Хари Потер

Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
Само да кажам дека Severus Snape (Alan Rickman) RulezzZzzZ :zver:... :baeh: :pos: :pos:
Само за него го гледам хп ... :pos: :baeh:

hahhhahah добар е стварно
:D
инаку од понеделник има друга наградна игра за книгата.. stay tuned :D :baeh:


Еве ви подарок од мене :D
 
Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
Член од
16 јули 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Известување.

Значи вака, го погледнав целиот разговор околку излегувањето на шестиот дел во Македонија на македонски и имам одговор на сите ваши прашања.

Книгата излегува на 1 април - официјално, инаку излезена е и деновиве во претпродажба каде можете да ја купите за 1161 ден. бидејќи оригиналната цена е 1290 ден., а бидејќи додека е во претпордажба имаме 10 % попуст цената дефинитивно е 1161 ден. и плус добивате постер. Официјалното отворање кое ќе се одржи на 1 април го најавува ова: По повод објавувањето на книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од Џоан Раулинг на македонски јазик е закажана нејзина промоција на први април во 19 часот пред платото на книжарницата „Матица“, на булеварот „Климент Охридски“ во Скопје. Значи ова е земено од странта на Матица Македонска. Инаку на А1 Ексклузив има исто така наградна игра (горе на клипчето видете), а денвниот весник вечер прави фељтон во кои до самата промоција на книгата ќе покажува дел од книгата.

Македонскиот преведувач на првите пет книги беше „Култура“ а преведувач Благородна Богоеска-Анчевска, а издавачот на шестиов дел е словенксата куќа „Младинска Куќа“ која е во соработка со „Матица Македонска“ а преведувачот е Лавинија Шувака.

Потоа, од саботата во „Вечер“ имаше интервју со Лавинија која кажува повеќе за преведот и тоа како таа ги гледа работите, а во понеделникот општо за Хари Потер серијалот, додека од денес (вторни) има дел од првото поглавје, „Другиот Министер“.

Јас лично преку мејлови дискутирам со Лавинија и ме извести и за дуриг интересни работи како: Имињата дефинитивно се во оригинал (ако не ми верувате денеска во „Вечер“ извадокот е со имињата во оригинал) што значи Северус Зајадливски станува Северус Снејп, Хорас Слагхорн новиот лик во книгава (за тие што не знаат) останува во оригинал. Исто така и Хари, Рон и Хермиона си се во оригинал. Локациите како Leaky Cauldron изгледа ќе си остане како во минатите пет книги со името Дупнатиот котел и сл. Потоа патетичниот збор „Шушумиги“ како што видов во вечер е променет во „Нормални“ (иако за ова немам потврден мејл од Лавинија). Лавинија ми се чини како одлична, прекрасна жена или како што нарече погорниот пишувач „Македонската Џ.К. Раулинг“. Мислам дека ве известив за се ако имате прашање слободно прашајте.

Овде ќе ги наведам линковите како докази:

Интервјуото со Лавинија Шувака во саботното издание на „Вечер“ како прв неофицијален фељтон:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CBB51C4BA2AD4647AD3FA3EA202803B7

Првиот официјален фељтон од понеделникот: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=821F35844297E349A1A5A0263AABDD27

Денешниот фељтон: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1BEA15499D551B419CD609D5D3803294

И за крај да знаете дека има и наградна игра покрај таа на Ексклузив, оваа игра е да одговорите точно на прашањето дадено на крајот од фељтонот и ако одговорите точно, има извлекување на 6 април и првите тројца добиваат бесплатен примерок од книгата.

Еве и линк од самата страна: http://www.mkskopje.com/emag.aspx?docid=190061&nodeid=2439

Исто така добив и известување дека моите мејлови кон Лавинија ќе бидат објавени на страната, тоа ќе ви биде доказ дека ја кажувам вистината. Поздрав до сите и ако имате некои прашања слободно прашајте ме.
 
Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
Исто така добив и известување дека моите мејлови кон Лавинија ќе бидат објавени на страната, тоа ќе ви биде доказ дека ја кажувам вистината. Поздрав до сите и ако имате некои прашања слободно прашајте ме.
Хух.. нема шо да лажеш де.. Лави е отворена особа и секој фан може слободно да контактира со неа. а ДА.. прекрасна особа е! со многу љубов е преведена оваа книга

Поздрав

Потоа патетичниот збор „Шушумиги“ како што видов во вечер е променет во „Нормални“ (иако за ова немам потврден мејл од Лавинија).
Јас ќе ти го потврдам тоа :D и првата глава е " 'Нивниот' Премиер "
:)

друго нешто што те интересира? :smir:
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Хух.. нема шо да лажеш де.. Лави е отворена особа и секој фан може слободно да контактира со неа. а ДА.. прекрасна особа е! со многу љубов е преведена оваа книга

Поздрав



Јас ќе ти го потврдам тоа :D и првата глава е " 'Нивниот' Премиер "
:)

друго нешто што те интересира? :smir:
Aбе Потер ст пошо ти си ми најсигурен,стварно е излезена книгата по цена од 1161 денар или?
 
Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
Aбе Потер ст пошо ти си ми најсигурен,стварно е излезена книгата по цена од 1161 денар или?
Гледај сеа ... книгата ќе може да ја држиме во рака на 1 вечерта и од 2ри ќе биде достапна во сите книжари.. тоа е со цената 1161 денари.. претплатата.. т.е. оригинална цена на книгата е 1290 ама со 10% попуст изнесува 1161 денар. Значи идеш у Матица.. си плаќаш 1161 денар и со тоа си резервираш копија што ќе ја подигнеш на први вечерта на промоцијата.. и ти даваат и постер..

Мн гласови има такви.. rumors.. за книгата.. Сепак Фала на довербата и ако имаш друго прашање со задоволство би ти го одговорил :D
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Ме интересира дали може утре да се земе книгата.Т.е на денот на промоцијата?
 
Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
Ме интересира дали може утре да се земе книгата.Т.е на денот на промоцијата?
Мислам дека ќе може по промоцијата.. значи промоцијата би требало да трае од 7 до 9 часот.. изгледа ќе можеш да го направиш тоа после промоцијата ако работи книжарата уште
 
Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
Сакам да кажам само 2-3 лепи ствари... СРАМОТА за тие шо се декларираа како демек најголеми фанови а не дојдеа на промоцијата.. на оваа тема на кајгана гледам дека сте пишувале кој колкав фан бил и кој колку пати ја прочитал книгата.. епа ќе ви кажам нешто - тоа не ве праве вистински фан.. вистински фан треба да ја носе љубовта и знаењето од Хари Потер у својто срце секогаш...

Многу обеќања имаше - ќе дојдам, ќе дојдам .. ама тешко
сепак овоа беше за сите фанови.. и да.. сите фанови беа таму
Младинска книга даде многу голема сила за да направе вакво нешто а вие ќе ја добиете книгата и ќе почнете да си зборете меѓусебно за некоја греша или за мала утка у преводот или за нешто лошо ќе се фатите..
епа Браво..


Поздрав од Сашко ПОТЕР
 

LeoMessi10

Lionel Andress Messi
Член од
12 април 2008
Мислења
2.316
Поени од реакции
268
Леле ја прочитав книгата!Едвај се смирив коа Снејп го уби Дамблдор(иако го знаев тоа)„
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Не можам да ја купам книгата, упм...

А јас не можев да дојдам оти сум во Битола.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Колку страници има книгата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom