Evil Dead (2013)
Прегледај го приврзокот 67284
Се работи за римејк на класичниот хорор трилер The Evil Dead од 1981 година со неколку сменети елементи но сепак старата добра приказна за група на деца кои што одат сами во колибата во шумата да се просветлат себеси на некој начин незнаејќи за опасноста која што ја носи тоа место.
Филмот многу ми се допадна иако нели се работи за римејк и веќе е позната приказната сепак ми се допадна начинот на кој што беше сето тоа направено со одличен вовед во филмот ми даде до знаење дека ќе гледам одлично хороор филмче, нешто што изминативе години не се среќава баш во тој жанр, па потоа нели иде запознавање на ликовите (кој ѓавол ѓи донел таму) и како и секое затишје пред бура започнува шоуто...............................................(15 мин подоцна)се освестувам како уствари рачката од фотељата сум ја стиснал како да сум на забар
...
Одличен филм според мене вреден за гледање после полноќ со или без друштво, сеедно...
Звучните ефекти како и саундтракот се одлични за домашно кино и нормално стандардните домашни ефекти светла off, ролетни Closed, (со друштво) муабет off... (за поединци и врата locked)
Хорор оценка: 9/10
во evil dead многу ме нервираше главниот актер, и се потрудиле колку може подолг филмот да го направат, што мене ми беше прилично затупувачки крајот, се на се добар римејк и за нијанса над просекот![]()
Штом на следниве 5 членови после мене не им се допадна, сигурно е до мене и прифаќам вина.
Самошто, јас пораснав со хорори. Не ги гледав закаснето симнати од нет, туку сам во 2 часот пред тв сум се тресел со сите класици. Така да сигурен сум дека немам некои ниски критериуми. Секое чик члик од хорорче го симнувам, дури следев after dark фестивали за најдобри хорори декадава. Од 2000та навака дали 4 хорори ме здрмале. И тоа што мислев дека најдов злато е криво што го исфорсирав повеќе одошто треба. Ама за мене беше совршен коктел на елементи за добар хорор. Не мрднав буквално цело време, ни по мочање, чувство што одамна ми фали, на доста сцени штрепнав, на доста сцени имаше билд ап да ме наежи и доста сцени беа вознемирувачки. И доволно акција како за една шупа. Имаше атмосфера едноставно. За мене останува најдобар хорор од 2012/2013 а сигурно и порано и еден од најдобрите римејци направени.
Не заебавај беТоп 5 според мене:
1. Insidious
2. The Unborn
3. Darkness falls
4. The haunting in Connecticut
5. White noise
да си ја разгледам подобро хорор колекцијата можи да напрам и некоја измена![]()
Не заебавај бе
The Tenant
The Wicker Man
Don't look now
Psycho
The Shining
Martyrs
Aj oд ова изгледај нешто.
Како бе може Инсидиус да ти е добар хорор, не ме заебавај, на што личеше крајот, Спанџбоб не му беше рамен. wot, изгледан филмот, супер римејк, ќе чкртнам рецензија деновиве.