Кој избор? Кога сум го направил? Како иде процесот? Ај просветли ме, јас не знам како сум дошол до своите "одлуки".
А да не имам па потреба па јас да ти се докажувам тебе? Не разбирам, што е со префрлањево на бремево?
Да имаше заклучок, ќе беше светска вест. Потврда или негирање носат подеднаква тежина за светот, бидејќи е составен од мнозинско стрејт население. Нема заклучок. Нема консензус. Нема ни мнозинско мислење, не па консензус.
Друго, се уште опстојува фактот дека статистички хомосексуалците имаат Ресус негативна крв, и преференца кон крвна група А, пред било која друга. Со оглед на големината на популацијата споредбено со хетеросексуалците, ова е значаен податок. Студијата можеш
тука да ја пролисташ. Ништо не е докажано, ама не е ни отфрлено. Така заклучоците сам си ги вадиш.
Добро, решиле мистерија на пуфка остров во Македонија, како го решева тоа феноменот во светски рамки меѓу толку видови животни, повеќето кои имаат пристап до женки а на пример одбиваат да се парат со нив? Да не нашле твоиве французи одговор и за тоа?
Па ако Кочо е ментален или се дружи со ментални, тоа сите ги прави такви? Тоа што Кочо е исмеван и од остатокот на геј популацијата говори доволно за него како особа. Ама ви требаат такви, затоа што педери кои се однесуваат нормално во секој друг поглед во животот се анатема на библијата аргументи кои циркулирате на дневна база во вакви теми.
Немај гајле, ќе имам деца. Посвоени и свои. Тоа што си против е твое лично право (на погрешно мислење) кое нема ефект врз мојот живот. Тоа е избор што свесно го носам. Во контраст со другово што дискутиравме. Чисто да ти доловам разлика помеѓу што е, а што не е личен, свесен избор.