Тоа е и проблемот. Од една страна почитуваната
@bijons смета дека ова е болест, а од друга страна дури и либералните членови инцестот го сметаат за болест каде треба лекување или стручна помош! Битно е да се согледа и другата страна, да се сфати логиката и резонот на размислување. Потоа може да се рационализира со она "промени го моето мислење".
Фројд имал еротски желби кон својата мајка. Проблемот е цитирањето на Фројд кога се претставуваат хомо односите како некоја нормала, само затоа Фројд напишал писмо до одредена загрижена мајка! Истиот има многу апсурден толковник на соништата, каде најголемиот дел од симболите (пр.шапка, ова е пример од неговата книга) е всушност машки полов орган! Ама тоа е фантастична книга, далеку од тоа дека го деградирам него или неговиот научен труд.
Има ниско мислење за неговиот татко затоа што не знаел да им се спротивстави на навредите и нападите. Кога бил дете Зигмунд, неговиот татко бил нападнат (затоа што бил Евреин). Тука може станува збор за некоја траума од детството. Истиот настан го потенцира во неколку негови дела. Книгата на Фром за животот на Фројд е одлична, 100тина стр, и ти ја препорачувам. А и Фројд има напишано автобиографија. Двете се преведени од Ѓурѓа.
Зигмунд прави и анализа на односот меѓу мајката и синот и затоа од тука е препораката кон жената кога бира маж или дечко да го анализира неговиот однос со неговата мајка.
Мислам дека е невозможно да се приближат ставовите. Лично ова го гледам како напад на нуклеарното семејство и од моите ставови на оваа тема не отстапувам ни промил. Кај нас можат да посвојуваат, но не можат да го реализираат своето право. Сакам да кажам дека теоретски и немаат реални шанси да посвојат дете, но според чл. 100, 102 и 103 и ЗС имаат право да се јават како посвоители. Сексуалната ориентација не е пречка некој да се јави како посвоител. Ако им се дадат поголеми права (признавање на вон(брачната) заедница), ќе имаат и реални шанси, и тоа не треба да се случи. Ставот на јавноста е јасен околу ова прашање.
И секако, идиотизмите како "родов идентитет" надвор од нашето образовнание.
пи.ес. Не е лош човек Анон, навистина, ама морам малку и него да го закачам.