело одозгора – надолу со вашите брадавици. Одвојте време и за бакнување на неговиот папок и бедрата.
Водолија: од листовите до глуждовите
Сите секс пози кои овозможуваат допирање на овие делови на нејзиното тело, ќе го пролонгира нејзиното задоволство. Водолијата исто така, многу сака да се милува и гали, така што бидете нежни со неа.
Риби: стапала
Рибата силно ќе се возбуди доколку започнете нежно да ги масирате нејзините стапала. Со врвовите на вашите прсти или со парче свила допирајте ги нејзините стапала, а потоа бакнувајте го пределот од прстите до глуждовите. Сензуално погалете го нејзиното тело со вашето стапало, за да ја полудите.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Астрологијата и стилот на облекување

Овен
Овните се трендсетери во модата и облекувањето. Тие имаат добар вкус и секогаш сакаат да се истакнуваат помеѓу останатите луѓе со избор на секси облека која им дава самодоверба и моќ. Родени со природно чувство за авантура, овните сакаат да експериментираат во светот на модата, со испробување различни стилови на себе. На машките овни најдобро би им прилегала комбинација од тесни пантолони со бела кошула со манжетни, која истовремено ќе им влева и поголема самодоверба. Женските припаднички на овој знак, најверојатно најмодерно би изгледале во здолниште до колена или тесни црни панотолони, во комбинација со блуза која убаво ќе прилега, во согласност со пригодата. Најчувствителен дел од телото на овните е главата, така што добро им стојат и капи, шалови и разни други модни додатоци. УбавО изгледаат во нијанси на црвено.
Бик
Биковите бараат удобност пред сè друго. Тие немаат тенденција нешто многу да ги следат модните трендови, но затоа сакаат да се облекуваат во скапа брендирана или дизајнирана облека. Биковите сакаат материјали кои се меки на допир, како што се свилата и мекиот памучен материјал. Дури и кога немаат некоја особена причина да изгледаат дотерано, биковите сакаат да бидат перфектно средени. Машките претставници изгледаат добро во некое модерно секси одело, во кафена или пастелна боја. Женските бикови треба да избегнуваат да носат тесни и кратки здолништа. Најубаво им прилегаат здолништа кои се аеродинамични, елегантни и изработени од некој сјаен материјал. Исто така, треба да избегнуваат да носат премногу широка облека со цел да делуваат послабо. Најчувствителен дел од телото на бикот е вратот, што значи дека нежни синџирчиња, марами, шалови, кравати убаво им прилегаат.
Близнаци
Поради нивната љубопитна природа, близнаците ги следат новите трендови , бидејќи брзо им досадува од старите. На нив не им е битна етикетата, ниту модниот аспект, сè додека она што го носат им стои добро и изгледа убаво. Она што ним им е најбитно во облеката, е таа да биде мека и пријатна на допир и секогаш го купуваат она што ќе им се допадне уште на првото пробување во бутикот. Мажите сакаат целосно да ги променат традиционалните обичаи во облекувањето, па затоа секојдневно преферираат да носат памучни пантолони и маици, во кои ќе се чувствуваат „лесно“. На жените најдобро им прилегаат тесни блескави фустани со ликра. За поформални настани, можат да облечат долги, цветни, лелеави фустани. Со близнаците управуваат рацете и рамената, па сè што ќе ги истакне овие делови од телото, како алки, болеро, греачи за раце, би изгледало одлично на нив.
Рак
Раковите имаат тенденција да се облекуваат според нивното моментално расположение. Нив може некогаш да им се допаѓа некое парче облека, но кога ќе им се промени расположението кое во тој момент го имале, може да се смени и нивниот избор на облека и вкус. Кога се во меланхолично расположение, носат црно-бели комбинации, а кога се порасположени сакаат да носат светли бои. Машките ракови, најудобно се чувствуваат во фармерки кои не се целосно припиени за нозете, но сепак убаво ги оцртуваат облините, во комбинација со памучни поло маици. Најголемата цел која сакаат да ја постигнат женските припаднички во облекувањето, е во магичното мешање на различни материјали, како на пример свила и памук и идеално акцентирање на стилот со разни везени цртежи или апликации. Овој знак троши големи суми пари на долна облека изработена од висококвалитен материјал. Убаво им стои зелена боја. Најчувствителен дел од нивното тело се градите, така што џемпери и маици со V-отвор и подолги синџирчиња ќе изгледаат одлично на нив.
Лав
Родените во знакот лав живеат со стил и сакаат да носат елегантна, добро скроена облека која привлекува внимание. Лавот сака да се облекува најдобро од сите. Дури и кога нешто изгледа недостижно или финансиски недозволиво, тој ќе најде начин да стигне до него. Името на брендот и цената на облеката е она што го диктира модниот стил на лавот. Секогаш го носи она што е тренди и мора да изгледа беспрекорно во секое време. Кога е во прашање модата, удобноста не игра никаква улога во неговиот избор на облека. Машките лавови одлично изгледаат во свилена кошула и вратоврска и елегантно одело. На женските најдобро им стојат капри пантолони или пошироки пантолони до под колена кои се врзуваат на нозете, во комбинација со тесна маичка. Убаво им прилегаат динамични и „живи“ бои, како на пример златно-жолта, кои ќе ги одвојуваат од останатата толпа луѓе. Најкарактеристичен дел од нивното тело е грбот, така што на женските припаднички на овој знак им прилегаат тоалети со отворен грб и скапоцени синџирчиња околу вратот.
Девица
Девиците посветуваат огромно внимание на нивниот стил на облекување. Тие се најчесто минималисти и гледаат со подбив на оние тренди облеки кои не дозволуваат слобода на движење. Без разлика дали станува збор за прешироки пантолони за кои е неизбежно да се носи ремен за да останат на нозе, претесни пантолони во кои не може да се мрдне или корсети кои го оневозможуваат дишењето, девицата дефинитивно ќе ги избегне ваквите трендови. Овој знак расфрла многу пари на облекување и дефинитивно ќе ги прескокне попустите во бутиците. Преферираат да се облекуваат едноставно, класично и пристојно, нивната облека е секогаш совршено испеглана и личи како штотуку соблечена од куклата во продавница. Стилот и облекувањето, според девиците се безвремени и траат за цел живот. Најкарактеристичен дел од нивното тело е стомакот, па вообичаено скромните девици, со задоволство би носеле пократка, тесна маица за да ги истакнат нивните стомачни мускули. Убаво изгледаат во боите на природата, а во нивната минималистичка мода дозволено е носење на сосема малку накит на себе.
Вага
Вагите имаат специфичен вкус за облекување, па типично за нив е никогаш да не се доволно задоволни од својот изглед. Трошат доста време во процесот на одлучување што да облечат или што да купат, сè додека не го одберат совршеното парче материјал. Вагата има тенденција да се носи класично, притоа додавајќи тренди елементи. Следењето на модата е нешто што и доаѓа природно на вагата, но таа тоа го прави на свој уникатен начин. Издвојува доста време за совршено да го искомпонира својот изглед од глава до петици. Убаво и прилегаат сини и темно розови нијанси, во комбинација со црна или сива боја. Изгледа добро речиси во сè, а комбинациите од елегантни и секси материјали се нејзина специјалност.
Скорпија
Модниот стил на скорпијата е некако измешан. Таа има тенденција да се облекува според пригодата и нема некој одреден стил. Кога оди во ноќен клуб, скорпијата може да облече некоја секси облека за да го привлече вниманието на спротивниот пол, а за на работа најверојатно би облекла одело кое ќе прави да изгледа моќно, за да изгледа доволно сериозно за работната позиција која сака да ја има. Таа го облекува она што ги задоволува нејзините потреби или она кое смета дека ќе и помогне да ја достигне целта. Кога станува збор за накитот, скорпијата или носи премногу или воопшто не носи. Стилот на облекување на овој хороскопски знак наликува на животот на актерите; таа ќе го носи оној костим кој најдобро ќе одговара на улогата која таа треба да ја одигра во текот на денот. Овие личности сакаат да ја покажат нивната страст и интензивност преку облеката што ја носат, па преферираат луксузни материјали во силни бои како црвена, црна и виолетова.
Стрелец
Стрелците се авантуристи по природа, кои преферираат да бидат надвор наместо дома и тоа се одразува и на нивниот стил на облекување. Најубаво се чувствуваат во удобна облека и не ги следат модните трендови. Сакаат облека која ќе им овозможува движење и ќе одговара на нивниот активен стил на живеење, па најчесто можете да ги видите во спортска облека, долги лелеави здолништа или широки пантолони. Тие ќе ја носат облеката сè додека не избледи. Стрелците обично не се баш соодветно облечени за пригодата, ама тие воопшто не се грижат за тоа што го носат, туку ги интересира дали другите луѓе ги разбираат на интелектуално ниво. Хипи стилот совршено би изгледал на стрелецот, во комбинација со некои удобни чевли за пешачење или сандали. Светлите бои им го подигаат духот, а убаво им прилегаат и темно сина, жолта и беж боја.
Јарец
Јарците имаат „кежуал“ стил на облекување, сè до оној момент кога сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тогаш машките јарци облекуваат одела, а женските, некои убави потпетици. Тренерките најчесто не се дел од нивната гардероба, а нивното оправдување е дека не можат да си дозволат сè да си купат. Секогаш кога има попуст низ трговските центри, јарците одат по рафтовите и бараат нешто што е практично. И покрај тоа што не ги следат трендовите, јарците одбираат да носат нешто што изгледа добро на нив и може да им помогне да напреднат во кариерата. Јарците се во потрага по евтина, класична, безвремена облека. Наспроти нивната штедлива природа, женските јарци имаат тенденција да трошат доста пари на накит. Зелени и кафени тонови им прилегаат најдобро.
Водолија
Примарни продавници за водолиите се оние каде облеката е евтина. Тие можат да пронајдат уникатни парчиња облека, по цена која нема многу да го наруши нивниот буџет. Водолијата умее да ја следи модата, на свој уникатен начин. Кога е во тренд ретро стилот на облекување, водолијата наместо да се облекува согласно актуелната мода, таа буквално ќе пронајде ретро парчиња. Ткаенини во разни бои и облека која ќе ги шокира луѓето е задолжителна во плакарот на водолијата. Разновидноста го опишува нејзиниот стил на облекување. Како и да е, водолијата би сакала да поседува барем едно одело кроено по нејзина мерка, кое е многу скапо, сјајно, префинето и совршено. Најдобро изгледаат во тиркизна боја, а убаво изгледаат и во виолетово, сино, сиво, црно и вино-црвена боја.
Риби
Рибите имаат едноставен стил на облекување, кој е одраз на нивната сензитивна и сочувствена душа. Тие не се ограничуваат во однос на последните модни трендови. За нив облеката е форма на социјална структура и доколку би можеле, тие би шетале голи. Флексибилни се во она што одбираат да го облечат и најчесто кога купуваат, тоа е од неопходни причини. Но, тоа не значи дека купуваат само колку за да имаат нешто во плакар, туку одбираат парче облека кое навистина им се допаѓа и кое не планираат да го симнат од себе сè додека не се скине. И покрај тоа што рибите преферираат да чекорат боси, тие најчесто имаат неколку пара обувки за да внесат разновидност во својот стил. На рибите облекувањето не им е главна преокупација во животот, па можеби токму поради тоа секогаш изгледаат добро, каде и да одат. Убаво изгледаат во сино, зелено, тиркизно и кајсија боја, а нивниот најдобар стил на облекување може да биде комбинација од старовремско и модерно.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Карактеристични додворувања за хороскопските знаци:

Овен: Бонд. Џејмс Бонд.
Бик: Дома имам шише ладен шампањ, а сум слушнал дека може да се расипе ако стои предолго.
Близнаци: Зошто не би го измериле коефициентот на статичкиот електрицитет меѓу нас двајца?
Рак: Чувствувам дека си сјајна љубовница и тоа помалку ме плаши.
Лав: Веруваш ли во љубов на прв поглед или треба да поминам уште еднаш?
Девица: Не би требало да се шминкаш. Шминката ја нарушува твојата совршеност!
Вага: Душо, поради твојата убавина утринското сонце изгледа побезизразно од месечината.
Скорпија: По години терапија и тестирања сè уште се обидувам да одредам дали сум алергичен на секс или не.
Стрелец: Само да знаеш, величината на моите чевли е 46.
Јарец: Здраво, заработувам повеќе отколку што ти можеш да потрошиш.
Водолија: Ме фасцинираш повеќе од инфинитезимална сметка.
Риби: Имаш газе на голема уметничка.

--- надополнето ---

Вообичаено кога читаме за хороскопските знаци го читаме описот на општите карактеристики. Многу често во нив не се издвојуваат лошите карактеристики на знаците, туку се задржува вниманието на добрите. Овде можете да прочитате за темната страна на зодијакот, односно за лошите страни на знаците. Немојте да се лутите ако во нив ги пронајдете своите мани...

Овен

Овните се недораснати луѓе кои многу често се однесуваат како разгалено мало бебе. Неподносливи се и крајно агресивни. Овенот е егоманијак кој им противречи на сите.

Тој - Мажот Овен може да биде верен само доколку знае дека може да живее свој сопствен живот. Сака да владее, а често знае да биде и тиранин. Има огромна витална енергија која го тера кон агресивност, љубомора и неверство, но тоа не го прави намерно туку на нервна база. Овенот е диктатор и крајно бескомпромисна личност.

Таа - Во состојба е да живее во лоши услови без да приговара. Од надвор често може да делува бесчуствително и агресивно, иако и таа има своја чувствителна страна. Ако не најде човек кој ќе ја скроти знае да стане садист.

Бик

Бикот е дебело, неподвижно, крајно досадно лице кое зборува само за храна, зашто многу често за друго нешто нема поим. Мрзелив е и себичен.

Тој - Мажот Бик е многу чувствителен и затоа може многу често да се налути. Тврдоглав е, а таа негова тврдоглавост се граничи со апсурд. Кога нема да успеe да ги убеди другите и да го им го наметнe своето мислење, кое често знае да биде погрешно, може да стане брутален и гневен. Доколку заклучи дека е неправедно навреден, во состојба е да се лути со месеци.

Таа - Трпелива е и сериозна, исто така материјалистка е и има нееластичен дух. Сака богатство, иако не е амбициозна во остварувањето на својата кариера. Никогаш не започнува да работи поеќе работи одеднаш. Понекогаш знае да биде многу тврдоглава, а околината тоа често го толкува како себичност или дрскост. Посебно е посесивна и љубоморна, па од спротивниот пол бара апсолутна и слепа верност.


Близнаци

Близнаците се кловнови, лажат и ви се внесуваат во лице додека ви зборуваат, ве тапкаат со едната рака, а со другата ве крадат. Никогаш немаат свое мислење, и само дрдорат и дрдорат.

Тој - Лесно знае да се вклопи во сосема ново друштво и амбиент, но тоа е човек кого не го интересира туѓото мислење. Апсолутно е лишен од секаков комплекс и затоа се смета себеси за идеален човек. Склон е кон нагли промени на расположението, а знае да биде многу неискрен и склон кон озборување, макар што знае да се извлече од секаква каша.

Таа - По природа има добра душа и знае да сочувствува со другите, меѓутоа не е алтруист. Нејзини најголеми мани се алчноста и превртливоста. Лесно се воодушевува од сè, а брзо ги напушта нештата за кои треба упорност. Она што нема да го добие веднаш, за неа губи секакво значење. Обожава флертови и сензации, а не може да ја поднесе монотонијата.


Рак

Постојано плаче и се жали за својата лоша судбина. Сто пати во една минута го менува своето расположение. Никогаш не знае дали нешто сонувал или навистина се случило. Едиповиот комплекс ќе го надмине дури во длабока старост.

Тој - Неговата слабост е хипохондријата и понекогаш го прават црна овца во семејството. Ако не пронајде жена која ќе ја замени мајка му, најверојатно најчесто ќе останува дома, чувствувајќи потреба од заштита. Многу често не знае да се соочи со животните проблеми, не поради недостатокот на мотив туку заради спороста и слабоста. Овој човек оди два чекори напред, еден назад.

Таа - Срамежлива е. Многу е чувстивтелна и штом се почувствува навредена, се повлекува во молк. Подложна е на нагли промени во расположението, непредвидлива е, а нејзините реакции понекогаш збунуваат. Знае да биде неправедна и агресивна, иако тоа ретко може да се случи.

Лав

Лавот е накитен како новогодишна елка, тој е глупав, а притоа постојано попува и сите ги тапка по рамо. Се вљубува пет пати на ден, ги тиранизира своите деца и студира по десет години.

Тој - Овој човек го почитува туѓото мислење и не ја потценува туѓата личност, но само доколку не почувствува дека е над неговата. Знае да биде препотентен и да изгледа како да е сам себе доволен. Може да биде многу горд и контрадикторен и да одбива туѓи совети. Сака да управува со животот на другите, безгранично си верува себеси и на своите можности, а со тоа се здобива со непријатели кои го сметаат за мегаломан.

Таа - По природа е оптимист и секогаш ја гледа позитивната страна. Поради својата претерана надменост, па и импулсивност, таа лесно се лути. Во своето неконтролирано однесување знае да ги повреди луѓето околу себе.

Девица

Тоа е искомплексирано лице кое постојано цитира лекари и поети. Сака нешто да работи, но нема идеи. Се гнаси од физички контакт со луѓе и предмети.

Тој - Овој човек е во состојба да прекине дури и цврсти пријателства заради најбанални причини или пак заради некои принципи. Има изразена амбиција, па понекогаш заради тоа ги губи човечките вредности, следејќи ги безглаво своите соништа кои ретко се остваруваат. Знае да биде голем ситничар и понекогаш се чувствува како да има многу мала вредност и покрај своите квалитети.

Таа - Кај неа ништо не е случајно. Уредна е и методична, меѓутоа понекогаш и премногу аналитична. Таа е пресметлива, а нејзините чувства можат да бидат задоволени преку материјалните потреби. Кај неа сè мора да е под конец.

Вага

Тоа е нарцисоидно и себично лице кое не е во состојба за ништо да се реши, дури ни за тоа дали да стане од фотелја или да остане да седи. Комплетно е незаинтересирано, а тонот на гласот му е ист без разлика со кого зборува. Она што на сите им е јасно и очигледно, Вагата збунува до парализирање.

Тој - И покрај сите успеси тој секогаш си го поставува прашањето: Дали можев подобро? Никогаш не е задоволен од себеси и тежнеее кон совршенство. Среќен е кога луѓето гласно аплаудираат на неговите досетки. Во овој шармантен човек се крие волк во јагнешка кожа. Тој може да биде и непријатен со својот цинизам и со своето неконтролирано однесување да предизивика револт во околината. На сите ќе им ја вети својата помош, на која наскоро ќе заборави и ќе си замине со насмевка.

Таа - Тежнее кон независност иако останува врзана за родителите, особено за мајката. Премногу е лежерна, разгалена и каприциозна, навикната да и биде задоволена секоја желба. Во љубовта е неверна, непостојана, и длабоко е уверена дека светот постои само заради неа.

Скорпија

Го мрази целиот свет, а најмногу себеси, бидејќи смета дека е премногу попустлива кон партнерот кој го чува заклучен веќе трети ден во шпајзот.

Тој - Од блиските бара многу, но и самиот умее да дава. Сепак е саркастичен тиранин, и цврсто верува дека му е непријател секој кој не му пријател поради што станува свиреп и си создава нови непријатели. Негови мани се љубомората, тврдоглавоста и вечната желба за нешто посебно, потоа сарказмот и осветољубивоста.

Таа - Нарцисоидна е, упорна и со нескротилива волја. Нејзината морална сила секогаш триумфира над волјата на другите. Не отстапува ни пред најголемите опасности. Кога ќе биде навредена може да примени и насилство за да докаже дека е во право. Инаку таа е вамп жена, итра е, сака промени и со неа не треба да си играте.


Стрелец

Упорно се додоворува на сè што оди, а не приметува дека облекол две леви чевли. Најгрубо навредува и ги изнесува валканите работи на луѓето околу себе. При тоа има блажена насмевка, мислејќи дека така стекнал пријатели.

Тој - Самоуверен е и борбен, а кога ќе наиде на препрека не се повлекува туку со двојно повеќе енергија се соочува со неа. Понекогаш му пречи кога не е центар на внимание и ќе направи милион стратегии за да го сврти општиот интерес кон себе. Фалбаџија е, сноб и вообразен.

Таа - Не знае да се преправа, иако понекогаш е таинствена. Понекогаш е премногу самоуверена па може да делува арогантно и површно. Знае да биде агресивна, остра на зборови и да не може да ги контролира своите гестови. Сепак најчесто господари со своето однесување.

Јарец

Му пее народни песни за љубовта на својот сто години постар партнер и истовремено му става отров во виното за да остане сам во станот. Тоа се валкани и прости луѓе кои не се во состојба да кажат една вистина во својот живот.

Тој - Чувствителен е и ранлив, а тоа вешто го прикрива со своето самоуверено однесување. Често се жени заради пари. Песимист е, тешко ги заборава навредите, пати од своите фикс идеи, а кога ќе увиди дека претерал, обично е доцна. Најчесто е на дистанца, резервиран, понекогаш меланхоличен, па дури и агресивен.

Таа - Знае да биде цинична, а понекогаш е тешко да се сфати нејзината ќутлива и повлечена природа. Во очајна состојба може да крене и рака на себе, но за среќа депресиите бргу и поминуваат.

Водолија

На сите им зборува дека се егоисти и материјалисти, учи дека луѓето се еднакви, дека треба да се помага и така натаму, а кога ќе придобие наивни гласачи ќе им седне на грбот.

Тој - Склон е кон непредвидливи напади на бес и тогаш речиси не владее со себеси. За среќа брзо му поминува и се враќа на ведрината. Знае да биде немилосрден кон себеси, трпејќи без приговор. Нема чувство за пари, немарен е во однос на работата и не враќа долгови.

Таа - Понекогаш е голем противник на бракот и обврските кои и ја кочат слободата. Најсреќна е кога може да се забавува, особено во машко друштво. Инаку е ранлива и тешко може да преболи кога ќе се сруши некој нејзин идеал. Противник е на сите конвенции и нема предрасуди.

Риби

Тоа се луѓе практично "изгубени во вселената". Вечно патат за тоа дали како деца случајно згазнале на мравка. Немаат свое "јас" и нема теорија да (на пример) можат да положат возачки испит.

Тој - Не го цени многу својот талент. Често е нерешителен и плашлив и покрај тоа што сака да ризикува. Склон е кон промени во расположението, многу фантазира и често во својата занесеност не забележува дека животот минува крај него.

Таа - Оваа жена е срамежлива и често мистична. Штом почувствува опасност се повлекува во себе. Знае да биде тврдоглава, нервозна, понекогаш каприциозна, па дури и хистерична. Најчесто е разгалена. Понекогаш делува нападно, иако е многу скромна. И покрај сите нејзини квалитети, често не ја сфаќаат, а понекогаш и ја навредуваат.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Ај ако може некој да ми каже : јас (рак) таа (бик) дали одговараат?
 
Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58
Карактеристични додворувања за хороскопските знаци:

Рак

Постојано плаче и се жали за својата лоша судбина. Сто пати во една минута го менува своето расположение. Никогаш не знае дали нешто сонувал или навистина се случило. Едиповиот комплекс ќе го надмине дури во длабока старост.

Тој - Неговата слабост е хипохондријата и понекогаш го прават црна овца во семејството. Ако не пронајде жена која ќе ја замени мајка му, најверојатно најчесто ќе останува дома, чувствувајќи потреба од заштита. Многу често не знае да се соочи со животните проблеми, не поради недостатокот на мотив туку заради спороста и слабоста. Овој човек оди два чекори напред, еден назад.

Таа - Срамежлива е. Многу е чувстивтелна и штом се почувствува навредена, се повлекува во молк. Подложна е на нагли промени во расположението, непредвидлива е, а нејзините реакции понекогаш збунуваат. Знае да биде неправедна и агресивна, иако тоа ретко може да се случи.
Колку точно. :kesa: :)
 
Член од
16 февруари 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
Астрологијата и ерогените зони

[
Рак: гради
Машките и женските припадници на знакот рак, обожаваат француски бакнежи. Градите им се најсензибилниот дел од телото, па ако нежно ги допирате и лижете по градите, верувајте дека ќе добиете „жешка“ реакција. Исто така, внимателни штипкања по градите можат да го зголемат неговото задоволство.
Текстов ти е врел :salut: но, за мене не е точен...француски бакнежи да, а не би рекла дека градите ми се најсензибилен дел. Можеби подзнакот ми влијае повеќе.

--- надополнето ---

Како хороскопските знаци ја градат кариерата

Хороскопските знаци во складот са своите општи карактеристики имаат и склоности кон различни професии. Според своите особини, хороскопските знаци на различен начин градат кариера; некои многу сакаат да станат шефови и ништо не ги сопира на тој пат, додека други подобро се чувствуваат во група и кога од нив не се очекува да носат важни одлуки. Видете сами дали сте родени за шеф или да бидете лојален и пожртвуван работник.
ОВЕН – Вие уживате кога Ви се одушевуваат, па успехот на работа многу Ви значи. Директни сте и отворено кажувате колку Ви е важна кариерата. Обожавате да се натпреварувате и храбро напредувате кон целта. Тешкотиите на патот кон успехот се само подстрек и желба да сте уште поуспешни. Не прифаќате критика, тврдоглави сте и сакате се да биде по Ваше.
БИК – Работите полека, но затоа секогаш го завршувате она што сте го почнале. Поради пари сте спремни да работите и нешто што не Ве исполнува- се за Вашата удобност и материјална сигурност. Се занимавате со нелегални работи, но и тука успешно се снаоѓате. Кога сте дошле до саканото место, нема сила која ќе Ве смени од неа.
БЛИЗНАЦИ – Снаодливи и способни сте да работите неколку работи истовремено. Не одбивате ниедна работа. Ви одговараат работни места кои Ви овозможуваат постојано да сте во движење и да доаѓате до нови информации. Колегите Ве почитуваат, зошто не постои ситуација од која Вие не можете да се извлечете.
РАК – Најдобро се снаоѓате во сопствен или наследен бизнис, иако Ви одговараат и работни места во угостителството и трговијата. Ако се заинаетите, нема расправање со Вас; а ако се замерите со некој од колегите ќе го оговарате. Имате добар однос со колегите се додека тие се добри со Вас.
ЛАВ – Лесно ги организирате своите обврски, па Вашите колеги Ви завидуваат. Брзо носите одлуки и успевате секогаш да најете позитивно решение. Како работник сте упорни и цврсто одите кон повисока положба, додека како шеф сте великодушни и грижливи. Но, со мрзливците сте сурови.
ДЕВИЦА – Играте на сигурно и спремни сте да останете на пониска положба, ако за успех е потребно да ризикувате. Прибрани сте и одмерени, па во кризни ситуации сте одлични. Имате трпение кога треба да држите обуки, што Вашите колеги го почитуваат. Уживате во добро организирана работна атмосфера.
ВАГА – Со вродена лежерност и шарм ги решавате сите проблеми во работата. Изгледате како личност од доверба и затоа успешно соработувате со сите. Спремни сте да трпите непријатности и неправди се додека не се дојдете до саканата функција, а потоа полека станувате непријатни. Слободно може да се каже дека сте една од најголемите трачари во фирмата.
ШКОРПИЈА – Во најголем број случаи сте успешни во било која работа. Не признавате пораз и секогаш сакате да имате контрола над ситуацијата. Вие сте најголемиот професионалец меѓу хороскопските знаци; како работник сте верни, а како шеф мошне строги, па на своите вработени ретко им давате втора шанса.
СТРЕЛЕЦ – Вие умеете да бидете мајстор во својата работа. Секоја професија која подразбира патувања и контакт со луѓе е идеална за Вас. Колегите ги ценат Вашите способности и познанства преку кои најчесто „завршувате” работа. Скони сте да им се лигавите на претпоставените, а како шеф сте нереални.
ЈАРЕЦ – Вашата верност, посветеност и упорност на крај ќе Ви се исплати, па со уживање ќе ги дочекате своите пет минути. Им помагате на колегите и несебично го делите своето знаење. Как шеф се стремите кон највисоката можна положба. Најдобро Ви лежат работи во финансиите, политиката или банкарството.
ВОДОЛИЈА – Обожавате да ги шокирате другите со својата способност да се занимавате со повеќе различни работи истовремено. Меѓу соработниците ширите позитивна енергија и ентузијазам. Како работник сте лојални, но потребна Ви е слобода, а како шеф таа слобода им ја давате на подредените.
РИБИ – Интуитивни сте и способни да го предвидите секој чекор на конкуренцијата или да намирисате проблем. Препознавате шта носи заработка Во работата. Со колегите сте блиски, а со шефот се однесувате доволно мудро да помисли дека сте наивни. Како шеф им се лигавите на подредените, но за возврат умеете да го добиете она што го сакате.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Астрологијата и влијанието врз другите луѓе

Влијанието кое го остварувате врз другите луѓе, зависи од вашиот хороскопски знак.


Водните знаци (рак, скорпија и риби) се исцелителите во зодијакот, бидејќи се способни да создадат повеќе хармонија и мир во нивното опкружување, отколку што чувствуваат во самите себе. Тие се најчесто претерано сентиментални личности, но имаат навистина голема вештина да направат другите луѓе да се чувствуваат подобро. Тие едноставно знаат кога треба да покажат топлина, љубов и разбирање, а кога треба да се повлечат настрана.

Земјените знаци (бик, девица, јарец) секогаш создаваат чувство на сигурност и безбедност и најчесто се способни да понудат практични решенија во деликатните ситуации или во најмала рака, умеат да си најдат некаква разонода кога се соочени со нерешлив проблем. Земјените знаци се ориентирани кон реалните нешта во животот и поради тоа се многу продуктивни личности, способни да произведат видливи резултати.

Воздушните знаци (близнаци, вага и водолија) се јаки на зборови, но не баш со емоции. Тие преферираат да стојат настрана од емоционалните ситуации и да го анализираат животот, но тоа нивно однесување може да му стане здодевно на нивниот партнер, кога нему му е потребна поддршка и разбирање. Огнените знаци не дозволуваат емоциите да ги надвладеат. Тие сметаат дека секоја емоција може да биде логички објаснета и разрешена. Не се сигурни во што веруваат, бидејќи нивните желби и гледишта се менуваат, како што се менува времето.

Огнените знаци (овен, лав и стрелец) шират чувство на морал и етика во нивното опкружување, но не се толку сочувствени со другите луѓе. Нивната самоувереност, променливост и страст, можат да имаат различен ефект врз другите луѓе. Тие се духовно дарежливи личности, кои сакаат да остваруваат влијание врз другите. Огнените знаци се создавачите на енергија во зодијакот, кои сакаат да им помогнат да луѓето околу нив целосно да го искористат нивниот потенцијал.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Диетата и хороскопските знаци

Проверете која е идеалната исхрана за вашиот хороскопски знак.

Овен

Овните се енергични и решителни, па секоја диета ќе ја започнат со прецизен план, ентузијазам и одлучност. Бидејќи сакаат брзи резултати, лесно ќе се откажат ако килограмите не почнат веднаш да се топат. Најдобра диета за припадниците на овој знак се состои од риба, морски плодови, свежи салати и овошни сокови (особено јаболко и цитрон) како и големи количини вода. На тој начин ќе го контролираат својот силен „огнен“ метаболизам.

Бик

Биковите, моќните земјени знакови, губат тежина тврдоглаво, полека и континуирано. Бидејќи по природа се многу трпеливи, еднаш кога ќе одлучат да бидат на диета, нема да им биде проблем да ги чекаат резултатите на диетата и темелно да се придржуваат на постулатите за здрава исхрана. На Биковите им се препорачуваат плодови од земјата (особено есенски – јаболка и грозје), зеленчук и зачини како чили и кари, се разбира задолжитено и житарици. Треба да избегнуваат индустриски шеќер, бисквити, колачи и многу мрсни сосови. Познато е дека машките Бикови се големи гурмани и дека сакаат многу да јадат, тоа не е проблем додека се млади, но подоцна треба да се придржуваат на диеталните правила поврзани со нивниот хороскопски знак.

Близнаци

Близнаците често јадат хаотично и често избираат нездрава храна. Астролозите на Близнаците им советуваат да јадат почесто, по малку. Исто така треба да избегуваат кафе и сите пијалоци што содржат кофеин, наместо нив да пијат зелен чај. Близнаците треба да јадат што повеќе свежо овошје, како портокали, грејпфрут, праски и кајсии, односно што повеќе да уживаат во сезонското овошје.

Рак

Раковите се големи гурмани и големи мајстори во кујната кои непрестано испробуваат нови рецепти. Обожуваат ресторани, големи семејни дружења, правење колачи и сè што има врска со храната и готвењето. Раковите, особено женските припаднички на тој знак имаат тенденција да се дебелеат, особено во подцнежните години, затоа за да го сочуваат здравјето, треба помалку да јадат, односно да се одлучат за разноврсна нискокалорична исхрана. И на жените и на мажите им препорачуваме да јадат риба, морски плодови, грозје и особено сокови од зеленчук – морков, цвекло, брокула, зелка... Секако, мораат да избегнуваат шеќер, колачи, бел леб и пиво. Раковите се емоционални и лесно се вознемируваат. Своите стресови многу често ги „лекуваат“ со прејадување, но често имаат и проблеми со варењето. Важно е да јадат правилно и проверено, особено кога се на патувања во егзотичните земји, храна на која нивниот организам не е навикнат.

Лав

Лавовите се вистински хедонисти кои сакат патувања, слобода, добра храна и фини пијалоци. Лавовите воедно се силни знакови со јаки и брз метаболизам кој што им овозможува да останат активни и тенки. Треба да јадат разноврсно, особено зеленчук богат со железо, како што е спанаќот или брокулата, цвеклото, грозјето, кокосот... Лавовите мора да се занимаваат со интензивна физичка активност бидејќи во подоцните години, имаат тенденција на дебелеење.

Девица

Девиците имаат мрзлив и осетлив систем за варење. За нив најсоодветна е лесната исхрана. Пописот препорачува храната за Девиците да вклучува секогаш варен зеленчук, спанаќ, салати, житарици, домати, јаболка, банани и интегрален ориз. Девиците особено, треба да избегнуваат фаст фуд, многу месо, многу зачинета храна, маснотии како и варена храна со премногу масло.

Вага

Иако се многу активни, Вагите не би смееле својот организам да го опетеретуваат со прејадување и препивање. Тие мора да пијат поголеми количини вода, да избегнуваат алкохол и било какви благи пијалоци и да јадат храна богата со протеини. Астролозите им препорачуваат повеќе риба, морски плодови, јогурт и фрментирани млечни призводи, интегрален ориз, пченка, домати, спанаќ, грозје, јаготки и бадеми. На машките Ваги им се препорачува од менито да ги исфрлат бисквитите и колачите, односно да јадат храна богата со растителни влакна.

Скорпија

Најголемиот проблем со Скорпијата е тоа што поради стравствена фокусираност на нешто (работа, љубов, креативно создавање...) често пати заборава да јаде, па тоа го надоместува со големи и бргу изедени оброци. Исто така Скорпиите знаат да бидат фанатични и алчни. Идеална храна за нив се интегралниот ориз, зелената салата, целерот, краставичките, цречите, поморанџите и лимоните. Тие сакаат зачинети јадења, но бидејќи (особено жените) имаат осетливи слузници, мора да избегнуваат претерување со лути зачини.

Стрелец

Стрелецот е огнен знак кој често пати претерува со исхраната. Не е класичен гурман како Бикот или Ракот па често одбира нездрави фаст фуд оброци. Стрелците се мрзливи за готвење па јадат од нога и на брзина. Идеална храна за овој знак е: овошје богато со витамин Ц, домати и многу лук и кромид.

Јарец

Јарците најчесто немаат големи проблеми со вишокот на тежина, иако сакаат да јадат. Нивниот метаболизам е брз и правилен. Ако им се случи да се задебелеат, многу бргу се враќаат во оптимална форма. Нивна препорачана диета е онаа што вклучува зеленчук, зеленчукови супи, салати, умерени количини месо (кокошкино и дивеч). На Јарците им се препорачува да јадат чоколадо затоа што го поправа нивното сериозно и често „тмурно“ расположение.

Водолија

Водолијата е весел и активен знак кој што не е опседнат со храната. Ако сакаат да држат диета, Водолиите мораат да внимаваат да не јадат многу мрсно месо и колачи. Нивната идеална диета влкучува овошје, особено јаболки и цитрони, сушено овошје и ореви, бадеми и лешници. Машките Водолии треба да престанат да смислуваат ексцентрични комбинации на јадења и во својот живот да ја вратат навиката да консумираат едноставна и добро сварена храна.

Риби

Исто како и Раковите и Биковите, и тие сакаат многу да јадат, но потоа имаат проблеми поради својот осетлив организам. Многу Риби имаат проблеми со желудникот и верењето. Емоционалните стресови кај нив често се манифестираат како чир на желудник или зголемено лачење на желудочна киселина. За да издржат во здравата исхрана им треба подршка од семејството и пријателите. И жените и мажите Риби треба да јадат храна богата со железо и цинк, како јајца, џигер, житарици, грав, спанаќ, остриги, грозје, суви сливи, кајсии и праски.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Астрологијата и улогата во семејните драми

Рак

Овој знак ќе направи сè што е во неговата моќ за да ја врати слогата и единството во семејството. Тој ќе ги понуди членовите на семејството со разни закуски, за да се увери дека сите ќе бидат добро најадени пред да почнат да навлегуваат во „тешки дискусии“.

Девица


Во напнатите фамилијарни ситуации девицата нервозно трчка наоколу нудејќи им на сите практични решенија и помош. Таа умее да ги разреши комплицираните ситуации благодарение на нејзиниот аналитички ум.

Вага


Вагата сака хармонична атмосфера, така што ќе се обиде да направи сè што е во нејзина моќ, за да ја „смири топката“. Вагите имаат исклучителна способност за внимателно слушање и можат навистина да разберат што другите сакаат.

Риби


Припадниците на овој хороскопски знак се несекојдневни луѓе, кои навистина умеат длабоко да сочувствуваат со емоциите на другите луѓе и е одлично да ги имате во вашата близина. Но, рибите понекогаш се затвораат и се изолираат во нивниот свет, бидејќи се плашат од напнати драматични ситуации.

Јарец


Овој знак стои цврсто на земја и умее да си ги контролира емоциите. Јарците се спремни да дадат одговор на секое прашање и може да се каже дека тие најдобро можат да ја смират тензичната ситуација и да помогнат да се реши конфликтот.

Скорпија


Кога станува збор за драматичните ситуации во семејниот дом, скорпијата ја игра улогата на заштитник, кој ги брани и им дава поддршка на оние членови од семејството, кои се најмногу нападнати и емотивно повредени во конфликтот.

Бик

Овој знак обично влева чувство на безбедност кога започнува да владее хаос во домот. Но, биковите сепак стануваат претерано осетливи ако ситуацијата постане премногу хистерична, бидејќи тие не ја гледаат поентата во бурното емотивно реагирање.

Овен


Ако некој член на семејството е третиран неправедно од страна на останатите, овенот веднаш ќе почне да го брани и заштитува. Гневот и лутината на овој хороскопски знак никогаш не трае долго, така што после кратко време, тој ќе ги смири сите инволвирани во кавгата.

Стрелец


Стрелците ги гледаат нештата од поширока перспектива, благодарение на што се полни со разбирање за своето семејство и не се вознемируваат поради некоја за нив – ситна кавга.

Водолија


Водолиите се одлични медијатори кои не ризикуваат да се вовлекуваат себеси во заземање страни. Тие преферираат да се држат настрана од семејните кавги и само ќе потенцираат дека сите треба да бидат потолерантни додека разговараат.

Близнаци


Овој знак не сака емотивни ситуации, поради што ќе настојува да ги освежи „вжештените глави“ на семејните членови преку добра комуникација, која ќе овозможи сите да почнат повторно да размислуваат и да се однесуваат нормално.

Лав


Лавот е забавувач и ќе се обиде да направи сите да се насмеат дури и во тензичните ситуации. Тие се вознемируваат само кога сметаат дека некој ги игнорира, а во тие ситуации не очекувајте некакво сочувство или разбирање од страна на лав.


http://www.kafepauza.mk/astrologija/astrologijata-i-vashata-uloga-vo-semejnite-drami/
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Астрологијата и барањето прочка од партнерот


Стрелецот е непоправливо груб, нетактичен и суров и најчесто прекасно сфаќа дека неговите импулсивни реакции и зборови кои не се на место, погодиле некоја многу сензитивна точка кај неговиот љубовен партнер. Во секој случај, стрелците не се злобни по природа и (доколку сфатат навремено) ќе се обидат да се оддолжат за нивните непромислени реакции.

Овенот има тенденција инстантно да заборава што кажал во моментот на бес и не може да сфати зошто некој би требало да биде загрижен за нешто што се случувало пред еден час, а камо ли за нешто од минатата недела. Претставниците на овој хороскопски знак мораат да научат да сочувствуваат со оние луѓе кои имаат поинаков темперамент од нивниот.

Близнаците знаат да бидат тотално безобѕирни во однос на чувствата на другите, а нивните коментари во момент на кавга можат да бидат многу ладнокрвни. Исто како и овните, близнаците не можат да сфатат зошто треба да се крева толкава врева околу нешто, поради што не чувствуваат дека имаат за што да се извинат. Луѓето родени во оној хороскопски знак мораат да научат повеќе да се потпираат на она што им го кажува срцето, а помалку на разумот и само тогаш ќе бидат способни да сфатат каде е проблемот.

Водолијата знае да стане непредвидливо директна во кавга и тврдоглаво одбива да признае дека нејзините зборови се тотално нечувствителни. Таа исто така, знае да тера инает и сака буквално да провоцира само за да ја види реакцијата на партнерот. Извинувањето не е нивна јака страна, освен доколку тоа не го побарате од нив на некој кул пријателски начин.

На скорпијата во принцип не и е забавно да предизвикува ситуации кои создаваат проблеми. Но, таа сака партнерот да и ги почитува мислите и чувствата, така што типично за неа е да каже по некој зајадлив коментар, кој е всушност одмазда за некоја претходна препирка во врската. Повеќето скорпии извинувањето го доживуваат како самопонижување. Тие треба да научат да забораваат на лошите работи кои се случиле во врската, да се разведрат фокусирајќи се на убавите и да продолжат понатаму со животот.

Девицата знае честопати да биде претерано пребирлива и не може секогаш да сфати дека нејзините „добри“ забелешки, за личноста од спротивната страна можат да звучат како најлоши критики. Наспроти нивната „бодликава“ надворешност, девиците имаат добро срце, благодарение на што тие набрзо ги исправаат грешките кои ги направиле.

Вагата мрази ситуации во кои владее непријатна атмосфера. И покрај тоа што таа знае да биде премногу аналитична, критична и огорчена во однос на негативните карактерни особини на нејзиниот љубовен партнер, таа сепак е желна кратко после расправијата да ги „излекува“ повредените чувства на партнерот.

Ракот толку многу не може да поднесе чувствата да му бидат повредени, што има тенденција да се воздржува од изразување на неговите размислувања, бидејќи се плаши да не испровоцира контранапад. Кога раковите сепак се решаваат да ги искажат нивните замерки во однесувањето на нивниот партнер, тие набрзо после муабетот ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја вратат хармонијата и спокојот во врската.

Рибите имаат тенденција да бидат изненадувачки брутални во нивните замерки кон партнерот, кога нивниот потиснат гнев ќе излезе на површина. Кога хаосот ќе помине и ќе си ја „оладат“ главата, рибите ќе бидат толку стаписани од нивната постапка, што ќе трчаат кон партнерот со букети и чоколада в рака, за да бараат прочка од него.

Бикот вообичаено е сталожен и спокоен, но знае да постане екстремно избувлив кога ќе се вознемири. Тој не сака да каже „извини“, бидејќи смета дека таквата постапка го става во подредена положба, но затоа неговите постапки ќе зборуваат погласно од зборовите, па наместо „извини“ бикот ќе ви понуди прегратка и бакнеж.

Ако избие љубовна кавга, јарецот веднаш ќе „исчезне“ од просторија и ќе отиде да работи нешто друго. Но, јарецот ја обожава безбедноста која ја создава пријателскиот дух во љубовната врска, па затоа порано или подоцна ќе се врати назад за да ги измрмори вистинските зборови, се разбира, доколку не му оставите алтернатива.

Лавот во ваквите ситуации секогаш се обидува да ја префрли вината на другиот, притоа правејќи коментарите кои ги кажува со цел да го засрами партнерот, да звучат оправдано. Лавот не знае баш да ја преземе одговорноста за сопствените грешки, па би било добро доколку неговиот партнер го познава доволно добро, за да сфати дека ќе му биде потребно подолго време за да признае дека погрешил.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Астрологијата и летните љубовни авантури

Овен

Сатурн доминира во вашата љубовна ѕвезда, што ќе ви помогне да донесете конечни одлуки за љубовните врски, што ќе има долготрајни последици. Вие сте знак кој сака посветеност, затоа не губете си го времето со нестабилни партнери.
Бик

Јупитер во вашиот знак ве става во фокусот на вниманието и ќе ви донесе многу можности за запознавање нови луѓе. Истражувајте, а вистинската врска ќе ви ја овозможи слободата за експериментирање.
Близнаци

Љубовта има скриена тематика во вашиот знак, што е резултат на мистериозното влијание од Јупитер. Марс е во знакот на близнаците во периодот од 22 јуни до 4 јули, па тогаш ќе бидете самоуверени да појдете по она што го сакате во љубовта. Бидете храбри!
Рак

Вашите пријатели се вашите волшебници кои ќе ви донесат среќа во љубовта. Затоа, ако сте сингл, оставете го вашиот пријател/ка да се стави во улога на Купидон. Вљубените ракови ќе уживаат дружејќи се повеќе време со пријателите. Фамилијарниот живот, живеењето во пар и плановите за заеднички живот ќе тргнат напред.
Лав

Целосно сте посветени на работата, повеќе од кога било, со оглед на тоа дека Јупитер ви помага да напредувате на професионален план. Бидете подготвени да се носите со вашите чувства бидејќи возможни се романтични авантури на работното место. Во периодот од 29 јули до 21 август, Венера ќе се наоѓа во вашиот знак. Тогаш ќе заблескате со својот изглед, па ова е најдобар период да привлечете онаква љубов каква што заслужувате.
Девица

Јупитер ќе ја разбуди вашата немирна страна, што ќе ве натера да го зачините љубовниот живот. Излезете надвор од зоната на комфорот и предизвикајте се самите себе да испробувавте нови работи. Бидете лојални кон пријателите и во љубовта. Некои недоразбирања можат да резултираат со одложувања на љубовните авантури до август.
Вага

Влијанието на Сатурн ви помага да созреете и да донесете подобри одлуки во љубовта.
Ќе научите како да се справите со оние кои не се доволно сериозни. Имајте време за луѓето што ви се важни. Голема е шансата да се обврзете и да донесете клучна љубовна одлука.
Скорпија

Со темпераментниот Јупитер во вашата љубовна зона, ова ќе биде едно исполнето лето за вас. Слободните скорпии ќе добијат многу романтично внимание, додека оние кои се во врска ќе можат да ја однесат врската на следното ниво, полесно од вообичаено.
Стрелец

Сега сте посенсзуални од кога било и сте склони кон намалување на темпото во љубовта за да можете да уживате во секој момент. Малите љубовни гестови значат многу повеќе од некакви екстравагантни подароци. Затоа, правете приземни љубовни планови.
Јарец

Марс ќе биде во вашата љубовна зона од 4 август, па оттогаш ќе бидете отворени за сè. Оваа планета ќе ви донесе и самодоверба, што пак ќе ви помогне да се однесувате како што се чувствувате. Возможно е да тргнете напред во љубовта. Не чекајте, преземете го првиот чекор!
Водолија

Меркур ќе ви помогне да остварите нови конекции и подобро да ги запознаете оние што ги сакате во месец јули. Венера ќе ви овозможи љубов во август, но треба да бидете флексибилни со оглед на ретроградното влијание, што значи дека е можно да се случуваат недоразбирања. Бидете јасни во комуникацијата.
Риби

Ова лето треба да се изразувате себеси на секој начин, бидејќи можете да направите значителни промени во љубовта под влијание на Јупитер. Рибите што се во врска ќе се почувствуваат подготвени да ја продлабочат блискоста и довербата преку донесување практични одлуки, како на пример, заедничко користење на парите и местото на живеење.

http://www.kafepauza.mk/astrologija/astrologijata-i-letnite-ljubovni-avanturi/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom