џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.400
- Поени од реакции
- 25.253
Тешко ми беше да одредам наслов на темава.
Ме поттикна еден поодамнешен пост на Kocka (ништо лично друже само те земам за пример ), поточно овој.
Па баш размислував. Дали хипстеризмот (го мразам зборот, ама тоа е) е некој модерен начин, ако можам да речам начин, на размислување и одредување вкусови.
Што го прави еден хипстер? Дали одењето контра општото мислење или искрениот вкус кон уметноста на филмот?
Дали ви се случило некогаш да одите контра вкусот на општата маса? Мене ми се случи да не го сакам Black Swan кога имаше огромна фама околу него. А пак пред тоа, се согласив дека Curious case of Benjamin Button е лош филм, како што сметаше и мнозинството од Филм и Тв.
Дали те прави хипстер првиот случај, и дали во вториот случај ако сите го мразат Батон, ти да го браниш, те прави исто хипстер?
Или во погорниот пример на Коцка, дали ви се случило да сакате нешто, на пример Брејкинг Бед што е многу добар пример. Ја сакате од почеток, ја следите, ама после гледате дека многу луѓе ја пратат серијата и интернетот е презаситен од слики, мемиња и цитати што ве тера да отстапите место на некој друг хардкор фан.
Која е потребата денес да се одвојуваме од мејнстримот и да бараме грешки во новите филмови само за да ја потврдиме нашата теза дека филмот веќе не чини?
Баш си мислам, ако премногу луѓе ја пратеа Louie, дали и јас ќе ја сакав толку, или вака ја сакам затоа што малку луѓе ја пратат... conspiracy keanu.
И за крај - кој е најголемиот хипстер во филм и тв? (без лутење, ако воопшто некој би се лутел за оваа титула)
п.с. овде зборуваме само за хипстеризмот во филмовите, ако можам така да го наречам. И никаков друг вкус или уметност не чепкаме. Само филм.
п.п.с. - колку толку мислам дека ја разјаснив поентата на темата, поинаку не знам, ама сигурно некој подолу ќе ме надополни, па бујрумте!

А исто и неколку дискусии на форумот.treba da prekinam da ja otvaram temava..od tolku hype za bb...pocnav da ja odsakuvam.....