Rak podznak Vaga aj i mene
@SpaceTraveler
Емпатија и Баланс.
Како Рак имате често чувство дека сакате да се грижите за некого, семејството ви е приоритет, иако пак Ракот го гледа секој добар пријател како дел од семејството, вашата емотивна интелигенција ви помага во разбирање на луѓето и нивните проблеми и многу често завршувате скршени поради тоа што не го добивате соодветното внимание што вие сте спремни да го дадете за сите. Но, сепак силата на љубовта и желбата да помогнете, хуманоста ве води напред, да бидете тука за вашето семејство и тогаш кога сте најпогазени и понижени. Вие сте Мајка на сите и се чувствувате одговорно останатите да бидат добор покрај вас, понекогаш тоа е затоа што и вашето расположение би можело да зависи од расположението на друштвото.
Луѓето многу пати би можеле да се почувстуваат игнорирано од ваша страна или да страдат поради вашата ,,ладнокрвност" затоа што подзнакот во Вага го спречува да дојде до израз Сонцето во Рак, т.е вашиот вистински карактер како емотивец знае да биде сокриен во вашето урамнотежено понесување кон останатите. Луѓето не можат да ја забележат грижата во вас само затоа што вие не ја покажувате на начин на кој што тие очекуваат. Овде може да дојде до проблем, т.е да се чувствувате како ,,жртва" на нивното не доволно ценење. Вие настојувате да се прикажете во најшармантно и уникатно светло пред другите, иако би можеле да имате некој проблеми со срамот или некогаш да глумите грубост, а во исто време да ја исфилувате со дипломатија. Не сакате осаменост, затоа сте спремни да поднесете повеќе љубовни проблеми, сметам дека умеете доволно добро да се погрижите за вашиот изглед и дека изгледате топ!
Мое мислење е ова... реков веќе дека не сум астролог, ама срцки сте што ме прашувате за мое мислење.