Хорор филмови

Член од
12 декември 2010
Мислења
10.645
Поени од реакции
11.724
Тој филм е најдобриот некогаш направен од слешерски стил на хорор, како што бараше он. Дали е стар врска нема ако си прав љубител на филмови напротив токму старите се 100 пати подобри од новите (поготово хорорите) а згора на тоа, само прочитај кој е режисер на филмот, толку :) најде за кој филм да замериш, 1/3 од светот го рачунаат за најдобар хорор на сите времиња :)

Џабе ќе го симнуваш катастрофа е.
далеку од катастрофа е..ок секој со својот вкус..инаку го имам гледано и сакам паааааааак
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.660
Поени од реакции
59.688
Фајнал Дестинејшн се базираше на идејата, беше многу јако во првиот дел да се види како смртта доаѓа по нив. Посебно ми се допадна тоа што не знаев ништо за филмот пред да го гледа, не знаев дури ни дали е хорор, и се после несреќата ми беше возбудливо. Вториот дел не беше лош, и да е, атер на првиот ќе го изгледаш... Ама да ме возат уште два пати на иста финта, тоа не...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492

Абсолутно точно кецот беше одличен, уникатна идеја релаизација и перфектеn сетап кој успеваше да те изавади од памет и да те натера да се запрашаш за теориите за другата страна на одењето на оној свет. Двојката имаше некои интересни елементи но веќе не беше тоа тоа, 3 & 4 = ужас абе комедии :pos:
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Еве ја, 2 месеци пред земјотресот: The Birds (1963)
Не видов дека имало екстра критериуми...
Де бе, никој не ве осудува, само што јас не би препорачал толку стар филм (без навреда :) )
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Тој филм е најдобриот некогаш направен од слешерски стил на хорор, како што бараше он. Дали е стар врска нема ако си прав љубител на филмови напротив токму старите се 100 пати подобри од новите (поготово хорорите) а згора на тоа, само прочитај кој е режисер на филмот, толку :) најде за кој филм да замериш, 1/3 од светот го рачунаат за најдобар хорор на сите времиња :)

Џабе ќе го симнуваш катастрофа е.
Абе тој БИЛ одличен на времето, сега е само.... мех... онака.

На времето и за првата игра на Super Mario луѓе кубеа коси за да ја играат.... ама сега не е НАЈДОБРА игра.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Де бе, никој не ве осудува, само што јас не би препорачал толку стар филм (без навреда :) )
Не е работата за осудување, ама да спомнеш за филм како Halloween било што во негативна конотација дури и како препорака е над секоја логика, исто како да збориш за Fight Club или Seven нешто лошо од трилер жарнот, толкава влијание има овој филм кај љубителите на овој жарн, само слушни го ! :)

Онака а, :pos: што менува времето и како тоа ги прави филмовите по неквалитетни? во споредба со кој нов слешер овој е онака тапа ? дај пример да видам зашто овој станал просечен.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.660
Поени од реакции
59.688
На времето и за првата игра на Super Mario луѓе кубеа коси за да ја играат.... ама сега не е НАЈДОБРА игра.
Како мислиш Супер Марио не е најдобра игра? :pos:
Сериозно, ме изнасмеа тоа што таман помислив дека ја завршивме кратката дискусија на тема Стари Vs Нови хорори... мораше ли да не р'чнеш за игрите? Ај пресметај 100 денари x 365 дена x 10 години да видиш колку пари сме оставиле „на флипери“ :pos:
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Не е работата за осудување, ама да спомнеш за филм како Halloween било што во негативна конотација дури и како препорака е над секоја логика, исто како да збориш за Fight Club или Seven нешто лошо од трилер жарнот, толкава влијание има овој филм кај љубителите на овој жарн, само слушни го ! :)

Онака а, :pos: што менува времето и како тоа ги прави филмовите по неквалитетни? во споредба со кој нов слешер овој е онака тапа ?
Саундтракот го пуштаат за финалното прашање на Кој сака да биде милионер :pos: (шала малце де).

Абе се тоа во ред, само што ич не уживам да гледам филмови што се преку 30 години стари. Тогаш имале друг менталитет, друго барале во филмовите, од друга работа биле задоволни.... не ми е исто. Нема да ме “крене од столче“ филмот или па да ме остави со подотворена уста.

Ете пример, Петок 13ти првите делови тогаш биле невиЏен хорор, исто и екзорцизам, луѓе излегувале со побелени коси само затоа што опседнатата девојка ја свртела главата 360 степени. Сега да го гледаш тоа..... онака.... лајт (што би се рекло :) )

--- надополнето ---

Како мислиш Супер Марио не е најдобра игра? :pos:
Сериозно, ме изнасмеа тоа што таман помислив дека ја завршивме кратката дискусија на тема Стари Vs Нови хорори... мораше ли да не р'чнеш за игрите? Ај пресметај 100 денари x 365 дена x 10 години да видиш колку пари сме оставиле „на флипери“ :pos:
Знам, не ме потсетувај на флиперски денови, ќе збеснам! :)
Супер Марио тогаш беше ПИЧКУ МАТЕР, сега (баш таа верзија за супер марио) ако не си ја играл тогаш и сега ја седнуваш прв пат, ќе ти биде тешко срање.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.660
Поени од реакции
59.688
Дефинитивно еден од најдобрите жанрови, со напомена дека таму каде што има многу добри филмови има и многу ѓубре. Во последно време почнаа да излегуваат екстра смешни хорори. 100-150 литри крв не значат добар хорор, ама тоа изгледа го заборавиле оние кои прават ѓубре за ситна заработка.

Прво морам да кажам дека крајот на 70-тите и во текот на 80-тите излегоа некои култни хорор филмови кои и ден денес се мерило за добар хорор филм. Ова значи дека без да ги погледнете овие филмови има добри шанси да се палите на кофи крв и таквите да ви претставуваат добар хорор, што не е ни лошо со оглед на тоа дека нема да се нервирате многу.

Значи, да почнам од постарите:

Култните хорори на John Carpenter:
Halloween (1978) The Fog (1980) и The Thing (1982)

Комплетниот серијал
A Nightmare on Elm Street (1984) и првите делови од
Friday the 13th (1980)

Трите дела од “Претскажување“:
The Omen (1976), Damien: Omen II (1978),
The Final Conflict (1981)... ( оригиналот од 1976 барем 2 класи е подобар од римејкот )

Потоа:
Children of the Corn (1984) Иако има уште 5-6 дела првиот е класика а може да се погледне и вториот, понатаму е губење време.

Малку хорор на вода: Jaws (1975) Има уште три дела.

Едно легендарно филмче на тема “вампирите се меѓу нас“:
The Lost Boys (1987)

Доволно класика, одиме со малку или многу понови хорори. Во поново време се менува жанрот и ретко гледаме чисти хорори туку психолошки трилер/хорори, хорор/акции па дури и хорор/комедии. Еве некои од 90-тите до денес:

Interview with the Vampire (1994) Повеќе како драма со вампири наместо луѓе. Го обожавам филмов.

The Sixth Sense (1999) Ако не знаете за што се работи, крајот ќе ве извади од памет. Страшно добар филм.

Stigmata (1999) Еден од ретките понови вистински хорори.

The Devil's Advocate (1997) Без посебен коментар

Scream (1996),
Scream 2 (1997),
Scream 3 (2000)

I Know What You Did Last Summer (1997) Само првиот дел

Final Destination (2000), Final Destination 2 (2003),
Final Destination 3 (2006)

Jeepers Creepers (2001),
Jeepers Creepers II (2003)

The Prophecy (1995) Само првиот дел

The Blair Witch Project (1999) Не очекувајте филм како другите ама и не се распрашувајте ништо пред да го гледате. Вистински хорор.

The Reaping (2007) За оние што сакаат филмови од типот на Exorcist.

Можеби испуштив нешто, ама многу е и ова...
Ај да се самоцитирам да ги подгреам страстите :)
IOsono, пред скоро три години...

Psyside, сум го ставил Final Destination 3 :kesa:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Саундтракот го пуштаат за финалното прашање на Кој сака да биде милионер :pos: (шала малце де).

Абе се тоа во ред, само што ич не уживам да гледам филмови што се преку 30 години стари. Тогаш имале друг менталитет, друго барале во филмовите, од друга работа биле задоволни.... не ми е исто. Нема да ме “крене од столче“ филмот или па да ме остави со подотворена уста.

Ете пример, Петок 13ти првите делови тогаш биле невиЏен хорор, исто и екзорцизам, луѓе излегувале со побелени коси само затоа што опседнатата девојка ја свртела главата 360 степени. Сега да го гледаш тоа..... онака.... лајт (што би се рекло :) )

--- надополнето ---

Знам, не ме потсетувај на флиперски денови, ќе збеснам! :)
Супер Марио тогаш беше ПИЧКУ МАТЕР, сега (баш таа верзија за супер марио) ако не си ја играл тогаш и сега ја седнуваш прв пат, ќе ти биде тешко срање.
Во филмовите атмосферата,фотографијата и сетапот е она што треба да те подзине не новата технологија "дијалози" и ефтини трикови. Во тој поглед хеловин е совршен. Е сега тоа што ти не претпочиташ стари филмови е друга работа, но истото не значи дека времето ги прегазило и истите веќе не се добри, ете реков најди еден потазе хорор филм кој е подобар од Хеловин и јас ќе се откажам од дискуијата и ќе ти признам дека си во право. :) After all, we are talking about John Carpenter!!

П.С. Филпери ! ЛОЛ 1/4 од пензијата на дедо ми таму идеше :pos:

--- надополнето ---

Ај да се самоцитирам да ги подгреам страстите :)
IOsono, пред скоро три години...

Psyside, сум го ставил Final Destination 3 :kesa:
Одлична листа, со исклучок на ... :pos:

Него, Jeepers Creepers е еден од листата на прилично по underrated хорор филмовите, одлично изработен а се прашуваш зашто? затоа што продуцент на филмот е верувал или не Брајан Де Палма, go figure :icon_ques
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.660
Поени од реакции
59.688
Jeepers Creepers е тотално добар хорор со добро продолжение, јас уживав во филмот.
Не сум гледал добар хорор од поодамна...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Jeepers Creepers е тотално добар хорор со добро продолжение, јас уживав во филмот.
Не сум гледал добар хорор од поодамна...
Ми се свиѓа во него што почетокот иако инволвира тинејџери сепак не се оние класични идиоти кои ги прават истите дијалози и си ја бараат бењата, ок можеби малце но сепак се гледа дека се потрудиле да направат конекција со гледачите и да не биде уште едена шаблонска бљувотина. Двојката почна многу добро, многу јака сцена беше, ако се сеќаваш :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.660
Поени од реакции
59.688
Ми се свиѓа во него што почетокот иако инволвира тинејџери сепак не се оние класични идиоти кои ги прават истите дијалози и си ја бараат бењата, ок можеби малце но сепак се гледа дека се потрудиле да направат конекција со гледачите и да не биде уште едена шаблонска бљувотина. Двојката почна многу добро, многу јака сцена беше, ако се сеќаваш :)
Да да, во тоа полето со страшилото :) Не можеш да кажеш дека чудовиштето нема смисла за хумор :)
Туку, овој Devil е нешто како „најди го натрапникот“? Пошто сакам такви филмови...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom