5 причини зошто вреди да сте во врска со секој хороскопски знак
Бик
1. Биковите се најлојалните луѓе кои некогаш сте ги сретнале. Штом еднаш ви се посветат, нема никогаш да застранат.
2. Нивната сензуална природа ќе ви се исплати во спалната соба. Секогаш ќе се погрижат да бидете задоволени.
3. Ќе ве разгалуваат со екстравагантни вечери и добро вино.
4. Никогаш нема да има потреба да се прашувате кои му се намерите и мотивите, бидејќи секогаш се директни и отворени.
5. Кога сте под стрес, партнерот роден во знакот бик секогаш ќе биде тука да ви даде поддршка и да се грижи за вас.
Близнаци
1. Близнаците се генерално заинтересирани за многу теми, па со задоволство ќе сакаат да ги научат работите за кои вие се интересирате.
2. Нивната досетливост секогаш ќе ве засмева.
3. Нема да имате потреба да се грижите за недостаток од комуникација, бидејќи тие секогаш сакаат детално да ги разработуваат сите теми на муабет.
4. Тие се социјални типови кои на прво место сакаат да ви се пријатели, а на второ место партнери. Врската со нив ќе ви биде забавна и исполнета долги години.
5. Близнаците имаат способност да ве запалат со муабет, без притоа да сте блиску до спалната соба.
Вага
1. По природа сакаат да ги задоволуваат луѓето, а со тоа и да го прават партнерот среќен.
2. Тие се шармантни и романтични. Без разлика колку време сте заедно, никогаш нема да престанат да флертуваат со вас.
3. За нив предиграта е многу важна и секогаш ќе се посветуваат партнерот да им биде целосно задоволен.
4. Тие се мирни и секогаш ќе се грижат да ги сведат кавгите на минимум.
5. Обожаваат секогаш да им е удобно и да бидат опкружени со убавина, па ќе се погрижат и вие да се чувствувате така.
Врска нема за Биковите. Татко ми е Бик, врска немам колку пати ја изварано мајка ми
Близнаци, број 4 не е точно. Беше порано, додека дечкото испадна дека беше подобар другар од другарката.
Вага
Јас сум Бик и сум женско, али генерално важи за двата пола.
Бегај од Близнаци, Лав и Овен.
Најужасни комбинации.
Посебно со Близнаци. Близнаци и сами себе не се трпат.
Не шири дезинформации, јас се трпам сама себе
Ви нудиме десет кратки реченици кои точно и јасно го опишуваат секој од дванаесетте хороскопски знаци. Дознајте нешто повеќе за вашиот знак и за знакот на вашиот партнер. Пишете ни дали се согласувате со овие фрази или не…
Близнаци
1 . Денес сум подобар од вчера
2 . Информацијата е клучот за победата !
3 . За совети се слушам само себе!
4 . Можам да бидам на неколку места истовремено, треба само да посакам !
5 . Ја реализирам секоја своја идеја!
6 . Треба да имам телефон и телевизор во секоја соба !
7 . Кој доцни, лошо му се пишува!
8 . Никогаш нема да се предадам во борбата со животот !
9 . Сакам да купувам, но некој друг треба да ми каже што да се купи !
10 . Треба да имам многу од сè!
Број 7, НЕ
Јас секогаш каснам
13ти хорскопски знак
Парке Канкл астроном по професија вели дека констелацијата на планетите и промената на положбата на Земјата, довела до измена на системот на хороскопски знаци, пренесува “Хафингтон Пост”.
Ако сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември – вие сте Змијоносец. Овој знак е сместен помеѓу Скорпија и Стрелец.
Наводно, датумите кои ги одредуваат знаковите се погрешни, бидејќи положбата на планетите и соѕвездијата, од времето на појавувањето на астрологијата до сега значително се има променето.
Бидејќи поделбата на 12 хороскопски знакови е направена од пред 3000 години, Канкл вели дека е потребно да се земат предвид овие промени и во системот да се вброи тринаесеттиот знак – Змијоносец (Ophiuchus).
Астрономи од Минестота велат дека со израмнување на ѕвездите поради гравитациското влијание на Месечината на вртењето на Земјата околу нејзината оска ќе дојде до прескокнување на еден месец во хороскопот. Така на пример Рибите повеќе нема да бидат Риби, туку Водолија.
“Кога некој ќе ве праша во кој знак сте родени, ве прашуваат всушност каде било Сонцето во зодијакот точно во моментот на вашето раѓање“, рекла астрологот Кели Фокс.
Заради забрзувањето на прецесијата на еквионација, спори и постојани промени во движењето на оската на ротација или орбиталното движење на астрономските тела, сликата на небото се помрднала за 10 степени. Затоа повеќето луѓе родени како Лавови повеќе не се Лавови, туку Ракови. Според астролозите нема веќе да бидат храбри и родени водачи, туку многу чувствителни.
“Откога постои астрологијата, луѓето знаеле дека има проблем со тој систем. Древните Вавилонци има 13 хороскопски знаци, па едноставно го исфрлиле Змијоносецот. Вагата на пример не постоела до времето на Јулие Цезар.
Змијоносец,(лат.Опхиуцхус) е знак, кој ги опфаќа оние кои се родени од 29 ноември до 17 декември, а карактеристики на овој знак се, искреноста, изразена сексуална привлечност, променливи и љубоморни.
Бидејќи воведувањето на новиот знак го променува целиот систем, можеби би било добро одново да проверите кој знак сте:
Јарец: 20 јануари- 16 февруари
Водолија: 16 февруари- 11 март
Риби: 11 март- 18 април
Овен: 18 април- 13 мај
Бик: 13 мај- 21 јуни
Близнаци: 21 јуни- 20 јули
Рак: 20 јули- 10 август
Лав: 10 август- 16 септември
Девица: 16 септември- 30 октомври
Вага: 30 октомври- 23 ноември
Скорпија: 23 ноември- 29 ноември
Змијоносец: 29 ноември- 17 декември
Стрелец: 17 декември- 20 јануари
Што мислите за ова?
Јас по ново сум Бик. Иу. Нејќу!