Дефинитивно еден од најдобрите жанрови, со напомена дека таму каде што има многу добри филмови има и многу ѓубре. Во последно време почнаа да излегуваат екстра смешни хорори. 100-150 литри крв не значат добар хорор, ама тоа изгледа го заборавиле оние кои прават ѓубре за ситна заработка.
Прво морам да кажам дека крајот на 70-тите и во текот на 80-тите излегоа некои култни хорор филмови кои и ден денес се мерило за добар хорор филм. Ова значи дека без да ги погледнете овие филмови има добри шанси да се палите на кофи крв и таквите да ви претставуваат добар хорор, што не е ни лошо со оглед на тоа дека нема да се нервирате многу.
Значи, да почнам од постарите:
Култните хорори на John Carpenter:
Halloween (1978)
The Fog (1980) и
The Thing (1982)
Комплетниот серијал
A Nightmare on Elm Street (1984) и првите делови од
Friday the 13th (1980)
Трите дела од “Претскажување“:
The Omen (1976),
Damien: Omen II (1978),
The Final Conflict (1981)... ( оригиналот од 1976 барем 2 класи е подобар од римејкот )
Потоа:
Children of the Corn (1984) Иако има уште 5-6 дела првиот е класика а може да се погледне и вториот, понатаму е губење време.
Малку хорор на вода:
Jaws (1975) Има уште три дела.
Едно легендарно филмче на тема “вампирите се меѓу нас“:
The Lost Boys (1987)
Доволно класика, одиме со малку или многу понови хорори. Во поново време се менува жанрот и ретко гледаме чисти хорори туку психолошки трилер/хорори, хорор/акции па дури и хорор/комедии. Еве некои од 90-тите до денес:
Interview with the Vampire (1994) Повеќе како драма со вампири наместо луѓе. Го обожавам филмов.
The Sixth Sense (1999) Ако не знаете за што се работи, крајот ќе ве извади од памет. Страшно добар филм.
Stigmata (1999) Еден од ретките понови вистински хорори.
The Devil's Advocate (1997) Без посебен коментар
Scream (1996),
Scream 2 (1997),
Scream 3 (2000)
I Know What You Did Last Summer (1997) Само првиот дел
Final Destination (2000),
Final Destination 2 (2003),
Final Destination 3 (2006)
Jeepers Creepers (2001),
Jeepers Creepers II (2003)
The Prophecy (1995) Само првиот дел
The Blair Witch Project (1999) Не очекувајте филм како другите ама и не се распрашувајте ништо пред да го гледате. Вистински хорор.
The Reaping (2007) За оние што сакаат филмови од типот на Exorcist.
Можеби испуштив нешто, ама многу е и ова...