28 Weeks Later - кратка рецензија
„
28 Недели подоцна“ е продолжение на „28 дена подоцна“. Режисерот на првиот дел, Дени Бојл, овде е само продуцент а останатите се нова екипа.
И уште на почеток да кажам, достоен наследник на првиот дел. Стилот на сниимање наследува нешто од првиот дел ама има многу новини.
Најдобрата страна на филмот е визуелниот дел за кој имам највисоки оцени. Добра фотографија со интересна игра на бои, контрасти и ефекти, добра поставениост на објектите на сцената. Имаме светли сцени, имаме мрачни сцени, а има дури и сцени снимани со обична камера (а не филмска) па едно време ќе го има и онај Blair Witch/Paranormal/Cloverfield/Rec ефект. Крв и слично според мене има онокли колку што треба. Некој можи ќе речи има малце повеќе, ама никој нема да речи има многу. За визуелниот дел единствена забелешка ми е тоа што во една сцена или две камерата премногу се тресеше со што се намалува прегледноста.
Музиката е исто така многу добра. Сликата и музиката веројатно се најзаслужни за таа напната тажна хорор атмосфера.
За глумата немам ниту посебно негативни ниту посебно позитивни забелешки, просечна.
И уште да кажам за сценариото. Во првиот дел се работеше за мала група луѓе па има повеќе место за да се даде длабочина на ликовите. Овде се кажува за цел населен град па има помалку место за тоа, па така и главните ликови не се нешто подлабоко обработени. На имдб некои најдуваат дупки, нелогичности во текот на приказната. Тие нелогичности се оние што се карактеристични за секој хорор филм, нема некои што се вистински глупави.
Значи, филмот си ги има тие сцени, ама не нешто претерано страшен. Но има интересна атмосфера низ цел филм. Па вреди да се изгледа.
Сумирано, еве една 8/10 од мене.