- Член од
- 10 септември 2016
- Мислења
- 9.333
- Поени од реакции
- 19.028
Шо ти испаѓа на јутуб кога ќе пребаруваш?Дечки може ли да ми пратите албански, бугарски и/или грчки андерграунд рап, чисто да имам од каде да проширам хоризонти. Бугарски нешто ситно знам како Bisolini и Md Beddah, но сакам да го истражам убаво целиот Балкан, не ми е проблем со Гугл Транслејт да се влечкам ако нешто вреди. Ако откријам нешто добро може да го вметнам во некоја наредна компилација за балкански рап што би ја направил. Немојте само нови трап рап ствари да ми праќате Криско и чуда, такви има на претек.
Грчки не знам како ќе најдеш ама за бугарски и албански можеш да прашаш по социјалните мрежи кај нив.
Бугарија и не знам колку има андерграунд рап оти таму рапот е дигнат на некое друго ниво од нашето па така да ако гледаме за наши стандарди повеќето не праваат реал рап како артистите кај нас.Јас не следам други сцени освен нашата така да не сум сигурен дали е така, ова што сум слушнал само.
А за албански рап најдобро прашај ги "шкупи флоу" од Чаир, ако некој би ти кажал најдобро тогаш тоа би требало да се они, зошто сигурно следат и слушаат андерграунд рап по Албанија и Косово, оти и самите таков прават.