Денес е недела (и сви сте ту). После прошетка на Матка и плоден викенд сакаш да троа одмориш и си во лежерен муд што во превод значи женска рака.
А Нора, Нора не сфаќа дека ја сакам, и дека ми предизвикува наежување на кожа и дека се топам кога ја гледам и кога ја слушам. И дека искрено и отсрце ја љубам. И кога и да ме прашаат што било за мене идеална жена им викам Нора.
Уште еден таков женски вокал ми прави пријатно на душа. Неа ја гледав и во живо, малата е срцка и има посебен стил и нежна боја на гласот. Мартина Топлеј Брд
А има женски вокали кои ми ги вадат демоните и го имаат врз мене оној ефект што го има Кафка или По. Едната е Бет Гибонс која на сцена буквално ги живее песните која ги пее, многу, многу моќно
Другата е Тарја Турунен која со оперскиот и глас и ала Мортиша Адамс појавата во пакет со песните прави една готска грим приказна од средновековието
А ќе ја ставам и Немо