- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.172
- Поени од реакции
- 13.443
На оваа тема Пикси во Овчеполста од куќата имаше кажено “Олд скул - њу скул не знам на која припаѓам, го носам тоа што ми стои, правам тоа што го знам“, па нема некоја генерална поделба олд скул рап да е добар, а другиот не, или андерграунд само да е добар, едноставно секој треба да си слуша тоа во кое се пронаоѓа. А вака околу терминиве, олд скул школа следиш ако пратиш стил што бил својствен 90 или почеток на новиот век, а андерграунд ако не сакаш твојот рап да допира до широки маси, туку сакаш да е баш hidden gem и да допре до луѓе што навистина сакаат да го дознаат тоа, или воопшто да не допре до никој чисто за душа да се направи, не за стекнување име, слава или комерцијални намери. Еве чист пример во Македонија и околу Легијата, Кемп може да се стаи во таква категорија, едноставно не се замара ни со промоција ни со продажба на албуми, си создава рап ако некој сака да чуе бујрум, не му е битно да има публика ниту пак да е повеќе чуен од некого, Лд пример не е андерграунд, одличен му е рапот и многу го ценам како артист и човек, ама не се замара да е андерграунд, океј му е соработка да има со Телеком или некој поп артист, и да направи полајт рап за некакви други намени, што исто така немам ништо против.ме интересира сега, 2020, што се смета за андерграунд, што се смета за олд скул? Каде се границите?
Него многу почнав со македонски пример сега гледам дека сум во темата за надвор од границите, за амерички ствари се потешко е да улеташ во нешто андерграунд, ама мој тип е за секој што сака да улета во тие води, да бара само песни каде што во позадина е винил плоча, нема утка тука. Еве ќе пратам нешто од каде што може да си тргнат, ако ве интересира. Ќе приметите голем дел од артистите не ни имаат Википедиа страница ниту може да им се најдат повеќе од 2-3 песни на нет, а рапот е феноменален.
Значи да сумирам, олд скул или не, ти е повеќе поделба за звукот и стилот на рапот, андерграунд или не, е повеќе поделба за начинот на живот и промовирање на рапот. И двете не одредуваат дали нешто е добро или не, секој со свој стил и животен пат. Секако ова е мое мислење, секој може да има поинакво, нека пише можеби грешам.
Последно уредено: