Хокејот во Македонија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.992
Поени од реакции
74.105
Еве ги хокеарите на Вардар од почетокот на 70-тите :)
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Тешко дека некад ќе го биде овој спорт у Македонија..Треба ептен напред да отидеме со државава па да оживее и овој спорт..
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Тешко дека некад ќе го биде овој спорт у Македонија..Треба ептен напред да отидеме со државава па да оживее и овој спорт..
Не треба држава туку играчи, ентузијасти...се друго ќе си дојде

Или како мислеш било пред 30/40 години?
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Штета што сме далеку од Словенија,Австрија и Словачка најблиските земји со развиен хокеј.Во Хрватска пред 4-5 години Медвешчак направија проект на враќање на хокејот во Хрватска и им успеа.Секој натпревар во просек го следат 6300 луѓе,а последните 4 утакмици по 15 000.Играат во Австриската ЕБЕЛ Лига.Проектот е стварно феноменален.Кој има ХТВ 2 му препорачувам да погледа некоја нивна утакмица,стварно да ти е мерак да гледаш.Донесоа Хрвати од САД и Канада што играат хокеј,имаат неколку домашни дечки(најмалку од сите екипи во лигата,но сите се млади и перспективни) и уште по некој докажан играч во европските лиги.Маркетингот е одличен имаат 10-15 сериозни спонзори.Јаки фирми што даваат убави пари.Паштета да отвориш Медвешчак ќе излеле од нејзе,секаде го има на реклами.Сувенири се продаваат ептен,90% од луѓето на утаммици имаат дрес или нешто друго од клубот.2000 сезонски карти продаваат,иаку има интерес за повеќе,но не сакаат пола од салата да ја продадат на сезонски карти.Прават хуманитарни акции цело време,вклулчуваат во промоцијата легенди и од други спортови и прават шоу од секој натпревар.Кај нас со неколку способни луѓе и желба може нешто слично да се направи,но предалеку сме за да примат некоја наша екипа таму.Би било супер такво нешто да се направи кај нас за 5-6 години (сепак сега се почнува од 0 и не може преку ноќ).Само ете предалеку сме од тие земји за да не примат таму ви некоја од тие лиги.Може уствари некоја регионална лига со клубови од БиХ,Македонија,Бугарија и Србија да се направи нешто,но има време тек сега се почна.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.257
Цел овој проект ми личи како Ватерполото што се врати во Македонија, се надевам дека барем малце од тоа ќе имаме и во хокејот.
Целосна подршка од мене..
Секој почеток е тежок, а и најбитен за да се опстои понатаму.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па зашто да не никне хокејот повторно... Еве ватерполо во 2006 бевме Б дивизија од 2007 сме во А дивизија учествувавме на 2 СП едно ЕП и светска лига... Се врати публиката и играчите на базени се спрема и лига и млади играчи. Проблемот со овие спортови е што треба мнооогу кеш за инфраструктура и за опрема. Хокеј е еден од најскапи спортови ама лудило е и да се игра и да се гледа. Ако Вардар напраи пак екипа па да игра во оваа балканската со Србија Хрватска и Словенија секоја чест.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Федерацијата не го опфаќа исклучиво хокеј на мраз туку и уметничко лизгање и инлајн хокеј т.е. хокеј на ролерки.

За последното постојат скоро идентични планови како за хокеј на мраз, да се формира репрезентација и домашно првенство. Репрезентацијата исто така да настапува како клуб во првентство во една од соседните држави (најреална проценка=Бугарија).

Што се однесува до уметничкото лизгање немам (уште) конкретни информации.
Кој има интерес за инлајн хокеј, може слободно да ме контактира.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Првата хокејска арена во Скопје

Станува збор за монтажно хокејско игралиште, што ќе биде поставено на пластични ламинатни панели, врз кои ќе се произведува синтетички мраз. Игралиштето ќе биде во функција 12 месеци. На него ќе има и професионална ограда за хокеј, а самата арена ќе располага со сертификат за функционалност од Европската хокејска федерација


Менаџментот на спотрски центар "Борис Трајковски" најави реализација на уште еден проект. Имено, во март ќе биде отворена хокејска арена, што ќе биде поставена надвор до спортскиот центар, а ќе биде изработена по светските стандарди за хокејски лизгалишта, што значи дека ќе може да се одржуваат меѓународни натпревар. Ратко Капушевски, директорот на спортскиот центар Борис Трајковски", истакна дека спортскиот центар Борис Трајковски" порасна во епицентар на задоволства и опуштање во градот Скопје, а доказ за тоа е секојдневната фреквенција на млади кој се рекреираат и спортуваат во центарот.
- Центарот амбициозно придонесува за развојот на спорт во Македонија, а преставува единствен достоен репрезент во градот. Професионалните спортски услуги во објектите кои се по стандарди на истоимените меѓународни асоцијации се придонес за градот и инвестиција. Станува збор за монтажно хокејско игралиште, што ќе биде поставено на пластични ламинатни панели, врз кои ќе се произведува синтетички мраз. Игралиштето ќе биде во функција 12 месеци. На него ќе има и професионална ограда за хокеј, а самата арена ќе располага со сертификат за функционалност од Европската хокејска федерација. Тренинзите ќе бидат категоризирани по возраст. Инаку, хокеј ќе не учат Руси, бидејќи тие се лидери во овој спорт, изјави Капушевски.

Тој додаде дека дел од опремата е стигната, а за реализација на хокејската арена ќе бидат потрошени 340.000 евра.
- Отворени се веќе и клубови за хокеј и уметничко лизгање. Сите заинтересирани можат да се пријавуваат кај надлежните во СЦ "Борис Трајковски", додаде Капушевски.
Епа, скопјани земајте лизгалките во раце зашто конечно и кај нас ќе се игра на мраз.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Руски тренери ќе создаваат нов Овечкин од македонските хокеари

Руските експерти што работеле и со мегаѕвездата од НХЛ Александер Овечкин идните две години ќе ги учат на „бебешки чекори“ нашите новопечени репрезентативци во хокеј на мраз



Руските хокеарски тренери Ајгинин (лево) и Сасин и тренерот во уметничко лизгање, Украинецот Данилченко
Новоформираната македонска репрезентација во хокеј на мраз ќе добие голема помош од искусни руски тренери, кои се во Македонија веќе неколку дена, а се очекува да почнат да работат кога ќе биде готово лизгалиштето до салата „Борис Трајковски“, најдоцна до 10 март.

Алексеј Сасин и Андреј Ајгинин ќе имаат задача да им ги пренесат на македонските хокеари своето богато искуство и знаење и да и помогнат на македонската репрезентација да тргне по патот кон добри резултати.

- Засега имаме договор на две години, доколку оствариме успех и раководството биде задоволно од нашата работа, можно е да продолжиме да работиме тука - вели Сасин.

За почеток, ќе треба да ги подготват хокеарите за првиот Државен шампионат на Македонија во хокеј на мраз, кој треба да се одржи во март и е предуслов за настап на македонската репрезентација на меѓународната сцена. Државното првенство мора да биде одржано во следните две години за да може Македонија да пријави своја репрезентација на Светското првенство во трета дивизија.

- Кога добив покана да работам во Македонија, ја прифатив како голема чест за мене, да учествувам во таков сериозен проект за развојот на хокејот во Македонија - се надоврза Ајгинин.

Во план е соработка и со руската хокеарска федерација, која секако ќе биде од голема корист за хокејот во Македонија.

- Веќе почнавме таква соработка, јас добив покана од Хокеарската федерација на Русија, да помогнам да се развива хокејот во Македонија - додаде Сасин.

Тој и Ајгинин имаат богати биографии, а најмногу успех имаат остварено во работата на младите категории во Русија, како на клупски така и на репрезентативен план. Сасин по почетоците во Локомотив Москва, каде што има настапувано за младиот тим, има богата тренерска кариера долга 13 години. Од 2003 година работи во Хокеарската федерација на Русија на различни функции, а како раководител на руската селекција до 18 години има освоено сребрен медал на Светско првенство во 2009 година. Ајгинин по завршувањето на играчката кариера во рускиот хокеарски клуб Крилја Советов, прерано поради повреда, има работено како тренер во истата екипа, како и во Спартак Москва.

- Има многу врвни играчи што сум ги тренирал. Имам работено со неколку хокеари што годинава го освоија златниот медал на Светското првенство за играчи до 20 години. Нивните имиња сé уште не се познати, но еден од нив веќе игра во најдобрата лига во светот, НХЛ, во екипата на Атланта. Тоа е 19-годишниот Александер Бурмистров. Евгениј Кузњецов, кој има 19 години ќе биде идна ѕвезда, но сé уште не е подготвен да се пресели во Америка - вели Сасин.

Ајгинин, пак, има работено со еден од најдобрите светски хокеари во моментов, Александер Овечкин, кој е четирикратен олстар-играч во НХЛ и двапати беше МВП на првенството (2008 и 2009 година).

- Доволно е да наведам едно име со кое имам соработувано, а тоа е Александер Овечкин. Со овој екстра-талент работев во селекцијата на Москва пред да замине во НХЛ - кратко вели Ајгинин.
Тренерите по нашиот разговор требаше да присуствуваат на тренинг на македонските хокеари и да се запознаат со квалитетите на играчите.

- Сé уште не сме запознаени со македонските играчи. Сé ќе зависи од нивната желба, карактер и физичка подготвеност - вели Сасин.

Македонецот Стамкос е ѕвезда
Како не знаеме кој е Стивен Стамкос, тој е ѕвезда во светски рамки, вели Сасин за Канаѓанецот со македонско потекло, кој е една од најголемите ѕвезди во НХЛ. Стамкос (21) две години по ред е најдобар голгетер во лигата.
- Имаме играно против него со младинските селекции на Русија и за мене претставува големо изненадување дека Стамкос е Македонец - додава Сасин.

Помош и за уметничкото лизгање
Во Македонија се наоѓа и Виталиј Данилченко, тренер по уметничко лизгање од Украина, кој е петкратен шампион на неговата земја, а има настапувано и на европски и на светски првенства. Тој ќе работи со младите што ќе имаат желба да се занимаваат со уметничко лизгање.
- Јас ќе се обидам да сторам нешто. Бидејќи почнуваме од нула, се разбира дека сега не можеме да зборуваме за резултати, тие ќе дојдат за извесен период. За добри резултати треба да помине подолго време, а сé ќе зависи од талентот на децата, опремата и поддршката што ќе ја има уметничкото лизгање во Македонија - вели Данилченко.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
денес сликано кај Борис салата :)
напредува новата хокеј арена

 
F

Frankie Yale

Гостин
Одличен спорт, штета што не е развиен :(
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
ООООооо прв пат слушам за ова. Одлична идеа.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.361
Поени од реакции
8.464
Ираклис победува со хокеари од Македонија



Благодарение на головите на четворица хокеари од Македонија, Ираклис од Солун го освои првото место на турнирот во Софија

Миодраг Мицковиќ

Четворица хокеари од Македонија со своите голови се сигурно најзаслужни за освоеното прво место на хокеј клубот Ираклис од Солун на традиционалниот турнир што се одржа во Софија по повод националниот празник на Бугарија. Во дресот на Ираклис играа Ѓорѓи Грчев, Христо Аиновски, Стефан Десковски и Васил Шишков, кои во последните три години настапуваат за клубот од Солун. Во изминатите две години со оглед дека во Грција поради некои недоразбирања околу финансирањето, не работеа двете сали за зимски спортови и не се одржа шампионатот на оваа држава, Ираклис играше во првенството на Бугарија каде го освои првото место, во конкуренција на шест клубови за кој исто така настапуваа хокеари од Македонија.

Викендов Ираклис играше на турнирот во Софија. Во првиот меч го победи Динамо од Софија со 13:4, со головите на Грлев 3, Десковски 4, Аиновски и Шишков по 3.

На вториот натпревар, исто така со клуб од Софија Славија Ираклис славеше уште поубедлива победа од 14:3. И на овој меч сите голови ги постигнаа хокеарите од Македонија: Грчев 4, Аиновски 3, Шишков 3 и Десковски 4. Ираклис требаше да одигра уште еден меч со софиски Торпедо, но бидејќи веќе го имаше осигурено првото место, тој не се одигра.

- Постигнавме договор во сабота или недела во Софија да гостува една селекција во хокеј на мраз од Скопје, ни рече Ѓорѓи Грчев, кој и покрај тоа што е ветеран во овој спорт се' уште е активен и мошне успешен на мразот. Деновиве ќе подготвиме екипа, од моментно расположивите хокеари во Скопје, но проблем е сепак опремата, која е мошне скапа, ние ја немаме доволно. На 15 март треба да биде дадено во употреба вештачкото лизгалиште во хокеј на мраз, веднаш зад салата Борис Трајковски. Во план е одигрување и на блиц првенство на Македонија, за првпат по дваесетина години. Ќе учествуваат најверојатно четири екипи, подготовките се во тек. Верувам дека со ова вештачко лизгалиште ќе живне овој атрактивен спорт бидејќи ќе може на него да се тренира и игра и во летниот период, не само во зима.

Инаку, на 4 април Ираклис од Солун, засилен со хокеарите на Македонија ќе игра на првенството на Грција, по турнирски систем во Атина. Првенството требаше да се одржи кон почетокот на февруари, но беше одложено поради низа штрајкови и немири по улиците на Атина.

izvor
 

Kajgana Shop

На врв Bottom