Здраво на сите. Првпат се вклучувам на форум, па и не ги знам отприлика правилата што, како, зошто. Дојдов овде кога барав некоја инфо на гугл, па видов дека имало дискусија на оваа тема овде.
Јас лично сум Геј. Да ги разрешам дилемите ако искрено некој сака да сфати, тоа не е мој личен избор. Не сакам да бидам нападнат од гордите геј лица, али кога би бирал во овој свет, не би го избрал ова. Верувајте дека е тешко за секој да го живее овој живот, посебно во нашава земја. Водиш живот на лаги, пред фамилија, пријатели, другари, роднини итн итн. Гледаш како сите го тераат својот живот а ти стоиш во место. Да лесно би било за мене да фатам девојка, пошто и онака имам доста понуди, арно АМА како да го направам тоа кога знам дека не би ја направил среќна пошто и не можам.Да ја лажам ко што многумина прават не сакам. Затоа имате/ме многу татковци, тетини, стрини коишто се геј и лезбо арно ама не било до нив да одлучат што сакаат да бидат во животот туку до фамилијата и заедницата.Тоа што они така живеат е едно а нивната лична среќа и исполентост сосема друго. Али во општество со конзервативни исходот е тој. Инаку да се вратам на темата едноставно роден си со тие предиспозиции и тука нема избор. Ти можеш да се лажеш себеси али попусто. Лек за тоа нема, пошто и не е болест за да има лек. Исто како што стрејт медицински или било кој метод одбери го, не можеш да го направиш геј, би итн. Лично, да беше болест и да имаше лек, прв ќе отидев да се излечам ако воопшто тоа беше можно. И јас сакам живот полн со можности и авантури, да ги усреќам моите со внуци, со снаа итн. НО, има еден не така мал проблем, тоа едноставно не е можно.
Верувајте, сликата се геј лицата воопшто не е слика што личи на Боки 13 или Азис. Да, можеби има ексцентрични типови, али дел од нив се истотака и стрејт па се такви. Сите вие имате некој во околина што е дел од ЛГБТ но не знаете. Зошто ? Ради општеството. Ај замислете го исходот некој да признае што е. Губење пријатели, фамилија, отфрлување од заедница, колеги на работа итн. Дали е фер било кој што живее чесен живот да поминува низ тоа. И ние даваме крв, и ние донираме кога тоа е потребно, и ние помагаме на родителите, и ние сме тие кои ги советуваме нашите пријатели, ние сме вашите најдобри другари, омилени роднини без вие да знаете што всушност нам ни се случува. Дали би можеле да живеете во свет кога вие сакате девојка, а сите ве прашуваат кога ќе си фатите дечко, што чекате, време е итн. Барем за секунда помислете. Да, смешно е за тие што го немаат проблемот. Но дали е смешно, на слеп човек да му речете - погледни онаму има убава глетка. Не е нели ? Работите се дадени и во двата случаи и тука нема избор. Слепиот може да се преправа дека гледа но попусто, Плавушата може да се фарба постојано, но кога ќе снема фарба, таа била и секогаш ќе е тоа. Не замерувајте за примериве, сакам да бидам разбран, не исмејуван. Сакам да можам да сакам, не сакам да ме мразат и да мразам. Нашето општество има недостаток на емпатија на многу сфери - погледнете ја состојбата со животните (нивна заштита) , децата со аутизам, даунов синдром, инвалидни лица, глувонеми (каде е нивната социјализација, заштита, грижа .... ). Имаме добри луѓе да, но луѓе кои се несвесни за туѓите проблеми во 21 век не се квалификуваат како добри луѓе. Како и да е, лично, не обвинувам луѓе кои не го сфаќаат ова, ниту во Англија, Шведска, Данска па и било која друга сакате развиена држава пред пола век ова не било тема за која сите правилно биле информирани. Македонија е многу назад од сите еволуции на индивидуалната па и колективната мисла али на времето му треба време. Ќе помине време додека се дојде на свое место, али за жал на некого животот ќе му помине ако не самиот/самата не се снајде и го пронајде својот излез.