Холандија - Шпанија \ Финале на Светскиот Куп \ 11.07.2010

  • Креатор на темата mercenary
  • Време на започнување

Kojа репрезентација ке биде освојувачот на ова СП ?


  • Вкупно гласачи
    150
M

mercenary

Гостин
FIFA WORLD CUP FINAL
200px-2010_FIFA_World_Cup_logo.svg.png
Конечно дојде долго очекуваниот момент,финалето на деветнаесетиот Светски Куп,кој се одржува во Јужна Африка.
На овој Светски Куп видовме 736 играчи од 32 различни земји.
На крајот останаа само 2,Холандија и Шпанија.Овие две Европски репрезентации ќе се борат за нивниот прв триумф на Светските Првентсва.
NED.jpg VS. ESP.jpg

Финалето ќе се одигра на 11 Јули во 20:30 часот,на стадионот Soccer City во Јоханесбург.
Ова е 8мо учество на Светските Првенства за Холандија а 12 за Шпанија.И двете репрезентации ќе се борат за првата титула Светски првак.
Овие две репрезентации имаат одиграно 8 меѓусебни дуели до сега.На 4 победиле Холанѓаните,3 пати Шпанците и еднаш одиграле нерешено.

Екипата на Холандија до ова финале стигна со победите над Словачка од 2:1 во 1/8 финалето,со 2:1 го совладаа фаворитот Бразил во 1/4 финалето а во 1/2 го победија Уругвај со 3:2.
Екипата на Шпанија до ова полуфинале стигна со победите над Португалија (1:0) во 1/8 финалето,над Парагвај (1:0) во 1/4 финалето и над Германија,исто така 1:0.

Можни состави:
Холандија

- Ван Перси -
- Кајт - Снајдер - Робен -
- Де Јонг - Ван Бомел -
- Ван Бронхорст - Матијсен - Хејтинга - Ван дер Вил -
- Стекеленбург -

Шпанија

- Виља - Торес -
- Иниеста - Алонсо - Чави -
- Бускец -
- Капдевиља - Пујол - Пике - С.Рамос -
- Касиљас -






Нека победи подобриот.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
има веќе отворено:smir: ама боље вовед тука
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Според мене многу заслужено финале , на ова ќе се противат германските навивачи можеби но сепак секој со свое видување.
Сега секако сакам да освои Холандија!
 
M

mercenary

Гостин
има веќе отворено:smir:
Почнав да пишувам пред да ја отвори..
Плус,не е финтата само да се отвори тема...темата треба да има добар вовед,како што заслужува едно финале на СП.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Оваа тема е поубаво отворена :smir:

Холандија - поради кофи шоповите :toe:
да, да пишав и погоре за воведот затоа и тука ке пишам коментар.:smir:
Шпанија со денешнава игра ми се извади за претходните натпревари. Али ипак гласам за Холандија, верувам дека ке се справат со агресивниот напад на Шпанците. Само да им се игра на Робен и Снајдер и да даваат голчиња. Hup Holland Hup!
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Холандија се разбира,еве му шанса на Снајди да се закити со уште една титула,овојпат со Светски првак,а уз таа титула за него иде МВП на првенството.

Холандија повеќе покажа во текот на целото првенство за разлика од Шпанциве кој си се вадат ко по обичај со еден гол у мрежата на противниците,но овој пат сумњам дека ке биде така највеке поради агресивниот и брз напад на лалињата и јакиот среден ред.
 
M

mercenary

Гостин
Ја отворив темата ама забораив да пишам мое мислење за финалево..
Сигурен сум у победа на Шпанија..дури подготвен сум да влезам гол у собрание како некој,ако не тепаат Шпанците XD
 
F

fantomX

Гостин
Шпанија со нивното пимплање беше мој прв фаворит за да отпадни. По групи, осминафинале... - шо побрзо.
Но кога дојде до полуфинале работава, гледам:
1. Урагвај, не го коментирам, ем црнците мој ги исфрлија педерски, ем ми се антипатични....
2. Холандија и Германија - во ист кош. Абе разбирам Италија со Јакинта, Гатузо и слични да игра на контри. Ама Холандија со талент во тимот како Снајдер, Перси, Робен, ВдВ? Па и Германија? Холандија буквално фушарски шо се вели ги игра нокаут дуеливе. Па и против Данска мислам беше на стартот, глеадв хајлајтс од дуелот и после виденото решив да не ги гледам „низозамциве“ уште. Ништо поарно и Германија. Се контри и прекини за гол. Дури и против една Словачка, конкретно за Холандија. Без интензитет во играта, насила играње.
Абе и Интер копачки се носеше во ЛШ против Барселона конкретно, ама имаше желба, жар, борба! А од..... „овие“? НИКАКОВ интензитет во играта, барем кога зборуваме за играчи со таков талент.

Не можам да речам дека сакам Шпанија да победи. Пошто нејќам, едноставно.
Но, вака или онака, тие се најдоа во финалево во кое сакам Холандија да изгуби. То е мојата желба - Холандија да изгуби! Тој начин на игра е легитимен секако, и им носи резултати досега. Но за мене то е страшно за еден таков талентиран состав и оттука сакам да изгубат. Исто ко шо сакав германциве да изгубат вечерва. Додуша таквите „фушари“ се многу опасни ко ќе им е „тргнато“, но германските вечерва покажаа дека и тоа има крај.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.866
Финале е финале, заслужува асален вовед, ама гледам веќе се испишале неколку страни на другата тема па оваа ке ја заклучам а воведов во меѓувреме ке го вметнам во првиот пост од истата.

едит, погрешно сум приметил, исто стојат со страните, однак, терајте тука.

--- надополнето ---

Се поебаа мислењава, ги преместив тие од другата тема тука, али ги даде пред останатите, јебига .... бидна.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Супер ќе биде оваа утакмица...типувам победа на Шпанија....
 
P

PoisonLady

Гостин
Ќе навивам за Холандија и сакам да освои Холандија затоа што:
1.Германија ми испадна така да...
2Холандија многу често низ историјата имала квалитетен состав но никогаш не освоила СП (за жал)
3.Таму ми се Робен и Ван Бомел
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Шпанија ги освоија моите симпатии.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Шампионот на 19тото Светско Првентство е?


:nesvest: Syn popravi gi ovie greski od *phoenix*.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Јас ќе навивам за Холандија. Ама според мене немаат игра за да бидат шампиони. Нивнита игра се базира на самостојни потези на Снајдер и Робен, додека Шпанија можеби не постигнува многу голови, ама игра многу подобро игра. Јас типувам на Холандија, но сепак октоподот го има последниот збор (доколку типува).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom