Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.372

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Јас сум вага....кажи и за мене нешто :)
Малку е преопшто..но ај, ќе се обидам, и гес, машко си?;)
Маж вага е се само не мачо тип, повеќе е издржан џентлмен на кого најголема маана му е неможноста да се справи со своите одлуки и ужасната потреба да преанализира се што прави-од страв да не не успее.Колеблив, романтичен знак, кој знае што е убаво во животот, а љубовта му делува како психијатриска нега, може дотаму да се занесе што ќе заборави каков бил претходно-значи, променлив во поглед на љубовно поле.Знае да се однесува одмерено, мажот вага(се надевам)
никогаш не би трескал глупости пред дама-едноставно, тие имааш шарм и со својата појава. Ги бидува за анализи, проверки, но често се заморни за околината кога нешто скаат да докажат.Карактерно се лабилни, им треба дисциплина за да се одржат витални, но имаат тивки амбиции и се склони кон уметност и хедонизам:)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Близнак , во подзнак водолија , што е работава со ваквиве ????
Ништо, многу интересна комбинација-вечен номад со детска душа кој никогаш нема да порасне, а ќе биде духовно зрел.Проблемот кај оваа комб.е тоа што е мнооогу воздушеста, а со тоа и им создава проблеми на останатитер, хахаха...Додуша, водолијата држи космополитски дух кој надополнет со интересите на близнакот те претвораат во движечка сила за креативност, оригиналност и потреба да се комуницира, да се изјавуваат и радикални идеи, за само да се провоцира затупениот свет, според комбинацијава...Сакаш дружење но само со луѓе кои ќе можеш интелектуално да ги процениш, а и да се увериш дека тие ќе го издржат твојот сарказам:)Во љубов склон кон неверства, авантури, а ако се вљубиш, тогаш сакаш рамноправност и не поднесуваш контрола...
Ваљда е доволно.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хм...а нешто да кажете за Бик со подзнак Водолија?:smir:
Карактеристики, како влијае подзнаков мој врз знаков?:)
 

Slatka_Mala

devoid of concept
Член од
15 февруари 2006
Мислења
477
Поени од реакции
11
И јас сакам!
Јас: Бик, подзнак - скорпија, месечина - близнаци
...и дали си одговарам со една девица?
Ајде Ана, покажи се :wink:
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Medea.... Ќе те замолам да напишеш нешто за дупла вага... :)
Машко сум, ако те буни и мојот ник :helou:

Medea напиша:
Маж вага е се само не мачо тип, повеќе е издржан џентлмен на кого најголема маана му е неможноста да се справи со своите одлуки и ужасната потреба да преанализира се што прави-од страв да не не успее.Колеблив, романтичен знак, кој знае што е убаво во животот, а љубовта му делува како психијатриска нега, може дотаму да се занесе што ќе заборави каков бил претходно-значи, променлив во поглед на љубовно поле.Знае да се однесува одмерено, мажот вага(се надевам)
никогаш не би трескал глупости пред дама-едноставно, тие имааш шарм и со својата појава. Ги бидува за анализи, проверки, но често се заморни за околината кога нешто скаат да докажат.Карактерно се лабилни, им треба дисциплина за да се одржат витални, но имаат тивки амбиции и се склони кон уметност и хедонизам
Иако скоро се што имаше напишано за една обична вага се поклопува со мојот карактер.(со посебно истакнати делови кон докажувањето,преанализирањето и колебливоста :) ),сепак мислам дека со дуплата вага ќе може да прочитам нешто повеќе :)

Однапред благодарен :smir:
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
515
Поени од реакции
22
е а риба и водолија одговара А? :wub:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Medea.... Ќе те замолам да напишеш нешто за дупла вага... :)
Машко сум, ако те буни и мојот ник :helou:



Иако скоро се што имаше напишано за една обична вага се поклопува со мојот карактер.(со посебно истакнати делови кон докажувањето,преанализирањето и колебливоста :) ),сепак мислам дека со дуплата вага ќе може да прочитам нешто повеќе :)

Однапред благодарен :smir:
ајде, ајде уште нешто...жвивотната мисија на една избалансирана дупла вага е да го помине својот живот во заедништво со сродната душа..бидејќи е дупла, се удвојува можноста да биде упорно слеп за недостатоците на партнерката, но и доста амбициозен да ја задржи.Бараат динамика во простор(дуплата вага сака движење), љубезна е кога и треба услуга, но не лицемерна. Сонува и преку ден, одбивајќи ја реалноста, но подоцна со соочувањето, увидува дека не е се така совршено-тоа е поради нивниот оптимизам.Овој дупли знак е страстен во она што го сака, и ќе го побара веднаш.
Толку:)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
И јас сакам!
Јас: Бик, подзнак - скорпија, месечина - близнаци
...и дали си одговарам со една девица?
Ајде Ана, покажи се :wink:
Хахах, Џуци, еве ти мала слатка анализа:):жена бик е пред се олицетворение на смиреност, тивка природа, но не значи дека е повлечена, си има и таа оружје кое го користи-најзината појава е секогаш забележана, дали поради ноншалантниот став, дали поради нежниот изглед...таа е мала хедонистка,сака да обезбеди сигурна материјална иднина за себе, и бара топол, храбар партнер.Бидејќи имаш силен подзнак, скорпија, тоа те прави да бидеш и во конфузија, бидејќи и давта знака се тврдоглави, а скорпијата носи и доза мистика, на која бикот не може да и се спротивстави.Месечината во близнаци укажува на потреба од разновидност, нови мотиви и трагање по возбудливи нешта-тоа е емотивната страна која ја носиш во себе.Впечатоците ги примаш со мислите, и од партнерот бараш да те сослуша(бикот сака да расчистува сметки, мрази недовршени работи)и очекуваш да биде со смисла за хумор, романтичен, но не и лигав, со став за својот живот.
Е, сега дали си одговараш со девица...мажите девици се чудни типови, малку повлечени, но и со постојано размислување и проценување на другите.Со бикот се врзува на сетилен план, и двата знака имаат префинета сензуалност, и заеднишката уметничка природа.Тој се фасцинира од нејзината појава, а таа во него гледа маж кој цврсто стои на земја:)
толку...:pipi:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Мора со партМер?

Јас сум јарец, во подзнак лав. Како Цацко Конопишки.
Е, сега та месечината не знам во кој знак ми е.
Кој ќе ми кажи нешто за мојата комбинација. Овај огнениот знак во подзнак во последно време ме збунува.:toe:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Хм...а нешто да кажете за Бик подзнак Водолија?:smir:
Карактеристики,како влијае подзнаков мој врз знаков?:)
хаха..интересна комбинација, како две деца кои се влечат со јаже....
водолијата како подзнак носи немирен дух, а бикот тоа не може да го поднесе, бидејќи е тип кој тешко ги поднесува промените.Ако си подоминантен бик, тогаш водолијата ти дава малку површност, но и бунтовничка нишка, ако пак таа е подоминантна, може да се каже дека те води низ искушенија кои само те нервираат-бикот е сталожен, а водолијата провокатор, така да оваа комбинација е во борба, но и многу интересна во љубов-романтиката на бикот е како сладок прав за водолијата, и тогаш стануваш интересна појава за спротивниот пол... имаш нагласена потреба за индивидуалност, сензуална си, но и мноогу своеглава...толку за сега...
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Медеа ај мене една за Овен со подзнак Близнаци :smir:

И ако може за Овен (подзнак Близнаци) со Рак (подзнак Рак) како си одговараат...
Јас сум Овенот :)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Медеа ај мене една за Овен со подзнак Близнаци :smir:

И ако може за Овен (подзнак Близнаци) со Рак (подзнак Рак) како си одговараат...
Јас сум Овенот :)
Aх, тежок спој.Зошто?Ти си директна, комуникативна, амбициозна, лесно избувлива и се губиш во детали кога сакаш нешто да направиш, а тој е толку тивок, нежен и затворен, што на моменти ќе те тера да го ’протресуваш’.-на подолги патеки тешко е да те следи, иако темпераментот на овенот е секогаш привлечен за ракот.Внимателно со зборовите, бидејќи мажот рак знае да биде и злопамтило кога некој ќе го навреди, тој не сака вербални повреди.
Ти-динамична,асоциијација на сила, се одликуваш со волја која те движи и те прави активна, склона кон различни полиња и интереси, со слаба толеранција кон оние кои не ги сметаш за рамни на тебе, на мигови арогантна, заплашувачки им изгледаш на послабите, иако во тебе се крие меко срце подготвено да се жртвува за оној кој го сака. Инаетлива и на моменти жестока(во љубов особено).Сакаш страстно, со доза импулсивна еротика, но и имаш нагласена љубомора.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
А, бре ме збудалевте....Ќе почекате и ја треба да јадам, да се бањам...:)
ај подоцна... лов ја.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Лав-близнак и Лав-близнак?:) ај подоцна :) чекаме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom