Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.372
С

Сатори

Гостин
И јас сум подготвена да си чекам ...
Јас сум Близнаци-Овен, Близнаци во Месечина ... комбинирај ме со Вага-Стрелец?

Ќе биде нешто или да барам нов партнер? :pipi:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
Стрелец во подзнак лав, Медеа?

Ќе си почекам... :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
epa aj i mene:)
znak bliznaci
podznak lav
mesecina rak
:smir:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Девица - јас, подзнак Скорпија , и риби?
Ако имаш девојка риби, мораш да и ја покажеш твојата скриена сензуалност, која сигурно ја поседуваш поради скорпијата во тебе.Кога си заљубен, имаш двојна природа-во тебе има и силна страст, но на моменти и стабилно прифаќање на појавата љубов.Жената риба е многу емотивна и и треба романтика, нежност,и затоа сте добар спој, поради твојот воден подзнак.Таа може да те инспирира, и заднички да си бидете потпора, со тоа што рибата е креативен творец, а девицата реализатор.Се поврзувате и духовно, поради потребата да ги гледате работите под површината, и во сексот потребите ви се на слично ниво, најчесто нежни, на моменти и кретаивни пози кои во тебе го будат еросот на скорпијата, а неа и даваат сигурност.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Лав-близнак и Лав-близнак?:) ај подоцна :) чекаме.
Бидејќи и двајцата сте ист знак и подзнак, тоа значи дека спојот колку што може да биде хармоничен, толку и да ве спобудали.Оваа комбинација кај мажот создава потреба да биде виден во толпата, секогаш уважуван од пријателите, на моменти преамбициозен и дрдорко кој не внимава пред кого што и како кажува.Женската комбинација пак е организатор на друштво, љубопитна и нескриено емотивна, која сака прва да искуси нешто што и е предизвик.Хармонично во сексот, и двајцата сакате да си играте, иматете силни апетити, но две ега кога ќе се судрат, подобро бегајте-посебно ако вие го провоцирате мажот лав, кој бесно реагира само кога е нападнат.Мажот во оваа комб.е верен само кога сака, а тоа важи за тебе-значи сакате флерт, интересни позиции во друштво и секојдневна доза шарм која си ја набавувате пред огледало.Сепак, сладок спој:helou:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
И јас сум подготвена да си чекам ...
Јас сум Близнаци-Овен, Близнаци во Месечина ... комбинирај ме со Вага-Стрелец?

Ќе биде нешто или да барам нов партнер? :pipi:
Хааха...не мора да бараш...ова е една од оптималните комб.затоа што има баланс меѓу огнот и воздухот.Инспиративно!Ти си човек со свеж дух,Петар Пановски профил, кој овенот го надополнува со силна динамика и потреба да се комуницира со светот, и многу сензибилен тип, а месечината дополнително те прави дружељубива,знак кој многу често е распрснат на 100 страни, не знаејќи што попрво да избере.На нерви си послаба, имаш потреба да викаш кога си нервозна, но тоа трае кратко, и за тоа е виновен овенот во тебе.Типот вага стрелец ти е интересна појава зошто во тебе ја буди љубопитноста и жедта за авантура,а овој знак би јавал коњи под небо со ѕвезди за само да те маѓепса...Очекуваат префинет флерт и мноогу интелектуални стимуланси,а ти имаш тоа да го понудиш...ај хоуп из инаф...Ме боли раката веќе:pos:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Стрелец во подзнак лав, Медеа?

Ќе си почекам... :)
Авантуристка со голема суетност, филозофски тип на човек кој задлабочено замислува како изгледаат мистичните краишта кај што сака да отиде..Брзоплета, импулсивна, често мора да бира меѓу разум и срце, плаче сама, не сака друг да ја гледа-лавовската гордост никогаш нема да падне.Сакаш да им бидеш потпора на другите, но често се наоѓаш во ситуација сите да ти се обраќаат за совет, а ти да се чувствуваш искористено, но и со тие имаш начин како да се справиш=стрелецот пред се се заштитува себеси, и со своите забелешки ќе стави до знаење дека не е спасител на човештвото, иако има амбиции да го смени.Во љубов верна, но и љубопитна, желна за внимание но и своја иинтима, не се отвора лесно и често делува арогантно(тоа е најлошата особина на огнените знаци, и јас сум лав, знам:))но тоа е едноставно твојот шарм.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Риби во Сонце и месечев знак Скорпија.
Може коментар?:)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ај мене некој нека ме објасни-дупли лав сум.Уфф.
 

*^Ѕверче^*

**InVaLid TiTle**
Член од
15 февруари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
10
Близнаци-Водолија и Девица-Рак..??? :smir:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Риби во Сонце и месечев знак Скорпија.
Може коментар?:)
Рибата носи мечти, визионерство, склоност кон уметност, музикалност дури и мазохизам-имаат потреба да се затвораат во свој свет и од таму да набљудуваат што се случува.Скорпијата те прави силна, интуитивна, еротски храбра, но не со секој партнер, дава мистика, окултност, дури на моменти и тешки мисли кои ги плашат другите...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
epa aj i mene:)
znak bliznaci
podznak lav
mesecina rak
:smir:
Комбинација на спротивставеност, но и израз на енергија, и двата знака се полетни, енергични, динамични, но ракот те прави хиперсензибилна и малку раздразлива кога нема да успееш да си ги оствариш целите. Брзо пламнуваш, сакаш различни ситауции каде што ќе уживаш меѓу луѓе, правејќи се за да бидеш впечатлива,но од ракот може да имаш и доза срамежливост, бидејќи тој ја означува твојата емотивност,и често си во морални дилеми, поради својата потреба да фантазираш и да го гледаш светот беспрекорно.Те лутат неаргументирани забелешки, посебно од луѓе на кои им веруваш, а исто така поради доминација на ракот твоите чувства варираат од комплетно површни, до патетично длабоки...основата на знакот укажува на детска природа и желба да се биде секаде, и со секого, и мала расеаност.Лавот те држи во контрола, додека ракот те прави ранлива...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Близнаци-Водолија и Девица-Рак..??? :smir:
Хммм...Интересно,ако си машко близнак со водолија можеш да имаш интелектуален спој со жена девица-рак, но од друга страна оваа спојка укажува и на неможност да се поклопат потребите на партнерот-девицата-рак бара сигурност, љубов и на моменти е посесивна, додека тоа за еден близнак-водолија е незамисливо, нему се му е подобро отколку немтурест, плачлив партнер кој за речиси се ќе им ситничари.Може да биде добро доколку девојката покаже разбирање за неговите ведри и фикс идеи кои ги замислува, а на девицата и се чинат нереални.Таа може долго да комуницира, анализира и да запаѓа во драмски располженија, но ако мажот близнак-водолија биде околу неа, може да ја користи како инспирација, иако делува површно.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Се откажувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom