Не гледам многу хорор филмови, особено не модерниве, све преку монтажа и језиви звуци пробуваат да ме исплашат а не им успева.
Ама последен го гледав
Feast. Повеќе би го нарекол како посериозна пародија али големиот број на мртовци и крвави сцени го присилуваат да седи во хорор жанрот.
СпОЈлеРи
сПоЈлЕрИ
СПојЛеРи
Почнувајќи од профилите на сите ликови, убивањето на Херојот во првата минута откако им кажува дека ќе ги спаси сите, смртта на слаткото дете кое секогаш останува живо во сите други хорори, сексот помеѓу чудовиштата (Aw man, the monsters are doing it doggy style.), курвата која ги сјебува сите и бега со камионот без да се врати со помош и слични зезанции од сцени се најдоброто нешто што го имам гледано што го пародирало жанрот. Дури и Jason Mewes се игра себе си и гине откако ќе му ја откорнат фацата и ќе го упуцаат.
Смртта никогаш не била посмешна.
КРај на СпОЈлеРи
КраЈ нА сПоЈлЕрИ
крАј На СПојЛеРи
Гледајте го, нема да зажалите.