Фудбалските репрезентации на Холандија и Шпанија вечерва во Јоханезбург ќе одлучат кој во следните четири години ќе ја носи ласкавата титула најдобра светска екипа.
Двете селекции влегуваат во борба за освојување на својот прв Мундијал, а "црвената фурија" ќе биде во можност со евентуален триумф да ги обедини титулите континентален и светски шампион.
"Не мислам дека Давид Виља е најопасниот шпански фудбалер, најголема опасност ни се заканува од Чави и Андрес Иниеста, бидејќи тоа се играчите кои ја организираат целата игра на Шпанија. Доколку не ги запреме ќе имаме големи проблеми." - навел еден од најдобрите холандски фудбалери, Арјен Робен.
"Не верувам дека Холанѓаните ќе се повлечат во одбрана, бидејќи се особено напаѓачка селекција. Многу се опасни по станичните позиции и со удари од далечина. Холандија не е само Робен, тука се меѓу останатите и Снајдер и Кајт, потежок противник во финалето не можевме да добиеме." - ќе рече чуварот на мрежата на Шпанија, Икер Касиљас.
Вечерашноот меч на "Сокер сити" стадионот ќе го суди англиска тројка на чело со Хауард Веб, на кого ќе му помагаат Дарен Кан и Мајкл Малеркеј.